Се надевам ќе му биди пренесено на играчите, колкаво значење има овој меч за нас, после долги години двете екипи се скоро изедначени и во борба за титула. Кај нас со сигурност ќе фалат: Вегар (столб на одбраната), Кушан (знајме колку значи неговото отсуство) и Хендави (карантин, никој не кажа ни кога му завршва ни кога се враќа, а во Аурумфарм си шетка)

Стјепановиќ ? ( имаше ситна повреда, дали ќе е во комбинација исто не се знај).
Голманската позиција без Хендави кај нас е 50-50, ние ги имаме Чаневски - Трајковски = Борко и Кизиќ, воглавно голмани муви шо бркат на европски утакмици, за во наша лига можи се ок, ако има ден Чаневски знај да е добар, со Магдебург не избрани толку лошо, со Металопластика имаше 15/6 одбрани, пред тоа на уште еден меч во СЕХА исто беше двоцифрен, плус кини по некој пенал....
Лево крило: Маџовски - Ојлески < Дибиров - Димитриоски, тука се подобри само пред се заради искуството и значењето на Дибиров во екипата, Маџовски кај нас се врати пред една недела само, нека гризи во одбрана само како шо знаеше.....
Лев бек: Мандалиниќ - Кукуловски > Талевски, Шеваљевич, Дисинџер ( Мандалиниќ е тука доктор за сите, Тале не ни игра од шо е дрво, а и да е игра е од корист за нас, Шеваљевич е тип на играч кој игра на стара финта и воопшто не ми се бендисва стилот на игра, вади по некој удар, ама се надевам нема се да зависи од јебени Шеваљевич, Дисинџер му е тотално аут, некорисен играч.
Среден бек: Периќ - Танкоски > Јотиќ - Гаџа. Се останва на Периќ кај нас, организаторот на играта, моторот на екипата, мора да ја дај најдобрата партија ! Кај нив е повреден мислам Јотиќ шо е супер за нас, добар му е Ловро кај нив, добри партии дава, тука без него ќе бидат ептен ослабени, останва се на Гаџа, кој доби повеќе слобода на игра сега и мрда малце откако се повреди Јотиќ, иначе Аљуш нерви кинеше со него



Како трета опција му е Карапалевски, кој кузнај дали ќе има шанса за игра...
Десен бек: Мараш - Велковски > Чупиќ - Векич, со самата опција шо Чупиќ му е принуден десен бек пуштен во игра, се станува јасно, останва кај нас само Мараш да бомбардира од таа позиција и по малку некоја минута да го одмара и да влегва Велковски, со Стјепановиќ навистина не знам шо е работата, макар и да е во тимот овие двајца би добиле шанса пред него мислам....
Десно крило: Радовиќ - Костески > Георгиевски, портокало кај нив се разигра последните утакмици дава доста голој, единствено крило му е, или па Чупиќ да оди на крило заедно со него, па останва Векич сам на бек, шо не играја така, така да Гоцката е осамен таму. Мора, мора Бабиќ да го пушти од старт Радовиќ, доколку тој игра сме тука подобри, Костески видовме со Магдебург 3 чисти ги еба и после и мотивација изгуби и резултатот ојде курбан, да не се повторат тие грешки, сепак е млад Костески ќе има уште утакмици....
Пикер: Граџан - Маркоски < Стоилов - Калараш, тука сме послаби, без Кушан то е то, да играше ѕверот друга песна ќе беше, иако Граџан игра во животна форма, доста напредна последните утакмици после повредата на Кушан, користи се максимално, за во напад треба да служи, а одбрана да игра Маркоски.
И искуството на тренерите е на наша страна....
За во одбрана исто треба да сме подобри, Куковски осеќам маме ќе му еби, ако ја заврши утакмицата добро ќе е


Само да не добие црвен во прво полувреме

Заедно со Маркоски треба да се на централните позиции, Радовиќ и Маџовски супер дефанзивци исто.
Во 1961 самиот факт говори шо на секоја утакмица се 30+ примени гола, промаја се....
Мала предност му давам шо се домаќини и зависност какво судење ќе има ( кое се надевам нема да биди тема на разговор) имаме шанси, прва официјална утакмица (после турнирот во Струга и пријателската во Скопје каде и двете ги победивме) ќе има утакмици со нив уште, реванш, куп дуел, па вкрстување во СЕХА.