Ти е страв да не го повика Грим Рипер?
Стварно не го сфаќам муабетот со пречење на тетоважи, може да има истетовирана цела рака и да бидне најдобар лекар/ка или најдобар болничар/сестра кој ќе те боцне без и да почувствуваш у споредба со некоја тип топ според правилник уредна што при земање крв ќе ти избуши вени и ќе носиш оток.
Глупо е да се генерализира и да се носат заклучоци базирани на некои размислувања у доцен 20ти век, а за тие правилници и сите тие јавни установи и организации ич не ми е гајле. Се виде со пандемијава дека сите тие организации и асоцијации си тераат како ќе им дојде од рака. Утре ради нечиј интерес да треба некој што ќе ја води СЗО а да има тетоважи на рака ќе рипнат ќе сменат правилник и тоа е тоа.
друже знам дека телото ти е канвас врз кој слободно се изразуваш, али мене тоа не ме занима. Тетоважи аутоматски ме асоцираат со наркоманија и сатанизам.