Skoro svi koji su se prijavili, već su dobili cepivo. Ali tri četvrtine punoletnih stanovnika Srbije nije se prijavilo. Dok ih Vučić „moli kao Boga“ da se vakcinišu, kritičari kažu da su dezinformacije učinile svoje.
www.dw.com
Во Србија досега 3/4 од полнолетното население не се пријавило за вакцинација.......што е типичен апсурд.
Претпоставувам дека за тоа се виновни теориите на заговор........и слично.
Во овој контекст небитно.
Утрово на влез во Македонија од Србија........на ГП Табановце.......затекнав огромна колона на возила кои влегуваа во Македонија.......на шопинг, во ресторан, кафуле и слично.....бидејќи во Србија за викенд не работи ништо од овие дејности......па зошто тоа да не се одвива кај нас.
Патем.....еве ја фотографијата сликана преку мојата шофершајбна во 11 часот на влез во РМ
Прегледај го приврзокот 287822
Позади мене имаше уште толку возила.....но ГП е, па не е препорачливо/дозволено за да ја документирам истата.
Вака практично се зголемува ширењето на зараза, истовремено и потенцијален увоз на нови соеви. Да се потсетиме дека дури и вакцинирано лице.....може да ја пренесува заразата.
Ова е сликата на ГП Табановце.......а како е на Блаце, Ќафасан.......сигурен сум дека е весело, особено за викенд.
Важно ние имаме отворени ресторани, кафулиња......каде се седи БЕЗ МАСКИ......отворени преполнети молови, супер шопинг тури.......но имаме банален полициски час од 22 часот......ете демек децата да не се собирале по парковите........кои наместо навечер истото го прават во текот на денот......каде е логиката? Нема логика.
Во суштина ние немаме мерки........а богами ни вакцини.......ниту надеж дека воопшто ќе добиеме во скоро време.
Кратко кажано ние сме отворени за сите......без мерки......без вакцини.