Гледам последно има бајги муабети за вакциниве и за тоа што заостануваме во тој поглед.
Во моментов во вакцинација водат Британија, САД и Израел. Израел си ги плати вакцините за $47 (инаку $20) и тоа пред сите други да почнат да прават нарачки. Плус ветиле дека ќе им ги дадат сите податоци на Фајзер во врска со вакцинацијата на населението. Потоа следат Британија и САД кои склучија договори навреме со Фајзер за купување на вакцини. Толку за набавката за вакцини.
Сега зошто го направија сето тоа.
Британија и САД откако направија хаос со начинот на справување со Короната, се со цел да спречат рецесија, пад на БДП и ограничување на слободите и правата на граѓаните, на крај се најдоа во ситуација да имаат голем пад на економијата, јаки рестриктивни мерки со ограничување на слободата, со голем број на заболени и мртви. Така трката за набавка на вакцина се сведува на фактот што овие земји ја фрлија сета стратегија во броба против вирусов на картата за вакцинација, надевајќи се дека барем една работа ќе направат како што треба и ќе излезат лидери во светот во справување со Ковид-19.
Ама вирусов е карма, за секој што се заебава со него, па повторно им ги еба плановите. Реалноста е дека вакциниве слабо се справуваат со мутациите, посебно со Бразилската и Јужно Африканската. Така да во моментов и покрај огромниот број на вакцинирани и САД и Британија, повторно се во опасност од раст на заболените и бројот на мртви.
Израел иако вакцинира турбо, сепак имаат пораст на заболените, покрај големиот број на рестриктивни мерки т.е. локдаун.
Така да реалноста е тоа што се зборуваше на почеток, вакцините ќе бидат само една од методите во справување со вирусов, ама не се единствено решение.
Сега засега едиствено добро решение излезе тоа на Кина, Виетнам, Нов Зеланд и Австралија.
И за крај, во наредниве два месеци ќе има многу голем број на податоци за вакцините. Од Британија за среќа со нивната лудост за вакцинација, ќе имаме голем број на податоци затоа што тие започнаа да експериментираат со зголемување на периодот на ревакцина на Фајзер од 3 недели на 8 недели, мешање на една доза од Фајзер со друга доза од друг производител и посебно битно ќе биде тестот за тие што биле болни од корона да добијат само една доза од Фајзер што ветува многу добри резултати од можеби 100% заштита.
Воедно Израел тестира на 16-18 годишни, па и за тоа ќе имаме информации.
Нашиве т.е. Филипче треба да престани да изиграва кловн и ако ништо друго можеше да излези и да кажи дека ветени ни се вакцини од ЕУ, но ЕУ не секогаш ги исполнува своите обврски кон Македонија, па ние треба да бараме и други доставувачи. Тоа ќе имаше и добра политичка порака.
Вакциниве од Астра Зенека ако се гратис треба да ги препродадеме ако некој сака да ги купи, ако се за пари тогаш треба да ги одбијаме, затоа што пет пари не вредат. Треба под итно да се прават договори за набавка на вакцини и тоа од Curevac таа вакцина треба да биде најнапредна mRNA вакцина и завршуваат со тестирање, така да добар момент да ја земиме. Воедно треба да се прават договори со Астра Зенека и Модерна за верзијата која ќе ги покрива и мутациите. И се разбира најитно да се ургира кај Србиве да земиме нешто од руската Спутник. Таа ќе биде добра за почеток и за моменталнава муатција што хара кај нас.