Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
Па решението е истото за кое зборував и лани. И лани зборував да и се мочам на економијата, ако луѓето буквално се распаднат здравствено. Согласно со капацитетите во болниците, требаше да ги модифицираат мерките. Катастрофално глупави мерки ставија, а есента и сега не преземаа/преземаат ништо поконкретно за да овозможат доволно нега за сите болни. Гледаа дека бродот оди надолу, требаше со време да преземат нешто, а не да чекаат да дојде густото. Ги вратија административците на работа, да си пијат кафе по цел ден, угостителските објекти ги отворија до 10 вечер, а истовремено не решија ниту еден проблем за зголемување на капацитетите и персоналот. За вакцините да не коментираме, Ивона со тангата повеќе вакцини снабди од сите останати.
Да, тешко е да се спасиш од фаќање на вирусот, но барем да знам дека нема како куче да умрам, без да ми биде пружена соодветна нега. Кога боледуваше татко ми, по 10 саати дневно вртев телефони, должен сум до крајот на животот на некои луѓе. За банални работи што треба за 5 минути да се решат. Клексани ми праќаа од Словенија, се' е кажано.
Шансите да умреш сега како куче се многу поголеми него лани. Башка, сеа изглеа имаш посмртоносна варијанта. Луѓено што ги ругаа на лето и пролет ќе испаднат попаметни, бар шансите си ги пробаа у идеални услови. Цело ова драмење има поента ако имаш лек, затоа и сменив мислење. Со надеж дека лекот ќе стигне наскоро.
Автоматски споено мислење:

Без везе ти е муабетов во матичниве да го бараш проблемот.
Не го барам во матичните проблемот, не си ме сватил. Било кој човек за 1 година ќе ги научеше основните работи, не им треба искусен инфектолог за боци да мења или храна да им носи. Само треба да вработат некој.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.258
Има 24 годишно девојче починато денес. Си ебало мајката, место полесна, добивме потешка верзија.
Од тромб почина девојчето. во добра здравствена состојба, без некои познати проблеми. Ситуацијата нагло се влошила, три дена од први симптоми до смрт :(
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
Од тромб почина девојчето. во добра здравствена состојба, без некои познати проблеми. Ситуацијата нагло се влошила, три дена од први симптоми до смрт :(
Претпоставував дека е така нагло според реакциите. Дома или во болница?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.972
Поени од реакции
15.258
Претпоставував дека е така нагло според реакциите. Дома или во болница?
Не знам кога е примена во болница ама со многу ниска сатурација. Не знам точно, а и непријатно ми е да пишувам сепак јавен форум е. Многу жално, младо девојче цел живот пред нејзе.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.234
Поени од реакции
8.988
Девојката најверојатно ќе ја има во статистиката за утре, бидејќи во денешната статистика не видов дека ја има. Најверојатно подоцна починала. Проблемот е што македонското здравство не функционира во нормални услови , а не пак сега во вакви услови. Мене не ме изненадува ова што има помлади починати од вирусов. Со девизата: (Оди си дома и доколку ти се влоши состојбата дојди тука) не се лекуваат пациенти. Јас во потесно и пошироко семејство имав 6 заболени и еден починат од вирусот. Тој еден што почина беше баш поради доцна хоспитализација и негрижата од страна на матичниот доктор. На Инфективна не знам каква е состојбата сега, ама не би сакал да бидам во кожата на медицинскиот персонал. Треба да имаш челични нерви за да го издржиш тој психолошки притисок со кој се соочуваш секојдневно. Да не зборуваме и за физичкиот замор.Патем и јавна тајна е дека има дефицит од медицински персонал. И после се зборува дека немало кој вода да им даде на пациентите. Епа тоа е вистината дека нема. Изгледа дека матичните доктори се слепото црево во целата ситуација, бидејќи недозволиво е од прозор да прегледуваш пациенти односно да им дадеш само терапија или пак да ги лечиш преку телефон.
Од една страна велиш пациентот не бил пратен од матичниот доктор на клиника, а од друга страна велиш немало место на клиника. И сега каде е слепото црево?
Автоматски споено мислење:

Од тромб почина девојчето. во добра здравствена состојба, без некои познати проблеми. Ситуацијата нагло се влошила, три дена од први симптоми до смрт :(
Каде бил тој тромб? Иначе постојат медикаменти кои разложуваат тромби за брзо време. Ако била здрава немало никаква контраиндикација да и се даде тој медиламент.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.809
Поени од реакции
2.355
Од една страна велиш пациентот не бил пратен од матичниот доктор на клиника, а од друга страна велиш немало место на клиника. И сега каде е слепото црево?

Не дека немало место на клиника, туку доцна беше хоспитализиран. Бидејќи си играа играчки демек со инфузии ќе му се подобри состојбата. Од тука е доцната хоспитализација. И кој е сега слепо црево?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
Не знам кога е примена во болница ама со многу ниска сатурација. Не знам точно, а и непријатно ми е да пишувам сепак јавен форум е. Многу жално, младо девојче цел живот пред нејзе.
Да незгодно е, ама веројатно утре ќе има на портали. Колку што знам ги третираат за тромб па ме интересираше дали закасниле. Сепак е редок случај и можда ќе се превенира друг. Еден куп случаи со лесна слика, помлади претежно, не ни прават тестово, крвни слики и тн.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.739
Поени од реакции
37.735
Каде бил тој тромб? Иначе постојат медикаменти кои разложуваат тромби за брзо време. Ако била здрава немало никаква контраиндикација да и се даде тој медиламент.
... да не било предозирано антикоагулантен лек, па пукнал крвен сад ... па ќе речат - ,,тромб"?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.234
Поени од реакции
8.988
... да не било предозирано антикоагулантен лек, па пукнал крвен сад ... па ќе речат - ,,тромб"?
Ако пушела цигари и земала контрацептиви, тромб ми изгледа легитимно.

