Си купив книга

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.706
Поени од реакции
36.545

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
Првата ја купив за невестава да чита. Го гледавме заедно филмот и на двајцата добро ни легна, работен според оваа книга. Потоа расчепкав за Боб, гледав видеа низ јутјуб, срцкаст мачор кој умрел летово 2020.
Инаку има попуст во литература, и првата и Маркес се по 150 денари.
За другите пишав дека ми беа порачани и стигнаат. Твен и Ирвинг по 150, Цвајг 200.
Моментално Шерлок го цепам нешто лабаво и Макијавели го препрочитувам, така да овие ќе почекаат.

151061753_178578367027422_6349518395165916548_n.jpg
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.003
Поени од реакции
24.477
Ај пројди ја оваа прво и кажи ми каква е. Иначе ми се допаѓа што живнаа темиве за книги, а и дека сте ја купиле Слобода од Френцен односно дека таков добар улов за таква ниска цена ќе заврши во правилни раце.

 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
Ај пројди ја оваа прво и кажи ми каква е. Иначе ми се допаѓа што живнаа темиве за книги, а и дека сте ја купиле Слобода од Френцен односно дека таков добар улов за таква ниска цена ќе заврши во правилни раце.

Ја имав Слобода на српски, ама, српскиот ми зарѓа малку и плус, реално, за 150че не се испушта. Важи, планирам наскоро да ја прочитам, за магистерски ми е (од Светлана Бојм).
 
Член од
6 септември 2015
Мислења
61
Поени од реакции
85
Jaс ја купив Слобода и Улис , после твоите коментари за овие две книги.
За Слобода слушнав на друго место а ја купив после твојот коментар(Сусаро).Не читам фикција сеуште,не можам да се ослободам од геополитика(не знам што ми е).
Кога сме кај политика и белосветска политика имам препораки....ако некого го интересира ке ги напишам,не би да замарам со моите опсесии на овој топик.
Го изгледав и клипот што да читате пред Улис и ги имам Библија и Портрет уметника у младости.Се на српски али тоа мене не ми е проблем,ја сум генерација 70,71 школска.
Стари смо ми борци....
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.003
Поени од реакции
24.477
Jaс ја купив Слобода и Улис , после твоите коментари за овие две книги.
За Слобода слушнав на друго место а ја купив после твојот коментар(Сусаро).Не читам фикција сеуште,не можам да се ослободам од геополитика(не знам што ми е).
Кога сме кај политика и белосветска политика имам препораки....ако некого го интересира ке ги напишам,не би да замарам со моите опсесии на овој топик.
Го изгледав и клипот што да читате пред Улис и ги имам Библија и Портрет уметника у младости.Се на српски али тоа мене не ми е проблем,ја сум генерација 70,71 школска.
Стари смо ми борци....
Јас па сакам геополитика ама не читам такви книги од една единствена причина-геополитиката е менлива категорија, се менуваат позиции, се менуваат интереси, се менуваат конфигурации на терен. На пример геополитичка книга напишана за Саудиска Арабија во 2015-та, пред само 6 години ќе има мала релевантност денес. За геополитика се осврнувам на најнови статии од интернет и видеа на Јутуб, се разбира со претходна проверка на авторите и исфилтирани од нелогични теоретичари на заговор, пристрасни политички активисти и слично. Вредноста на пишаното дело во геополитичките анализи се ослонува премногу на факторот пресност (тазе), додека кај фикцијата тој фактор игра помала улога, односно битен е само за оние кои не сакаат да читаат за кочиите на Балзак и социјализацијата и швалерајот на француската буржоазија во 19-ти век туку ги интересира денешнината или научната фантастика, но за поголем дел на љубители на литература ова не игра толкава улога затоа што се на ставот-добра книга си е добра книга без разлика кога била напишана.

Што се однесува до Улис, ако не читаш фикција можеби е подобро да ја оставиш за покасно дури и ако ги исчиташ тие 5 претходно, а ќе ти кажам и зошто.
Улис е пишувана во модернизам, во смисла на правецот во уметноста модернизам, а не во смисла на модернизам како синоним за современост. Карактеристично за модернизмот како стил е експериментирањето со се и сешто, неправолиние, асиметриченост, не(секогаш)логичност, надреалзиам па дури и нереализам. За сите овие работи треба малку реконфигурација на мозокот, треба да ти легне таквиот стил, не пали секогаш од прва.
На пример Толстој колку и да е генијален пишувал во стил на руски реализам каде се е хармониски, објектот е објект, метафората е метафора и најчесто разбирлива, дури и кога има симболики или надреални делови се ситни и во склоп на целосната структура на делото и се преџвакуваат. Е сега Достоевски е за некој ситен чекор поблиску до она што подоцна ќе стане модернизам, ама пак е руски реализам. Да не ме сфатиш погрешно, со ова не сакам да те потценам како читател или како ниво на интелект или ако сакаш и најдиркетно да се изразам со ова не мислам дека си сеуште умствено недозреан или глуп за Улис, туку едноставно како луѓе сме навикнати на логички тек на настаните, т.е. мислите да ни течат по одредено речно корито. Модернизмот е како соновите, се случуваат чудни работи, се прават муабети кои немаат никаква поента помеѓу луѓе кои во реалниот живот имаат различни одлики, соодносот на објектите и предметите нема смисла, како на пример одиш во купатило а таму стои шпорет и ти прижиш компири на него. Самиот мозок автоматски е програмиран да бара смисла во работите и се иритира кога не може да ја најде, а пошто ти си твојот мозок таа иритација ја пренесува на тебе во форма на тензија, нервоза или досада па на крај книгата не ја дочитуваш и креваш раце.

На пример само мојот вонсериски инат ме натера да ја дочитам Процес до крај, на времето кога ми беше лектира. Кога ја завршив, ја фрлив кон ѕидот, тресна и падна на земја. Вриев, пцуев и Кафка и професорка и македонски образовен систем. Би ти ги предложил Преобразба или Америка од Кафка како поплиток базен пред да нурнеш во длабокото. Главното дејство на овие две книги во глобала прави смисла, а оние надреалистични елементи што ги спомнав погоре се присутни но во споредна улога, и токму поради тоа што се во споредно својство, мозокот почнува да се привикнува на нив, да ги идентификува и да вика-Ок е, ги гледам, постојат, имаат повеќе симболика и потсвесна смисла отколку логичната на која сум навикнат да функционирам, но во ред е ќе ги сварам некако. Тоа е едниот начин да се научи пливање, плитко, па подлабоко, па подлабоко...

Е сега другиот брутален начин е да го фрлиш непливачот неспремен директно во вода или поинаку народски кажано метод на огнено крштевање. Ако го претпочиташ овој метод тогаш нема подобра книга од Продавници во боја на цимет од Бруно Шулц. Оваа книга е тотално ослободена да му се допадне на било кого и е најдобриот пример на она што француските симболисти го викале l'art pour l'art. Естетско и имагинативно лудило, фантазијата на писателот за којашто можам само да завидувам, живописност и шаренила какви што нема во реалност туку само под дејство на психотропни супстанци. За да ја доживееш книгава ќе треба да се ставиш во дејство на сонување ама да си буден што е многу, многу тешко, мозокот со милениуми ни е програмиран и еволуиран да го прави токму спротивното, да го смениш тоа е исто како да возиш 120 на саат и да смениш во рикверц (за шофери аматери немој ова да го правите!). Да уживаш во патувањето без да логицираш зошто до пред 30 секунди си гледал снежни планини, а сега гледаш оаза опколена со грандиозна пустина со караван камили, додека 30 секунди подоцна се наоѓаш во амазонска прашума во миљарда бои и колорити, неброена разнолкиост на флора и фауна. Не размислувј како е можно да влезеш веднаш од една во друга климатска зона, од еден во друг пејсаж, едноставно стави ја целокупната мозочната функција во една и единствена точка а таа е уживање во се што се случува околу тебе без да прашуваш зошто. А мозокот цело време додека читаш ќе ти ја поставува таа сопка. Како е ова можно, што ли е сега ова, зошто вака течат работите, нема смисла тоа да биде... Ако успееш да не се сопнеш на тие стапици, ако успееш да ја впиеш книгава како сунѓер тогаш си ја пробал уметноста во својата најесенцијална форма, неразредена со ништо и без проблем ќе пливаш во модернизмот. Исто како да е најдоброто кафе во светот, правиот вкус на тоа кафе ќе го осетиш во врела но незовриена природна изворска непроцесирана вода, не од чешма со хлорови и глупости или купечка во пластики и адитиви, без шеќер, без млеко, без шлаг, без натрен. Повеќето не можат вака. Повеќето мораат да го разредат со нешто, затоа што премоќно е во ваква оригинална форма. Продавнци во боја на цимет е уметноста во својата оригинална, гола форма, како од мајка родена, без облека, без тетоважи, без менѓуши, недепилирана под мишки, на нозе, без помади, шампони а единствено искапена во кристално чиста природна вода.

Ок, пак забегав...
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.003
Поени од реакции
24.477
Susaro, respekt. Edna biblioteka da procitam ne ke mozam da sostavam ni 10 % od vasiot esej.
Ako ne vi e tesko zabeguvajte vaka pocesto za nase opsto dobro.
Jas fikcija ne citam poslednite 5,6 godini ama ke I se vratam, vreme mi e.
Благодарам на убавите зборови, не мора на Вие, секако јас сум помладиот во оваа конверзација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom