Русија - смена во надворешната политика?

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Сега една од главните стратешки цели на Русија е што поголема отпорност од флуктуации во цените на фосилни горива. САД инаку неодамна повторно ја пробаа истата „финта“, или не следеше што се случуваше со цената на нафтата во последниве години? Поентата ми е - ако на САД истото им успееше и овојпат, дали Русија ќе изгубеше заради „корупција“ или заради специјална/ладна/ватевер војна која се води против нив?
Погрешно си разбрал или имаш некое инфо кој обичните смртници не го знаеме.

Сегашната војна на нафтата беше резултат на корона кризата и намалената побарувачка на нафта, ОПЕК+ (САД не се таму) постои неколку години и се договараат колку да произведуваат за да ја држат цената на онаа ниво кое им се допаѓа,
лани во март Саудијците бараа намалување на производството на ОПЕК+ (дали америте барале го барале тоа не знаеме) на кое Русија не се согласи оти САД во тој момент станаа најголеми производители поради нафтата од шкрилци и ОПЕК+ ќе крати, а овие ќе произведуваат скапа нафта,
и што се случи, сите почнаа хиперпродукција и го презаситија пазарот.

Каде беа полните танкери со нафта што стоеа во место, во Сингапур (заливска нафта) и брегот на САД (америчка нафта),
американската нафта од шкрилци е многу поскапа од останатите и почнаа да пропаѓаат нафташите, сигурно нема да ти купат од 60 долари кога во Саудиска и Русија се продаваше за 15-20 долари еден период.

И што се случи потоа, Русија кажа дека без проблем ќе издржи до 2025 со ваква цена, Трамп и сржа на саудијците дека ќе ги тргне патриот батериите за заштита од јеменски(иранските) дронови, саудијците излегоа дека они се единствените кој не можат долго да калкулираат со ниска цена, 100% се зависни од нафтата, преголеми воени трошоци (поголеми од Русија) и седнаа се договорија за намалување, ама сега и САД индиректно беше вклучен во оваа намалување.

Нафташките компании (освен најголемите) во САД се со долгови во гуша, така да најголем губитник од ценовната војна е САД.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
СССР се распадна како последица од губењето на ладната војна.
Не е дека ја изгубија војната пошто онака спонтано се распаднаа (демек заради корупција?) :LOL:

Не постои држава во која нема корупција.
Мислиш дека во САД нема корупција? Пропаднаа заради тоа? :)

СССР беа премногу зависни од приходи добиени со продавање на фосилни горива, САД ладната војна ја добија преку манипулација на цената на нафтата (преку контрола на Саудијска Арабија). Се разбира имаше и многу други моменти кои си придонесоа до исходот, но нафтата беше капакот и нокаутот.

Сега една од главните стратешки цели на Русија е што поголема отпорност од флуктуации во цените на фосилни горива. САД инаку неодамна повторно ја пробаа истата „финта“, или не следеше што се случуваше со цената на нафтата во последниве години? Поентата ми е - ако на САД истото им успееше и овојпат, дали Русија ќе изгубеше заради „корупција“ или заради специјална/ладна/ватевер војна која се води против нив?

Реторичко е прашањето. :D
Ванлок, не ти е ова Венецуела или КСА, па ќе им ја секнеме нафтата и тоа е тоа. Не знам дали си свесен за каков гигант разговараме, а ако си и мислиш дека со смена на цената нафтата ги пропаднале САД тогаш дебело грешиш. Тоа е империја која контролираше 1/5 од Светот, а нејзината територија беше 1/6, со воен потенцијал, вселенска програма и све останато рамен на САД. Всушност единствениот речиси рамноправен противник на САД во пост-ВСВ периодот. Поентата е, работите се милион пати посложени од промена на цена на нафтата. Роварења секако дека имало, но САД победи заради низи и низи од причини. Шилото влезе преку папет државите во И.Европа кои паметеа многу подобри и послободни времиња, а СССР елитата потфрли на велико таму со силеџиството и лошиот економски систем. После тоа истото се префрли и кај нив, па трката за оружје ги осиромаши и ослаби внатрешно, зашто робата за широка потрошувачка им беше силно ограничена. Едноставно во таа трка системот на САД беше неколкукратно посупериорен, со подобри кадри и поголем капитал на располагање. Рака на срце мора да се каже дека имаа и нееднакви стартни позиции. Додека економијата на САД во 1945 цветаше, СССР беше буквално разрушен до последна цигла. Само обновата ги чинеше време и огромни ресурси, така што од старт почнаа во минус. Но не дека и да почнеа рамноправно ќе успееа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Не се согласувам, минорно прашање беше нафтата, едно од милијарда.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.638
Поени од реакции
35.497
Едноставно во таа трка системот на САД беше неколкукратно посупериорен, со подобри кадри и поголем капитал на располагање. Рака на срце мора да се каже дека имаа и нееднакви стартни позиции. Додека економијата на САД во 1945 цветаше, СССР беше буквално разрушен до последна цигла. Само обновата ги чинеше време и огромни ресурси, така што од старт почнаа во минус. Но не дека и да почнеа рамноправно ќе успееа.
Затоа сега Русија оди на асиметрични решенија.
Многу јасно е дека не можеш со брут-форс, на ресурси да победиш противник кој фиат валутата си ја наметнал како светска петро и резервна валута... Малку контролирана инфлација и цел свет ја финансира САД, а баш тоа се случува од Бретон Вудс наваму.

Останува она што го реков, СССР го дотепаа - ајде не ги истепаа, ги дотепаа (така и напишав), со долготраен дампинг на цената на нафтата па тоа натаму резултирало со опишаните економски, па социјални, проблеми. И последиците од нив.

Истото и сега се обидоа.
Само сега другиве беа спремни па им се удри по глава на америте.

Гледам голема логика во сето тоа, банкротот на САД е во 1971, тогаш секој нормален немаше да прифати доларот да продолжи да е резервна валута без златно покритие, но Брежнев си ќутел, мислам дека не бил глупав, значи е дел од заговорот...
Прашање од милион(и) долари? :)
Шансите се дека можеби во прво време не ни ја разбрале димензијата и далекусежноста на потегот. А и да разбрале, прашање е колку и што можеле да направат во краток рок пред светот да ја прифати играта.

Тогаш САД повеќе можеше да диктира и да наметнува правила. Денес Кина е најголем увозник на фосилни горива, а веќе неколку години заедно со Русија работат на дедоларизација. Се шпекулира дека Кина во скоро време ќе почне да купува нафта во дигитални јуани (што и да замислуваат под тоа, некое државно крипто или па само дигитална фиат валута).

Погрешно си разбрал или имаш некое инфо кој обичните смртници не го знаеме.

Сегашната војна на нафтата беше резултат на корона кризата и намалената побарувачка на нафта, ОПЕК+ (САД не се таму) постои неколку години и се договараат колку да произведуваат за да ја држат цената на онаа ниво кое им се допаѓа,
лани во март Саудијците бараа намалување на производството на ОПЕК+ (дали америте барале го барале тоа не знаеме) на кое Русија не се согласи оти САД во тој момент станаа најголеми производители поради нафтата од шкрилци и ОПЕК+ ќе крати, а овие ќе произведуваат скапа нафта,
и што се случи, сите почнаа хиперпродукција и го презаситија пазарот.

Каде беа полните танкери со нафта што стоеа во место, во Сингапур (заливска нафта) и брегот на САД (америчка нафта),
американската нафта од шкрилци е многу поскапа од останатите и почнаа да пропаѓаат нафташите, сигурно нема да ти купат од 60 долари кога во Саудиска и Русија се продаваше за 15-20 долари еден период.

И што се случи потоа, Русија кажа дека без проблем ќе издржи до 2025 со ваква цена, Трамп и сржа на саудијците дека ќе ги тргне патриот батериите за заштита од јеменски(иранските) дронови, саудијците излегоа дека они се единствените кој не можат долго да калкулираат со ниска цена, 100% се зависни од нафтата, преголеми воени трошоци (поголеми од Русија) и седнаа се договорија за намалување, ама сега и САД индиректно беше вклучен во оваа намалување.

Нафташките компании (освен најголемите) во САД се со долгови во гуша, така да најголем губитник од ценовната војна е САД.
Чинам нафтата беше на рекордно ниско ниво подоста пред кризата со пандемијата од сарс-ков-2.
Нели малку се крена после пар средби на Путин со новиот саудијски крал, па пак падна после и потоа полека растеше како се чистеа резервите (и полните танкери). Инаку уште на почетокот на падот на цените пред отприлика пар години имаше интересни написи за Кина и полнењето на огромен број цистерни и резервоари за нафта таму, плус и закотвените танкери.

Од сеќавање отприлика зборувам, но може да ги провериме фактите.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.429
Поени од реакции
43.267
Интересна тема за причините за распад на СССР, добра аналитика на таа тема прави историчарот Андреј Фурсов, и делумно Валери Пјакин.
Првото е Бретон Вудскиот систем, доларот како резервна валута, од таму произлегува предноста на САД, иако е со превара и печатат долари без златно покритие...
Дали ако Сталин имаше нуклеарна бомба тогаш, ќе го потпишеше тој договор...
Главниот проблем во една цивилизација, е толпоелитаризмот или групирање и создавање на касти, аристократија или елита...
Партиската номенклатура е како чума, за две три генерации стануваат каста, од друга страна не им е 100% сигурна иднината и сопственоста, така да голем дел се искушија, целенасочено да го разрушат социјализмот, и да станат приватизатори на дел од сопственоста.
Немам предвид, убиството на Сталин и на другиот ден Берија, после тоа троцкиските на чело со Хрушчов преземаа власт...
Имам предвид на целата елита секаде, и сега тоа што прават во ЕУ, Бајден во САД, тој шаблон е универзален за сите држави. Ако има еден силен посветен центар на власт, може да ги создава, насочува, презема елитите.
Не само Антропов или Горбачов, а доста длабоко се интегрирани тие агенти ликвидација на социјализмот, уште од седумдесетите години покрај тие трговски претставништва на запад, римски клуб, разни форуми, за 10-15 години,голем дел од таа највисока номенклатура ја прифатиле играта, да приватизираат дел од руските богатства...
Гледам голема логика во сето тоа, банкротот на САД е во 1971, тогаш секој нормален немаше да прифати доларот да продолжи да е резервна валута без златно покритие, но Брежнев си ќутел, мислам дека не бил глупав, значи е дел од заговорот...
Ти баче ако имаш појма нешто што збориш еве. Врска немаш од економија како прво. Го уништил Горбачев советскиот сојуз... Го уништила неработничката багра која ги јадела фирмите, додека на запад имало компјутери и роботи они уште не знаеле што е тоа и како изгледа, тоа го прави нивниот продукт скап и инфериорен на западниот пазар, единствена опција за трговија се Северна Кореја и Папуа Нова Гвинеја. Горбачев е нешто најдобро што и се десило на Русија, ненамерно направил да се ослободи од лебари како украина, Казакстани, таџикистани и друга боранија, и да оди напред. Со овој развој на технологија Советскиот Сојуз да би постоел денес, не би бил многу различен од Северна Кореа. Би ги имале ракетите но би живееле у некое друго време.

Друга работа мешаш теории на заговори каде ќе стигнеш, што врска немаат со реалноста и постојат само во твојот ум.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.820
Поени од реакции
8.657

Реално иако Горбачов се смета за гробар на СССР, човекот има доста придонесено за Русија. Оти како што викаш еден куп џаболебари, сите чекаат од државна каса, а во меѓувреме распродаваат од локалното производзтво за свој џеб. Па кој че те ебуа така? Русија е во криза, ќе биде уште некое време, ама денот кога се одели од Украина и становците треба да го прогласи за празник.
Дека имало роварење на западните(еврејските) сили имало, ама тоа не е пресудно за распаѓањето на СССР, системот стана неодржлив!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.487
Поени од реакции
84.952
Немам предвид, убиството на Сталин и на другиот ден Берија, после тоа троцкиските на чело со Хрушчов преземаа власт...
Стаљин не е убиен, а троцкисти Хрушчов и компанија, не се.
Автоматски споено мислење:

Ти баче ако имаш појма нешто што збориш еве. Врска немаш од економија како прво.
врска нема ни од историја, али тоа нека не го спречува да постира глупости на таа тема
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.325
Поени од реакции
1.871
Стаљин не е убиен, а троцкисти Хрушчов и компанија, не се.
Автоматски споено мислење:

врска нема ни од историја, али тоа нека не го спречува да постира глупости на таа тема
;)
Имам предвид, Историја, не историја. Секогаш историјата ја пишуваат победниците, како да објаснам има објективна историја, има официјална. Некој пат се поклопуваат, друг пат не.
Пример ние пред 30 години учевме една историја, сега се учи друга, Хитлер и Сталин биле ортаци, социјализмот е ист како фашизмот...;)
Доктор по таа тема е Фурсов, и јас сум убеден дека Хрушчов е троцкист, Сталин е отруен, а за Берија знаеме, брутално е ликвидиран како куче пред куќата.
Значи нема официјално решение за ликвидација, власта е во Берија, а факт е дека има конспиративна група која не е под контрола на Берија, да ја изврши ликвидацијата. После тоа никој не ја апси таа група, на практика е пуч. Неофицијално, но убеден сум дека тоа е вистината, Берија се готви да ги апси за убиството на Сталин, а групата на Хрушчов гледат да не се случи тоа, биле побрзи, подобро работеле...
Но со вас нема дебата, професионални, платени наемни русофоби, ковидофили, се што ќе кажат од Кале.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441

Брутално ликвидиран вика, а тој шеф на тајна полиција. :pos: Можда и за Чаушеску ќе ти капне некоја солза дека брутално го ликвидирале како куче.

И си има име состојбата кога насекаде гледаш непријатели и дип стејт актери, ама се лечи, не се секирај.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Чинам нафтата беше на рекордно ниско ниво подоста пред кризата со пандемијата од сарс-ков-2.
Нели малку се крена после пар средби на Путин со новиот саудијски крал, па пак падна после и потоа полека растеше како се чистеа резервите (и полните танкери). Инаку уште на почетокот на падот на цените пред отприлика пар години имаше интересни написи за Кина и полнењето на огромен број цистерни и резервоари за нафта таму, плус и закотвените танкери.

Од сеќавање отприлика зборувам, но може да ги провериме фактите.
Не беше баш на ниско ниво, лани во јануари беше колку што е и денеска, околу 60 долари, по короната која започна во светот во февруари, ОПЕК+ имаше состанок на почетокот на март и тогаш Саудиска Арабија како предводник на ОПЕК имаше идеа да го намалат производството, можеби американците барале, ама тоа не го знаеме, во тој момент САД беше најголем производител на нафта, затоа Русија не се согласи овие да кратат, а САД да си го собира кајмакот, потоа во април почна хипер продукцијата и тогаш се виде дека американската нафта не е програмирана за ниски цени и Трамп почна да р'же.

Инаку ОПЕК+ настана пред околу 5г кога имаше исто така ниски цени на нафтата и отогаш се состануваат на месечно ниво за да договорат на кој колку да му биде производството,
не верувам дека сега америте би барале ниска цена на нафтата кога производствената цена на нивната нафта од шкрилци е околу 60 долари за барел, руската е нешто под 25, а саудиската мислам дека беше околу 20.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.638
Поени од реакции
35.497
Jaс зборував конкретно за падот на цената, на почетокот на 2016-та.

Уште поконкретно, зборував за специјалната војна против Русија (која испадна јалова).
Тоа беше целта на падот на цената тогаш, со бонус од дотепување на Венецуела... Цената на нафтата е оружје, и не е дека САД не знаеле дека со хуперпродукција ќе ја бутнат цената долу (па нивната нафтена индустрија дека ќе работи со загуба), туку многу намерно зголемиле продукција за да ја намалат цената. Но откако увиделе дека нема да ја постигнат целта, тогаш се договориле со ОПЕК и со Русија, да не одат САД бесцелно во загуба.

Падот на цената сега, е заради намалувањето на побарувачка (нели, заради пандемијата).

едит:
Еве го падот на цената од почетокот на 2016-та:
@Toma

Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Jaс зборував конкретно за падот на цената, на почетокот на 2016-та.

Уште поконкретно, зборував за специјалната војна против Русија (која испадна јалова).
Тоа беше целта на падот на цената тогаш, со бонус од дотепување на Венецуела... Цената на нафтата е оружје, не е дека Трамп или било кој „се сетил“ дека нивната нафтена индустрија работи со загуба па се договорил со ОПЕК и со Русија. Виделе дека нема да ја постигнат целта и се договориле.
Падот на цената сега, е заради намалувањето на побарувачка (нели, заради пандемијата).

Еве го падот на цената од почетокот на 2016-та:
@Toma

Тоа е 2014г кога Русите го лапнаа Крим и овие воведоа санкции, да тогаш ја бутнаа цената, ама тогаш америка имаше 30% помало производство, помала зависност од високи цени и немаше корона да ги утепа останатите сектори,
сега ситуацијата е поинаква, главната причина беше помалата побарувачка на нафта во светот и американското производство од 12-13м барели дневно, во 2016 мислам беше се создаде ОПЕК+, членовите на ОПЕК, бос Саудиска Арабија и + бос Русија и помали производители Мексико, чинам Бразил....
Тогаш и сега Саудиска Арабија излезе најнеподготвена за борба со ниски цени, 100% се зависни од нафтата, Русите колку толку имаат за јадење, овие имаат само песок, а американците да не беше короната ќе исштампаа некое трилионче и ќе ги покриеа загубите на нафташите како и тогаш, сега проблемот и беше што имаа уште повеќе трилиони за спасување на се живо.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.986
Поени од реакции
11.350
Само да додадам нешто во муабетов...
Русија не зависи толку од цената на нафтата од проста причина што не е ни најголем извозник! По производство се втори или трети(ама и самите се големи потрошувачи),а по извоз се 7-8 во светот.
Гасот е нивниот експорт и отсекогаш бил(дури и во најзатегнатите моменти на Студената војна!)! А таму никој неможе да им влијае со цена! Едноставно девизниот прилив им е од гас, не од нафта. И затоа толку ука-бука се крева околу гасоводите што треба да се градат. Западот(читај УСА) ни сега неможе да ги уценува затоа што нивниот ЛПГ(пропан-бутан) е многу поскап у старт од природниот метан што го извезува Русија,а и транспортот на истиот е супер скап и комплициран со посебни постројки за втечнување(притисок и минусни температури)+посебни танкери+повторно постројки за експанзија+нови гасоводи(не смее да се меша со метанот)!
Се разбира имате и папет држави што до грло и го имаат земено на Америка како:Полска и Балтичките... ама тоа е тоа! Малкумина знаат дека дури и една Јапонија влезе во ЛПГ заеднички проект со Русија(ака Сахалин 2) оти америчкиот гас им е прескап...

П.С.а пандемијава начисто ги отепа арапите и нивните петро-економии!
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.638
Поени од реакции
35.497
Отприлика тој е муабетот и затоа внимавам да кажам фосилни горива, а не нафта.
Но нафтата сама по себе секако е солиден дел од рускиот БДП, а не е само Русија, тука се и државите како Венецуела (со најголемите нафтени резерви во светот), Иран, и други кои се зависни од извоз на нафта, и каде САД секако ги проектираат сопствените интереси.

Не најмалку ни арапските држави, мала лекција да не им мрда многу опашката (саудијскиот крал на пример зачести на гости кај Путин).

Затоа САД упорно ја развиваат (и субвенционираат) индустријата за нафта од шкрилци, иако е прескапа (скоро неисплатлива, освен за цени над $60), и иако е катастрофа за екологијата на сопствената територија. Затоа што кога ќе затреба можат да ја буткаат надолу цената на нафтата (иако со загуба).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom