Македонското "здравство" во моментов е трансформирано во чекан и затоа се му изгледа како шајка.
Само ќе ти кажам дека почината 24 годишна девојка е ОГРОМНА ПРИЧНИНА за да се направи аутопсија, спроведе анализа, контрола на документација, проверат евентуално пропусти, итн. Пошто во светска статистика 24 годишни НЕ УМИРААТ ТУКУТАКА! Тука гледаш како тоа се спомнува само како "најнормална" вест и НИКОЈ АМА НИКОЈ не носи одговорност и НЕ СЕ ЗАМАРА.
Малку ако уклучиш мозок ќе сватиш колку се сериозни тие што треба да се одговорни со ситуацијава.
Јас од минатата година викав, не ме плаши толку короната, ме плаши лекувањето во македонскиот здравствен систем. Проблемот е до организацијата од горе, не е толку до кадарот. Душа им се извади, нема капацитети, нема доволно персонал, мали плати, решенија кои ги обновуваат на 3 месеци.
Три медицински сестри на еден спрат во главниот ковид центар. Еден инфектолог во цел 8 септември (ова беше инфо на некои вести, не знам дали е точно). Имав потреба да одам итно на вакцинирање во инфективна, за викенди во цела болница имало само двајца доктори.
Татко му на другар почина. Матичната не им креваше, затоа шро е викенд, а од брза помош им викаа мора матичен да се јави, ако е позитивен човекот. За два дена по позитивниот тест и ден и пол по кревање температура, едвај со врски дојде брза помош и констатираа дека доцна се јавиле. Кој ќе го врати човекот?
Еден куп луѓе се задолжија, куќи продадоа за да ги лечат најблиските во приватно, џабе, испоумреа скоро сите. Опнале цени, се наполнија пари.
Каква е таа држава да нема клексани никаде?
Да треба да се окозиш од врски бркање за хоспитализација на полуумрен човек. Да нема кој да ти јави како е блискиот. Па земи вработи некои привремено како администрација, нека даваат инфо од 2-3 збора два пати во денот.
Матичните доктори три чисти немаат. Да земам матичен да работам во моментов, само со статистички анализи од досегашните лекувања и една година следење на ситуацијата, 60 пати подобар доктор ќе бидам од нив, да им се намочам на 10те години студирање. Пички, не примаат пациенти, не креваат на телефон и немаат поим што да ти препишат и каде да те упатат. Со чест на исклучоци.
Во Скопје пак имаме некоја опција и за приватно тестирање и за приватна лабораторија. Што да кажат по другиве градови? Во пола градови нема приватни лаборатории, термини за тестирање им даваат за 2 недели, во амбулантите има по 15 кревети за неколку околни градови.