@Fluffy_bunny
Зајко кокорајко
- Член од
- 24 декември 2020
- Мислења
- 1.846
- Поени од реакции
- 2.392
А што лаже конкретно? Овдека се збореше дека се било договорено, ама одеднаш стигнале некои фактури од камчев и овој се повлекол.
Конкретно мислам дека лаже за тоа дека се било договорено. Едноставно не им одговарале условите под кои требало да го превземат Вардар. Па сега се вади на фактот дека било се договорено, па пропаднала работата. На различни спортски сајтови различно пишуваат во врска со тоа кој се бил заинтересиран за да го земе Вардар. Тоа е всушност една од работите која збунува, а и секој си прави своја приказна и како на него му одговара. Плус од друга страна чаршиски муабети што кружат низ темава. Целосната вистина не може да ја знаеме во никој случај. Прочитај ја статијата што ја ставил членот и ќе дискутираме за тоа што пишува во неа. Ако е вистинско интервјуто и ако навистина Благој ги кажал тие работи. А инаку гледаш во еден дел вели дека Вардар бил константен учесник во групна фаза на ЛЕ. Што е небулоза од големи размери. Тоа е исто како ти да кажеш дека Партизан е константно во групна фаза на ЛШ. Во интервјуто пишува дека тој изјавил дека се е договорено, но во последен момент било откажано. Сега дали се тоа новинарите по спортските сајтови или само Благој подлажува не знам.
Илиќ е коњ тежок, ама каде виде и ти фаул не знам.
Искрено Илиќ ми делува несигурно во ситуации кога треба да биде најсигурен, а од друга страна понекогаш фаќа топки кои никој не очекува да ги одбрани. Многу глупав гол примија денес и пак истото го прават како против Пелистер, собрани на купче. Од една страна го маркираат Илиќ и тој ништо не гледа, а од друга страна не се ни трудат да ги блокираат шутевите. Колку е виновен Илиќ толку е виновна и одбраната за таквите ситуации. Ама се надевам дека ќе се подобри одбраната. На 1-0 мислев дека до крај минимум 4-5 гола ќе примат. И недостасува тој креатор на играта очигледно.