Но не ми изгледа легитимно 24 години здрава личност со супер еластични садови да се "спукаат" од антикоагулантен лек. Бабите од 85 години со оштетени бубрези мака немаат не пак девојка од 24 години, плус предозирање за 3 дена може да се случи само при обид за самоубиство.
Автоматски споено мислење:

Не дека немало место на клиника, туку доцна беше хоспитализиран. Бидејќи си играа играчки демек со инфузии ќе му се подобри состојбата. Од тука е доцната хоспитализација. И кој е сега слепо црево?
А додека седеше дома и "чекаше да падне плафон" можеби и за тоа матичниот му е виновен?
 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.809
Поени од реакции
2.355
А додека седеше дома и "чекаше да падне плафон" можеби и за тоа матичниот му е виновен?

Тој и неговото семејство неколку пати бараа да биде хоспитализиран. А матичниот велеше дека е уште прерано и дека нема потреба од тоа. Не велам дека сите матични се слепо црево, туку дека поголемиот дел се. И тоа најчесто во помалите градови.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.690
Поени од реакции
34.204
Ако пушела цигари и земала контрацептиви, тромб ми изгледа легитимно.

Но не ми изгледа легитимно 24 години здрава личност со супер еластични садови да се "спукаат" од антикоагулантен лек. Бабите од 85 години со оштетени бубрези мака немаат не пак девојка од 24 години, плус предозирање за 3 дена може да се случи само при обид за самоубиство.
Автоматски споено мислење:

А додека седеше дома и "чекаше да падне плафон" можеби и за тоа матичниот му е виновен?
U najjakiot bran so prepolni kreveti i celo zdravstvo u sloboden pat - nekoj presecel deka 23 godisna ne e rizik, neka prima infuzija i da ceka da pomine. Dali ke snosi nekoj odgovornost? Najverojatno ne. Anything goes furame. Kako sto kaza, umrela 23 godisna i site se ponasame ko da e nesto NORMALNO.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.297
Поени од реакции
43.072

wot, никогаш немало лекарска одговорност у оваа држава. Лекарите се буквална секта и сите се држат едни со други, пациентите ги третираат како бројки и гледаат да ги молзат што повеќе. Ако умре некој, бог да го прости.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Мене што ме плаши е што бројкиве ги имаме нешто налик пикот во есенскиот, а сеуште не е пикот дојден на овој бран. Кога ќе лупни колку ли ќе бидат реалните? Над 2000 заразени со 50-тина починати на ден? Можеби ќе ги шминкаат ради посраниот попис да му се помочам во пописот. Во Прилеп е ужасно лошо. Хоспитализирани се ист број пациенти како во есенскиот бран околу 130-тина. Спремаа некоја модуларна болница која уште не им е пуштена во употреба, пошто изгледа пак нешто ги изненади. Во есенскиот бран мака мачеа со обезбедување кислород, пошто и тоа ги изненади.
Луѓе кои беа горе хоспитализирани и преместени во дневната амбуланта да примаат системи и да си одат дома, кажуваа како се одвивало борба за кислород, во смисла ти даваат да дишиш, ајде доста ти е, носи боцата кај друг. И таман се кренала сатурација, ајде ничкум надолу. И ги гледаш ти велат како умираат в соба со тебе.

Јас разбирам дека секаде е криза, ама ова бе? Капак на сето собираме донации за еден Прилепчанец, дневницата во приватна болница 2300 евра му била, 1700, плус 500 евра некоја терапија што му давале. Пизда му матер, 2300 факинг евра?! Досега е 20тина дена удри математика. За еден претходен кој остана 2 месеци и уште се бори за живот преместен во 8-ми септември, цехот достигнал и до 126.000 евра?
Народ продава куќи, станови, се задолжува до гуша за 5 животи, за накрај и тој што се обидуваат да го спасат да го изгуби?

Тотална вукојебина е државава. Некој треба дебело да одговара и за ненабавувањето на вакцини и за провизии, фанто фирми и слични пичке си материне кои доведова до геноцид кај народов.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.234
Поени од реакции
8.988
U najjakiot bran so prepolni kreveti i celo zdravstvo u sloboden pat - nekoj presecel deka 23 godisna ne e rizik, neka prima infuzija i da ceka da pomine. Dali ke snosi nekoj odgovornost? Najverojatno ne. Anything goes furame. Kako sto kaza, umrela 23 godisna i site se ponasame ko da e nesto NORMALNO.
23 годишна не е ризик за корона, НО е ризик за други состојби опасни по живот! Сега тоа да се "продава" како корона и да не се истражи до детал што точно се случило буди многу сомнежи и воедно страв кај населението дали има пилот во авионот.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.415
Поени од реакции
84.729
 
Kajgana Shop

На врв Bottom