Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.186
- Поени од реакции
- 3.433
Погрешно си разбрал или имаш некое инфо кој обичните смртници не го знаеме.Сега една од главните стратешки цели на Русија е што поголема отпорност од флуктуации во цените на фосилни горива. САД инаку неодамна повторно ја пробаа истата „финта“, или не следеше што се случуваше со цената на нафтата во последниве години? Поентата ми е - ако на САД истото им успееше и овојпат, дали Русија ќе изгубеше заради „корупција“ или заради специјална/ладна/ватевер војна која се води против нив?
Сегашната војна на нафтата беше резултат на корона кризата и намалената побарувачка на нафта, ОПЕК+ (САД не се таму) постои неколку години и се договараат колку да произведуваат за да ја држат цената на онаа ниво кое им се допаѓа,
лани во март Саудијците бараа намалување на производството на ОПЕК+ (дали америте барале го барале тоа не знаеме) на кое Русија не се согласи оти САД во тој момент станаа најголеми производители поради нафтата од шкрилци и ОПЕК+ ќе крати, а овие ќе произведуваат скапа нафта,
и што се случи, сите почнаа хиперпродукција и го презаситија пазарот.
Каде беа полните танкери со нафта што стоеа во место, во Сингапур (заливска нафта) и брегот на САД (америчка нафта),
американската нафта од шкрилци е многу поскапа од останатите и почнаа да пропаѓаат нафташите, сигурно нема да ти купат од 60 долари кога во Саудиска и Русија се продаваше за 15-20 долари еден период.
И што се случи потоа, Русија кажа дека без проблем ќе издржи до 2025 со ваква цена, Трамп и сржа на саудијците дека ќе ги тргне патриот батериите за заштита од јеменски(иранските) дронови, саудијците излегоа дека они се единствените кој не можат долго да калкулираат со ниска цена, 100% се зависни од нафтата, преголеми воени трошоци (поголеми од Русија) и седнаа се договорија за намалување, ама сега и САД индиректно беше вклучен во оваа намалување.
Нафташките компании (освен најголемите) во САД се со долгови во гуша, така да најголем губитник од ценовната војна е САД.