Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Го даваа на алфа пред некој ден видов само кадар Мето Јовановски имаше кече а Кили беше даскал?
Кој филм е ова дали некој може да ми каже и дали можам некаде да го најдам да го гледам?
 
Македонска Сага од 1993, го има на Јутјуб цел филм
 
Игор за Ефектот на среќа:

Апропо „Хомо“ што го спомнавме со 123456, го изгледав уште пред една недела и немав волја воопшто да трошам зборови за филмов, али денес си реков, кога веќе трошеле наши пари за вакво дело, па зошто да не го наградиме со соодветна критика.

Ќе започнам со еден цитат од рецензијата на С.У. која многу добро го опишува филмов:
„Хомо“ и не е филм, повеќе е некаква серија настани, повеќе е дело кое претендира да има филмска форма, иако во својата суштина е збир од (мали) епизоди или поточно збир од споредни настани кои и покрај формалната целина, кои и покрај навидум наративната поврзаност, во суштина не прават филмско дело.

На летербокс кога ме прашаа зар е толку лош филмов реков „се обиделе да го копираат Ињариту, ама не знаеле дека не можат“. Не дека Ињариту го смислил овој начин на раскажување, ама последен ваков филм ми беше неговиот „Amores Perros“. Филм составен од три различни приказни на ликови од различно социјално милје, чии приказни во еден момент се испреплетуваат и сè си доаѓа на место. Филм кој беше разработен одлично, што и не може да се каже за експериментот на Кокаланов и Изи - 6 епизодички од по 15тина минути со различни ликови кои на штур начин се поврзани и оп, тоа е „Хомо“.

Се кладам дека гледале некој ваков филм и си рекле: „ова е јако, дај и ние да направиме ваков филм, ќе лапаме награди“.

Единствено нешто што држеше внимание беше првата приказна за гробарот, што добро беше одигран од новајлијата Сергеј Димовски, сè понатаму беше лошо разработено и лошо одиграно. И нити „Еј ти момче младо“, ниту „Лидуду“ изведбата на Дани, не можат да го кренат од понорот ова „филмско“ дело. Дело попознато меѓу филмските хохштаплери ко скопскиот „Небо над Берлин“. :D

Не изненадува досегашниот фестивалски тек со само два небитни фестивала, од кои едниот е СФФ кои се труди да ги пушти сите понови бугарски продукции и ко-продукции. Би се осмелил да кажам и дека ниту фестивали во Сурдулица или Власотинце не би наградиле вакво дело без приказна, а единствена можност за надополнување на листата со фестивали најверојатно би биле фестивалчичите организирани од ЕСРА низ Берлин, Париз и Кина, евентуално белградски Фест, косовскиов во Приштина и фестивалот на словенечки филмови во Порторож, ко фестивали кои исто даваат ко-продукциски филмови во кои нивните земји учествувале.
 
Апропо „Хомо“ што го спомнавме со 123456, го изгледав уште пред една недела и немав волја воопшто да трошам зборови за филмов, али денес си реков, кога веќе трошеле наши пари за вакво дело, па зошто да не го наградиме со соодветна критика.

Ќе започнам со еден цитат од рецензијата на С.У. која многу добро го опишува филмов:

На летербокс кога ме прашаа зар е толку лош филмов реков „се обиделе да го копираат Ињариту, ама не знаеле дека не можат“. Не дека Ињариту го смислил овој начин на раскажување, ама последен ваков филм ми беше неговиот „Amores Perros“. Филм составен од три различни приказни на ликови од различно социјално милје, чии приказни во еден момент се испреплетуваат и сè си доаѓа на место. Филм кој беше разработен одлично, што и не може да се каже за експериментот на Кокаланов и Изи - 6 епизодички од по 15тина минути со различни ликови кои на штур начин се поврзани и оп, тоа е „Хомо“.

Се кладам дека гледале некој ваков филм и си рекле: „ова е јако, дај и ние да направиме ваков филм, ќе лапаме награди“.

Единствено нешто што држеше внимание беше првата приказна за гробарот, што добро беше одигран од новајлијата Сергеј Димовски, сè понатаму беше лошо разработено и лошо одиграно. И нити „Еј ти момче младо“, ниту „Лидуду“ изведбата на Дани, не можат да го кренат од понорот ова „филмско“ дело. Дело попознато меѓу филмските хохштаплери ко скопскиот „Небо над Берлин“. :D

Не изненадува досегашниот фестивалски тек со само два небитни фестивала, од кои едниот е СФФ кои се труди да ги пушти сите понови бугарски продукции и ко-продукции. Би се осмелил да кажам и дека ниту фестивали во Сурдулица или Власотинце не би наградиле вакво дело без приказна, а единствена можност за надополнување на листата со фестивали најверојатно би биле фестивалчичите организирани од ЕСРА низ Берлин, Париз и Кина, евентуално белградски Фест, косовскиов во Приштина и фестивалот на словенечки филмови во Порторож, ко фестивали кои исто даваат ко-продукциски филмови во кои нивните земји учествувале.

ете така, потоа некако застана времето и никако да заврши филмов, жал ми е што потроши 8лева хехе
ете и анон му дал шанса да го гледа НИКОГАШ хеехех
 
Го даваа на алфа пред некој ден видов само кадар Мето Јовановски имаше кече а Кили беше даскал?
Кој филм е ова дали некој може да ми каже и дали можам некаде да го најдам да го гледам?
Сабота беше филмот.

Секоја сабота даваат македонски филм навечер 20 часот мислам ако е точна програмскатa шема на MaxTV. Штета не пишува на програмската шема кој филм ќе игра. Вечерва исто има филм.
 
Последно уредено:
Nie siromashnite sho nemame HBO GO, kaj moze da go gledame vrba?
Ima nekakov torent?
 
На Наша ТВ, секоја сабота околу 21 или 22 часот даваат македонски филмови. Претходната сабота го даваа телевизискиот филм "Неверство во зимската ноќ" на Коле Ангеловски.

Првпат го видов како филм, знам дека го даваа порано ко серија од три епизоди. Успеав да ја снимам репризата вчера, ко ќе го спојам ќе го пуштам на Јутјуб.

Туку да прашам, да не го има некој телевизискиот "Седумка, љубов или смрт" од Коле Ангеловски?
 
Последно уредено:
На Наша ТВ, секоја сабота околу 21 или 22 часот даваат македонски филмови. Претходната сабота го даваа на Наша ТВ телевизискиот филм "Неверство во зимската ноќ" на Коле Ангеловски.

Првпат го видов како филм, знам дека го даваа порано ко серија од три епизоди. Успеав да ја снимам репризата вчера, ко ќе го спојам ќе го пуштам на Јутјуб.

Туку да прашам, да не го има некој телевизискиот "Седумка, љубов или смрт" од Коле Ангеловски?

ова не ли е?

ова не ли е?

Не е, ова е аматерска претстава во Неготино по истиот драмски текст. Имаше некои 15-тина минути од филмот порано на Јутјуб, али го нема видеото веќе.
 
кој филм играше на алфа?
 
После Врба на Cinеmax 2 го пуштија и Господ постои името и е Петрунија. Утре недела од сабајле од 9:25 ќе има на двата филма реприза исто прво Врба па потоа Петрунија.
Автоматски споено мислење:

кој филм играше на алфа?
Пресуда

Додека пак на Наша тв во 22 часот Црно семе.
 
Последно уредено:
Сабота беше филмот.

Секоја сабота даваат македонски филм навечер 20 часот мислам ако е точна програмскатa шема на MaxTV. Штета не пишува на програмската шема кој филм ќе игра. Вечерва исто има филм.
Ни на бум тв не ги пишува
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom