- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.895
- Поени од реакции
- 67.548
Tи ставил смајли на крај затоа што не го мисли тоа што го пишал. Кога станавте шампиони, на Пеп му се повредија на скоро цела сезона Сане и Лапорт, а бајаги фалеа и Де Брујне, Менди и Агуеро.Не знам како е ова смешно. И твојата реплика и тие што реагираат. Прво се повредува најдобриот штопер последниве неколку години, најважниот играч во тимот. Се повредуваат сите останати штопери и за да се покрие дупката во одбрана мора да се растури средината која беше коска претходната сезона.
Јасно ти е веројатно што значи двајца од тројцата првотимци во средина да ти играат одбрана. Ако ова не е костурот на тимот, не знам што е. Океј е да има ремет, јас немам гајле со тоа, само не е тука смешниот дел.
Голем дел од членовите летово пишуваа дека на Клоп му фали клупа, и дека ке биде прав раритет пак да помине низ поголем дел од сезона без поголем број на повреди, како што беше случај претходните 2 години, ама доскочиците беа дека во Јануари ке сте биле шампиони, а Клоп ебе мајки на новинари во слободно време.
Не ми делува дека Клоп најдобро се справува со оваа ситуација, му ги гледам пост меч интервјуата, и нон стоп тврди дека е задоволен од играта, иако денес само 10 минути на почеток на второ полувреме изигравте нешто што личи на вашата игра. Брајтон и Барнли и со комбиниран состав требаше да ги добиете. Колку и да гледаме пластично на работите дека фалат играчи од одбрана, 1 гол во цела 2021 на домашен терен, и тоа од пенал, е факт што просто е тежок за верување.