Какао

Гаден ми е вкусот и не го обичам скоро ич ама ако не прај проблем на висок притисок, ќе го шмркам на сила штом е така здраво.
 
Какао пијам 20+ години. Порано од краш беше највкусно, меѓутоа последниве неколку години не е веќе истото, иако и натаму е најскапо. Моментално го користам алпико од кам маркет.
А за припрема, 2-3 лажички какао со две три лажички шеќер во 200-250 мл вода.
Или истата количина во ладно млеко, па изматена.
 
Денес имам испиено можеби литар какао :) Го пијам во шоља 3/4 какао и 1/4 ладно млеко. Цел ден сум топ :D
 
Какаото го консумирам секој ден насабајле приготвено со млеко и мед. Прво го зовривам во вода се додека не пушти кајмак па потоа додавам малку млеко и едно лажиче чист природен мед. Одличен напиток! Ем вкусен, ем позитивно делува на расположението. Млекото има функција на разблажување на горчливиот вкус на какаото, но не треба да се консумира во поголеми количини бидејќи според научни сознанија не е идеално за човековиот организам. Плус, големите компании за млеко, во трка по профит, не водат сметка за здравјето на луѓето - најнов беше случајот со токсичното млеко на ДУКАТ. Ако имате можност, поздраво е овчото млеко а уште подобро - козјото.
Други многу корисни продукти за здравјето на луѓето, што треба да се користат секојдневно се циметот, мускантното ( индиско) оревче во прав и куркумата. Според мене, какаото и циметот не одат заедно - во комбинација не даваат добар вкус, па ги користам одделно, додека циметот и мускантното оревче се совршена комбинација.
Сите овие продукти поседуваат антивирусни и антибактериски својства, и се одлично средство за заштита на организмот од настинки и грип, па треба да ги користат сите кои не сакаат да се трујат со антибиотици.
 
Во последно време почнав насабајле место кафе да пијам какао, го пијам од Кибела какаото.

14151055271415105527-6328.jpg


Па препорачајте некои други да пробам ???
 
Кога ја видов темава ме потсети на една работа од вчера. Седнуваме в кафуле и иди келнер да порачуваме, бевме јас, женскава и нејзина другарка. И другаркава вика пиво, женскава по неа исто пиво, се подумав јас во тие 2-3 секунди време, донеси какао му викам :D Да се знај кој е маж.

Инаку го обожавам вкусот. Башка тоа што на мозоков ми помага.
 
Jас земам од Марвик какао, мислам 250 беше кило какао. Пробаjте прво да зовриете вода и во шолjа ставете лажица или две какао и само ставете ja водата. Сосема друг вкус му дава на какаото. Мене ми е поубаво така.
 
sekoe sabajle meshano so kapuchino i toplo cokolado. Medovi.
 
Кaкao пијaм сaмo кoгa ќе зaбoрaвaм кaфе дa си купaм или пa кoгa ќе немaм нештo блaгo пo дoмa, a oбичнo секoгaш имaм кaкao зa црни денoви штo би се реклo. :X3:
 
ова што е како нескик за деца , ова од витаминка што горчи неможам :pos:
 
Богато е со железо и затоа го пијам барем еднаш до два пати дневно без шеќер.
Ми доаѓа и на некој начин како замена за кафе иако кафе пијам за расонување и преку сила уште едно
 
Ова ми е фаворит моментално.Како чоколадно на вкус, нешто ко Алпико од Кам или едно од Полска по марлети имаше тек тук ама 50-60 ден
132055915_2731917470402819_7350751735181101188_o.jpg
 
Богато е со железо и затоа го пијам барем еднаш до два пати дневно без шеќер.
Ми доаѓа и на некој начин како замена за кафе иако кафе пијам за расонување и преку сила уште едно

Кај го најде убедливо најмалиот бенефит од какао да го истакнеш како клучен.....
 
Јас почнав да го пијам како замена за кафе, оти од кафето имав приметено зависност а не се имам напиено почнуваше да ме боли глава и сл
Други мислам какаово дека на некој начин ми ја намали желбата за благи работи а читам дека позитивно делува и врз кожата, циркулација, крвните садови
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom