Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.451
Поени од реакции
39.083
Германска лабораторија потврдила дека вакцината на Фајзер заштитува со 60 % ефикасност против британската и јужноафричката мутација.

Пријателка шо работи во старечки дом се вакцинира пред 15тина дена со вакцина на Фајзер, после некој саат рамото и отече како цицка после ставање силикони. Отокот спласна после вториот ден, освен тоа сега за сега нема никакви други нус појави. Мислам наредна недела треба да прими ревакцинација.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.402
Поени од реакции
18.558
Гледам последно има бајги муабети за вакциниве и за тоа што заостануваме во тој поглед.

Во моментов во вакцинација водат Британија, САД и Израел. Израел си ги плати вакцините за $47 (инаку $20) и тоа пред сите други да почнат да прават нарачки. Плус ветиле дека ќе им ги дадат сите податоци на Фајзер во врска со вакцинацијата на населението. Потоа следат Британија и САД кои склучија договори навреме со Фајзер за купување на вакцини. Толку за набавката за вакцини.

Сега зошто го направија сето тоа.

Британија и САД откако направија хаос со начинот на справување со Короната, се со цел да спречат рецесија, пад на БДП и ограничување на слободите и правата на граѓаните, на крај се најдоа во ситуација да имаат голем пад на економијата, јаки рестриктивни мерки со ограничување на слободата, со голем број на заболени и мртви. Така трката за набавка на вакцина се сведува на фактот што овие земји ја фрлија сета стратегија во броба против вирусов на картата за вакцинација, надевајќи се дека барем една работа ќе направат како што треба и ќе излезат лидери во светот во справување со Ковид-19.

Ама вирусов е карма, за секој што се заебава со него, па повторно им ги еба плановите. Реалноста е дека вакциниве слабо се справуваат со мутациите, посебно со Бразилската и Јужно Африканската. Така да во моментов и покрај огромниот број на вакцинирани и САД и Британија, повторно се во опасност од раст на заболените и бројот на мртви.

Израел иако вакцинира турбо, сепак имаат пораст на заболените, покрај големиот број на рестриктивни мерки т.е. локдаун.

Така да реалноста е тоа што се зборуваше на почеток, вакцините ќе бидат само една од методите во справување со вирусов, ама не се единствено решение.

Сега засега едиствено добро решение излезе тоа на Кина, Виетнам, Нов Зеланд и Австралија.

И за крај, во наредниве два месеци ќе има многу голем број на податоци за вакцините. Од Британија за среќа со нивната лудост за вакцинација, ќе имаме голем број на податоци затоа што тие започнаа да експериментираат со зголемување на периодот на ревакцина на Фајзер од 3 недели на 8 недели, мешање на една доза од Фајзер со друга доза од друг производител и посебно битно ќе биде тестот за тие што биле болни од корона да добијат само една доза од Фајзер што ветува многу добри резултати од можеби 100% заштита.

Воедно Израел тестира на 16-18 годишни, па и за тоа ќе имаме информации.

Нашиве т.е. Филипче треба да престани да изиграва кловн и ако ништо друго можеше да излези и да кажи дека ветени ни се вакцини од ЕУ, но ЕУ не секогаш ги исполнува своите обврски кон Македонија, па ние треба да бараме и други доставувачи. Тоа ќе имаше и добра политичка порака.

Вакциниве од Астра Зенека ако се гратис треба да ги препродадеме ако некој сака да ги купи, ако се за пари тогаш треба да ги одбијаме, затоа што пет пари не вредат. Треба под итно да се прават договори за набавка на вакцини и тоа од Curevac таа вакцина треба да биде најнапредна mRNA вакцина и завршуваат со тестирање, така да добар момент да ја земиме. Воедно треба да се прават договори со Астра Зенека и Модерна за верзијата која ќе ги покрива и мутациите. И се разбира најитно да се ургира кај Србиве да земиме нешто од руската Спутник. Таа ќе биде добра за почеток и за моменталнава муатција што хара кај нас.
Апдејтот на астра зенека за новата варијанта во септември, таман време за да излезе некој нов сој и here we go again. Вакцините беа стратегија на сите земји, не само америка и ук. Нигде не го сузбија вирусот, и научна фантастика е дека во цел свет ќе го истребат како во кина. Доколку не функционираат вакцините, мислам дека на луѓето ќе им прекипи и ќе следуваат немири во сите земји каде ќе продолжат со рестрикции. Не може ако нема чаре да седиме заклучени со години за не се проптоварува системот. Нека отворат повеќе болници, вработат поише кадар и тоа е тоа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517

