17. Never Gonna Snow Again - Полска
Прилично чуден, бизарен филм. Ме потсети многу на Under the Silver Lake од Клубот, ама како некој амалгам на тој филм со mother! на Аронофски. Еден чуден лик, Жениа, роден во Припјат 7 години пред нуклеарната катастрофа во Чернобил, пристигнува во елитна населба во Полска, за да ги лечи снобовите кои живеат во неа (додека самиот е длабоко трауматизиран од неможноста да ја излечи својата мајка, кога бил мал). Тој е пред сѐ масер, но поседува моќ и да хипнотизира, а под хипноза ги води депримираните, анксиозни, несреќни снобови, кои се лекуваат со наркотици, во една шума каде ги остава да се соочат со своите несигурности и стравови. Инаку, ова јас го доживеав како филм за уништувањето на природата и на целиот свет околу нас, баш од таквите несигурни, исплашени и несреќни жители на елитни населби кои не прават ништо да ја заштитат, а кога галамат дека треба да се зачува ова или она, тоа го прават или лично мотивирани од нешто кое ги засега
или само колку да изгледа дека прават нешто. Препорака за оние кои сакаат чудни филмови, со доста симболика, и во кои ништо не е сервирано на тацна. За сите останати: немој да го гледате ако не сакате да кружите околу стол. Од мене една солидна 6/10. Не можев повеќе.
Прилично чуден, бизарен филм. Ме потсети многу на Under the Silver Lake од Клубот, ама како некој амалгам на тој филм со mother! на Аронофски. Еден чуден лик, Жениа, роден во Припјат 7 години пред нуклеарната катастрофа во Чернобил, пристигнува во елитна населба во Полска, за да ги лечи снобовите кои живеат во неа (додека самиот е длабоко трауматизиран од неможноста да ја излечи својата мајка, кога бил мал). Тој е пред сѐ масер, но поседува моќ и да хипнотизира, а под хипноза ги води депримираните, анксиозни, несреќни снобови, кои се лекуваат со наркотици, во една шума каде ги остава да се соочат со своите несигурности и стравови. Инаку, ова јас го доживеав како филм за уништувањето на природата и на целиот свет околу нас, баш од таквите несигурни, исплашени и несреќни жители на елитни населби кои не прават ништо да ја заштитат, а кога галамат дека треба да се зачува ова или она, тоа го прават или лично мотивирани од нешто кое ги засега
(има една сцена во филмот каде доаѓаат неколку службеници со налог да исечат едно зимзелено дрво пред дворот (значи ПРЕД, а не ВО) на една од жителките на населбата. Таа толку бурно реагира, што човек ќе помисли дека навистина се грижи за природата и затоа не сака да се сечат дрвата, за само во следната сцена да објаснува дека кога умрел маж и, заедно со синот кој многу сака хемија (и длабоко трауматизирано дете, веројатно, кое полека станува депримирано исто колку своите родители, што се гледа во тоа дека никогаш не се насмевнува, стои немо како да не го интересира ништо што се случува околу него, и изгледа како да ќе изврши самоубиство во секој момент), го претвориле неговото тело во вештачко ѓубриво и го истуриле под тоа дрво, што значи таа дрвото го гледаше како дел од нејзиниот сопруг, или баш како нејзиниот сопруг, па затоа не сакаше да се исече. Да посегнеа по било кое друго дрво, сигурно немаше толку бурно да реагира и ќе ги оставеше да си работат на мира. Прекрасно прикажан медиокритетот на луѓето во еден свет кој стрмоглаво се движи по надолна линија и во кој индивидуалното е секогаш пред колективното.)




