- Член од
- 6 септември 2007
- Мислења
- 8.275
- Поени од реакции
- 8.417
Alien франшизата е недоискажана по мене, особено со најновите продолжетоци. За мене тројката режирана од Финчер и не беше лоша, четворката режирана од режисерот на Амели е тотална катастрофа и не делува ко да е дел од Alien универзумот. Prometheus, со исклучок на некои сцени од крајот, по мене врши пристојна работа и филмот служи како вовед за понатаму. А понатаму требаше да бидеме внесени во светот на инжињерите, првичната замисла на Ридли Скот и Џеј.Џеј. Абрамс. За жал го добивме Covenant и мислам дека приказната можеше да добие поинтересна и попосакувана насока, барем за фановите отколку тоа што го имаме сега. Инаку Марвел/Дизни ја имаат откупено франшизата за филмовите и кога слушнав за тоа станав тежок скептик. Но откако видов што направија со Стар Ворс и Мандалориан надежта ми се врати. Нормално Alien и Star Wars се две сосема различни нешта, за да успееш да не го усереш Alien потребно е многу повеќе од само добра приказна или добар продукциски дизајн или добри ефекти, франшизата е епитома за sci-fi хорор, целиот тој свет си е посебно доживување и креаторот ќе има big shoes to fill in. Добар пример ми е Raised by Wolves, иако мислев дека можеби е дел од Alien универзумот гледам дека и Ридли Скот и режисерот демантирале, но шоуто дава таков Alien vibe што неодоливо е да не почнеш да развиваш теории. Кога сме кај шоута се спрема и Alien тв серија која најверојатно ќе биде во продукција на FX и во режија на режисерот на Фарго тв серијата, е за ова веќе станувам скептик.
Дизни го купи 20th Century Fox се тоа сеа спага под нив а-ш филмови све е нивно, еве и Аватар е на 20th Century Fox а сега пишува



