Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Леле овој ликов од документарецот на Сандерленд дал два гола хахаахсх
Не верувам дека Челси ќе фати топ4. Лестер е сигурен топ4 патник според мене.Сити осваја лагано, Челзи, Јунајтед и Ливерпул едвај четврти, рачунајќи дека ботот Роџерс пак све ќе поебе у последниот дел од сезоната.
Не верувам дека Челси ќе фати топ4. Лестер е сигурен топ4 патник според мене.
Избриши го постов, ептен е кринџ.Забораваш дека Челзи го има Хаверц. Топ-4? Па тие сеуште се математички во игра за титула!
Избриши го постов, ептен е кринџ.
x2Нешто како Алисон Бекер последно време?
Човекот освои титула во ЛШ со Порто и подоцна со Тиаго Мота и Мунтари.
Тука завршува секој муабет за тоа каков тренер е Мурињо.
Само, јасни ми се коментарите на негова сметка. Со Интер ги одучи од фудбал и им ја прекина потенцијалната доминација во Европа, па мораа прскалки да пуштаат и несреќникот Валдес да оди да се тепа, а со Реал им ја прекина доминацијата во Примера.
Значи преценетиот деструктивен анти-фудбал менаџер (кој ве научи на ова, мамето) во времето на најголемата надмоќност на најголемиот тим на светот, со најголемиот фудбалер на сите времиња, во два наврати земаше дебел скалп.
Богами, фино.
До кога бе со вакви муабети? Со години се вртат овие муабети а немаат врска. Коментирате во име на фановите на Барса па кога како фанови ќе ви кажеме дека не е така викате дека за инает сме збореле?
Ајде да видиме реално... Со Интер не’ одучил од фудбал? Стварно? Ќе се правиме наудрени дека Интер нешто издоминира со Барса? Да, одиграа првиот меч во Милано над своите можности, секој респект за тоа, ама не може да се заборави дека Милито даде гол од чист офсајд без кој немаше никогаш да одат на реванш со два гола разлика. После на Кампот паркираа автобус и се молеа 90 минути да не примат два гола, а сепак ги примија, ама имаа среќа што топката случајно удри во раката на Туре па вториот беше поништен. Во ниеден момент тој Интер не беше подобар од таа Барса, ама во секој случај во ЛШ не секогаш поминува подобриот.
И еве шест месеца после прскалките кажи ми како помина Мурињо на Камп Ноу на првото гостување со Реал? Ако си заборавил да те потсетам... Беше згазен, уништен, дотепан, пратен six feet under и тоа со подобар тим од тој на Интер.
Ни прекинал доминација бе... Ден денес го заебавам другар ми што е за Реал за периодот на Мурињо таму. Најголеми комплекси им набивме тогаш, колку пати само Мурџо плачеше и кукаше по прес конференции. Реал кога го донесоа беа очајни за ЛШ, како што е сега Јувентус на пример. Сигурни беа дека Мурињо е the chosen one за таа работа а тој кутриот ни финале не им донесе. Освои една лига и еден куп ама тоа е премалку во споредба со се што освои Барса со Пеп во тој период. Веќе наредната сезона еден Тито Виланова му ја зеде титулата па Реал чекаше уште 5 години да помириса нов трофеј во лигата.
,,Интер одигра над очекувањата на домашен терен". Колку интересен начин за заобиколка. Интер ја здроби Барселона со отпишаниот Лусио, Мота, Милито и Горан Пандев. Најјаката Барселона во историјата. На ,,Ноу Камп" очекувано беше да бранат резултат. Што очекуваше, да излезат лудачки да напаѓаат во полуфинале? Особено после црвениот на Мота?
За ова дека Милито бил во офсајд, мене малку не ми е згодно со оглед на тоа од кого доаѓа. Срамота е. Па сите титули во ЛШ во овој век се освоени после фијаска и скандали и масовен импакт на надворешен фактор, да не се лажеже сега.
,,Што му се случи на Мурињо на дебито?" Уау. Загубил во дерби. На еден натпревар. Со голема гол разлика. Што значи ова доколку ја гледаме големата слика? Дали тоа што Барселона до демолирала во дебито го менува фактот дека Реал Мадрид на чело со Мурињо ја прекина доминацијата на Барселона во Примера? Секако дека не.