Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Заев: Се води сметка за набавките на вакцини за да не добиеме повеќе отколку што ни се потребни

4000 вакцини донација ама они водат сметка да не добиат повеќе од тој што треба :pos: :pos:
Овие дефинитивно тие плантажи со марихуана ги користат и за приватни цели. Друго објаснување за изјавите нема :pos: :pos:
 
Член од
22 март 2019
Мислења
233
Поени од реакции
551
Браво бе по 250 вакцинирани на ден, каква ажурност ке не биде ајде :pos:

Добро немат вакцини и нема да има во догледно време... нема што да запнуваат одма па да ги потрошат за два дена што ке кажуваат по вести тогаш.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Ама затоа Филипче изјави дека „Ние за десетина дена ќе бидеме една од ретките земји, каде ќе биде вакциниран целосно медицинскиот персонал“

Да не мисли први од назад? Луѓето низ другите држави веќе примаат втора вакцина, а ние вчера започнати први ќе сме биле :kafence:
До завчера се беше спремно, а од вчера медицински персонал од Дојран, Струга, Гевгелија, Охрид, Струмица, треба да патува 200км до Скопје за да се вакцинира.
Пукаме од спремност од сите страни.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Во вукојебинава ќора вакцина нема.......Муртунецот се плашел вишок да не ни остане:lolzz:
......многу ќе сме имале.....морало по ред......да се води сметка......прав домаќин човек да ти бил
"на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација." ........:lolzz:
......абе нема ден.....еден ден, да не прочитам виц........црн хумор
 

Sprite

Bayern Fanatic
Член од
23 јули 2007
Мислења
447
Поени од реакции
36
Најефтин ПЦР тест со кој може да се патува каде може да се направи

Sent from my ELE-L29 using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Изјавата му е конфузна, дури и глупава. Ама требаше да каже дека нарачале (или договориле) 800.000 вакцини и треба да се почека околу дополнителните договарања во сооднос на тоа дали ќе има интерес. Сега за сега се пријавени скоро 100.000 граѓани, што преку министерството, што преку своите матични! На тие 800.000 од Фајзер имаме купено и 200.000 од Кина! Требаше да даде ваква (проста изјава).

Има нешто и преку Ковакс системот, само не пратам точно што и колку. :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Изјавата му е конфузна, дури и глупава. Ама требаше да каже дека нарачале (или договориле) 800.000 вакцини и треба да се почека околу дополнителните договарања во сооднос на тоа дали ќе има интерес. Сега за сега се пријавени скоро 100.000 граѓани, што преку министерството, што преку своите матични! На тие 800.000 од Фајзер имаме купено и 200.000 од Кина! Требаше да даде ваква (проста изјава).

Има нешто и преку Конвакс системот, само не пратам точно што и колку. :)
Seto toa e samo na KE.
So ogled na faktot deka sekoj den nov biser vadat, ne se za veruvanje voopsto.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Seto toa e samo na KE.
So ogled na faktot deka sekoj den nov biser vadat, ne se za veruvanje voopsto.
Авансот е платен, колку што знам за тие 800.000. За тие од Кина чекавме и Нова година да помине да ни бидат доставени вакцините. Не биваше да ги пресечеме на сред славеничка атмосфера.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Авансот е платен, колку што знам за тие 800.000. За тие од Кина чекавме и Нова година да помине да ни бидат доставени вакцините. Не биваше да ги пресечеме на сред славеничка атмосфера.
Seto toa vo red, ama ne kazaa koja godina :kafence:
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Најефтин ПЦР тест со кој може да се патува каде може да се направи

Sent from my ELE-L29 using Tapatalk
Нема голема разлика испод 2 500 неверувам дека има. Инаку внимавај да не те вратат и со негативен тест, на Хоргош враќаат. Бугарија би требало да поминеш.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Дебилот веројатно сакаше да каже дека веќе имаат достатна бројка на нарачани вакцини, кои што со оглед на заинтересираноста за вакцинација на населението до сега, би се покажале како доволни, и дека нема потреба да се „трошат“ повеќе народни пари за нешто што на крајот би излегло дека е вишок и „џабе“ фрлени пари.
Со други зборови моронот сакаше да се покаже како демек домаќин човек кој што не сака да се расфрла туку-така со парите на народот, дека владата во време на криза и „оскудација“ пробува да троши рационално и отчетно.

Работата е што тоа е изјава на клептоман кој што во четири години владеење не си остави трунка образ за да некој денес го доживува како чесен и искрен човек, затоа и неговата некохерентна збркана изјава делува во најмала рака смешно и срамно, но истовремено е трагична за рајата убедувана да седи дома и да ја чека вакцината.
„Рационално трошење“ на народни пари во држава во која што луѓе земаат плата за „неодење“ на работа и се распишуваат државни тендери од десетици илјади евра за апетисани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom