Какао

Секое сабајле, какао обавезно. Го пијам место кафе (y)
како ерген,повеќе го пиев,додека не почнав со кафе.
Со вујкоми ќе седнеме на шах и обавезно какао.
Ама тогаш бе имаше мирис,и се знаеше дека се вари какао.
И кајмак пола прст= од КРАШ најчесто.
Сега кое какао е така добро.Она од сликата баш ќе го пробам.
 
Царска работа е какаото, штета што немам навика редовно да си праам. Нејчесто е навечер, како замена ако ми се припие кафе (од кое не можам да спијам), а ми требаат редовни саати сон.
 
Really awkward пред малку читав за него, полагам на 12ти за него. :icon_lol:

Иначе исто и ја неам навика да го пијам...
 
Какаото е многу ценета и штета е што светските резерви се намали и најверојатно ќе се покачи цената на какао и чоколади затоа земајте што појќе инаку наскоро не ќе можеме да си дозволиме ;)
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
До пред некој 7-8 месеци беше 25-30 (порано и околу 20), сега е 40-50.Makes sense...или уште еден проект на тајните друштва :icon_mrgr:
 
Како помал пиев, сега не а и плус се губеле килограми, не не не :D
 
Секое сабајле, какао обавезно. Го пијам место кафе (y)

Исто. Кафе многу ретко, само со друштво. Најубаво ми е ова :D
2q2oaqr.jpg
 
Добитна комбинација е какао,лепче намачкано со маргарин и сиренце.Ако не ви се свиѓа таа комбинација,слободно да ме плукнте во лице :D :love:
 
Добитна комбинација е какао,лепче намачкано со маргарин и сиренце.Ако не ви се свиѓа таа комбинација,слободно да ме плукнте во лице :D :love:
Истата комбинација со чај од шумско овошје -оф. :D
 
Како студентка пиев по 7 кафиња,имав кофеински шокови...откако дипломирав,кафето целосно го исфрлив од употреба,го заменив со топло какао со млеко или пак најразлични чаеви...супер се чувствувам :) Пробајте!
 
Јас си створив навика да си пијам по едно дневно... уште пред 4-5 месеци.
Какао > кафе.
Најубаво ми е ова :D
2q2oaqr.jpg
Не заебавај ова не го бива... јас пиев од Свислион цело време (мајка ми купуваше) и си викам ај еднаш ја да отидам да ги разгледам другите, може ќе најдам поскапо/подобро и ова од краш мислам дека беше поскапо ама коа го пробав ич не го биваше...
Тоа од Свислион го снема у Тедико па сеа од Витаминка пијам.

Него, колку шеќер ставате? Не се занасајте со "ич" пошо така е ќумур :)
Јас зависи по потреба, некогаш пола лажичка некогаш цела.
 
Ја лупам две лажички :icon_mrgr:

Него, кога и да побарам какао во кафич, најчесто келнерите ме гледаат како теле во шарена врата, а и најчесто немаат...(n)
 
Поим немам што ,,марка,, какао имам по дома, ама успеав да го направам како тоа од апарат за кафе :) Which means, дома се пие на велико, посебно навечер, кога веќе е касно да се опиваме со кафе :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom