СССР се распадна како последица од губењето на ладната војна.
Не е дека ја изгубија војната пошто онака спонтано се распаднаа (демек заради корупција?)
Не постои држава во која нема корупција.
Мислиш дека во САД нема корупција? Пропаднаа заради тоа?
СССР беа премногу зависни од приходи добиени со продавање на фосилни горива, САД ладната војна ја добија преку манипулација на цената на нафтата (преку контрола на Саудијска Арабија). Се разбира имаше и многу други моменти кои си придонесоа до исходот, но нафтата беше капакот и нокаутот.
Сега една од главните стратешки цели на Русија е што поголема отпорност од флуктуации во цените на фосилни горива. САД инаку неодамна повторно ја пробаа истата „финта“, или не следеше што се случуваше со цената на нафтата во последниве години? Поентата ми е - ако на САД истото им успееше и овојпат, дали Русија ќе изгубеше заради „корупција“ или заради специјална/ладна/ватевер војна која се води против нив?
Реторичко е прашањето.
Интересна тема за причините за распад на СССР, добра аналитика на таа тема прави историчарот Андреј Фурсов, и делумно Валери Пјакин.
Првото е Бретон Вудскиот систем, доларот како резервна валута, од таму произлегува предноста на САД, иако е со превара и печатат долари без златно покритие...
Дали ако Сталин имаше нуклеарна бомба тогаш, ќе го потпишеше тој договор...
Главниот проблем во една цивилизација, е толпоелитаризмот или групирање и создавање на касти, аристократија или елита...
Партиската номенклатура е како чума, за две три генерации стануваат каста, од друга страна не им е 100% сигурна иднината и сопственоста, така да голем дел се искушија, целенасочено да го разрушат социјализмот, и да станат приватизатори на дел од сопственоста.
Немам предвид, убиството на Сталин и на другиот ден Берија, после тоа троцкиските на чело со Хрушчов преземаа власт...
Имам предвид на целата елита секаде, и сега тоа што прават во ЕУ, Бајден во САД, тој шаблон е универзален за сите држави. Ако има еден силен посветен центар на власт, може да ги создава, насочува, презема елитите.
Не само Антропов или Горбачов, а доста длабоко се интегрирани тие агенти ликвидација на социјализмот, уште од седумдесетите години покрај тие трговски претставништва на запад, римски клуб, разни форуми, за 10-15 години,голем дел од таа највисока номенклатура ја прифатиле играта, да приватизираат дел од руските богатства...
Гледам голема логика во сето тоа, банкротот на САД е во 1971, тогаш секој нормален немаше да прифати доларот да продолжи да е резервна валута без златно покритие, но Брежнев си ќутел, мислам дека не бил глупав, значи е дел од заговорот...