Овие два моменти не се креација на мојата субјективност. Тоа се факти. Дали јас ќе ги кажам, Петко, Станко, неважно. Тие ќе стојат.
,,Интер одигра над очекувањата на домашен терен". Колку интересен начин за заобиколка. Интер ја здроби Барселона со отпишаниот Лусио, Мота, Милито и Горан Пандев. Најјаката Барселона во историјата. На ,,Ноу Камп" очекувано беше да бранат резултат. Што очекуваше, да излезат лудачки да напаѓаат во полуфинале? Особено после црвениот на Мота?
За ова дека Милито бил во офсајд, мене малку не ми е згодно со оглед на тоа од кого доаѓа. Срамота е. Па сите титули во ЛШ во овој век се освоени после фијаска и скандали и масовен импакт на надворешен фактор, да не се лажеже сега.
,,Што му се случи на Мурињо на дебито?" Уау. Загубил во дерби. На еден натпревар. Со голема гол разлика. Што значи ова доколку ја гледаме големата слика? Дали тоа што Барселона до демолирала во дебито го менува фактот дека Реал Мадрид на чело со Мурињо ја прекина доминацијата на Барселона во Примера? Секако дека не.
Жозе Мурињо во два наврати и со два различни клубови изврши голема нужда на идилата наречена Барселона и замислата на клубот, Пеп, навивачите, за доминација во европскиот фудбал во континуитет. Важен збор: континуитет. Мурињо го прекина тој континуитет. Барселона во тој момент располагаше со тренер, играчи, судиска наклонетост, стабилна управа, односно ги имаше на своја страна сите потребни елементи за воспоставување на невидена доминација. Титула за титула, успех до успех. Деструктивниот менаџер тоа успеа да го прекине. И да го натера Гвардиола среќата да ја бара надвор од Каталонија.
Можете слободно да се смеете, да негодувате, да разговарате со другари кои навиваат за Реал Мадрид, другари од ЕБР, другари лаборанти, почитувачи на ликот и делото на Самка Ибраимоски. Ирелевантно е. Она што јас го изнесов е вистина и оддалечено од главата на секој поединец е на само еден клик.