Дечки побарав помош на It.mk, ама зафатени се луѓето.
Прво сакав да изгасам парно, ама сега се предомислувам. Сепак само ќе догревам со клима и панели. Значи ја пренаменувам куповината првенствено за ладење.
Неколку факти специфични за просторот.
- Зградата е стара (блок, градски ѕид 3-ти кат).
- Алуминиумски профили, значи во зима морам да отварам од време на време за да нема кондензација.
- Станот е на запад директно. Сонце го грее од околу 14ч до заоѓање. Тешко се лади навечер.
- Во зима со парно ми е ладно сабајле околу 19 степени во соба, навечер е по ок 22-23 степени.
- Надворешната единица ќе ја грее сонце исто како и станот, нема никаква опција да биде под секнка.
Најдов нацрт од некои мајстори (јас додадов сонце и климите

) на станот и каде моментално се монтирани Beko 3.5kw (17 год. е стара, на нејзино место иде нова 5-ка) и Gree LCLH исто од 3.5, која ја лади големата спална. Се на се новата од 5.5 треба да лади околу 40м2
Ако двете клими работат на турбо, спуштам од 29-30 на 25-6 степени. Повеќе неможе. Троши многу бекото, (~1200W од штеќер), Greeto околу 750-800W кога ќе се стабилизира температурата.
Пошто намената од ладење и греење се смени во ладење и догревање (парно останува значи), буџетот би го намалил од 30 до 45.000 ден. Немам предрасуди кон ништо, нит па се разбирам во клими.