Ај ова да ве видам...не е лоша листава, иако секогаш е рандом да се гледаат моментални КБиња на вакви листи..
Курт Ворнер треба погоре да е, а секогаш има простор за промени на дното на вакви листи, на пример Стафорд за 10 години од сега ако не направи некој успех (барем СБ да игра) нема многу да го памтат.
Би рекол Ворнер, Рајан и Вилсон се за листа погоре, како попосебни КБ играчи во споредба со другиве, што стварно мислам се класа над сите други во таа линија.
Џо Намат го немам гледано ваљда и он е подобар од другиве
Мајкл Вик е играчиште, заедно со Мекнеб внесоа живот во КБ позицијава, да не беа они немаше ни Вилсон, Вотсон, Ламар и слични мобилни фацки да гледаме
Махомс ако во следниве 5 сезони изигра слично како и до сега, без СБ победа би го ставил во третава колона. Да стигне уште до два СБиња во следните 5 години и да освои уште една титула, мислам може да се стави на исто рамниште со овие од вторава листа, ипак забораваме дека Дру Брис, иако е апсолутно предобар КБ......има ист број на НФЦ титули како и Брејди
И да, секако пензионериве од другиве ери не ги ни знам
Прегледај го приврзокот 285687