Шо знам дали само Кина може да го направи тоа. Во моментов се одржува Австралија Опен, сите други беа откажани во светот.

Во Нов Зеланд целосно функционираат без маски.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035

Знаеме дека е научна фантастика, ама ни треба да видиме некаков помак. Во Србија бројката е далеку од потребната што треба да биде вакцинирана ама веќе имаат позитивен импакт на колективната свест.
Нам ни треба некој малце да не заживее, да видиме дека процесот е жив.
Не утепа више психата покрај сите лаги и превари кои ни се сервираат секојдневно.
Народот не го интересира дали вакцината е руска или кинеска. Планот за имунизација е како да го правел дежурен од Комунална хигиена. Бараме малце посериозен пристап.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.816
Поени од реакции
17.032
..Нигде не го сузбија вирусот, .. Доколку не функционираат вакцините, мислам дека на луѓето ќе им прекипи и ќе следуваат немири во сите земји каде ќе продолжат со рестрикции. Не може ако нема чаре да седиме заклучени со години за не се проптоварува системот. Нека отворат повеќе болници, вработат поише кадар и тоа е тоа.
веќе имаше немири, ете последно во Холандија...има полоша работа, Бајден ако биде притиснат од внатрешни немири веднаш ќе почне некоја нова војна, прво со Иран, а дури ни некој вид светска војна не е исклучен, ете имавме правокации во кинеско море а и против Русија... проблем е што се замолчани големите европски држави како Германија , Франција...Холандија, Канада отворено ќе се бунат, ама тие се малцинство..
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.402
Поени од реакции
18.558
Шо знам дали само Кина може да го направи тоа. Во моментов се одржува Австралија Опен, сите други беа откажани во светот.

Во Нов Зеланд целосно функционираат без маски.
Тенеке, една година помина и уште веруваш во бајки. Има повеќе 100 милиони случаи, во сите земји од светот. Еден куп земји што не се ни приближно до нивото на Австралија, Кина или Нов Зеланд. На прсти се бројат земјите што имаат технички можности да го спроведат тоа, а и они самите немаа воља. Богзнае што мутации ќе излезат во тие забаталените земји, и доколку вакците не функционираат, кад тад ќе се рашири пак во останатите земји.
Автоматски споено мислење:

Знаеме дека е научна фантастика, ама ни треба да видиме некаков помак. Во Србија бројката е далеку од потребната што треба да биде вакцинирана ама веќе имаат позитивен импакт на колективната свест.
Нам ни треба некој малце да не заживее, да видиме дека процесот е жив.
Не утепа више психата покрај сите лаги и превари кои ни се сервираат секојдневно.
Народот не го интересира дали вакцината е руска или кинеска. Планот за имунизација е како да го правел дежурен од Комунална хигиена. Бараме малце посериозен пристап.
Не зборам конкретно за кај нас, за светско ниво. Дека не е реално да се очекува 0 случаи, и дека доколку вирусот мутира постојано (нешто што се збореше во темава) и вакцините не функционираат, не може да се заебаваме со рестрикции цел живот.
 
Член од
2 февруари 2021
Мислења
17
Поени од реакции
11
Фајзеровата и кинеската вакцина имаат еднаков степен на безбедност, нема простор за сомнеж. Ќе пристигнат 2 милиони дози со авионски транспорт. После месец март ќе бидат достапни вакцините, изјави министерот Венко Филипче.
извор

Веќе почнаа полека да поместуваат накај март :)
И кои се тие 2 милиони дози сега?
 
M

Macedon1um

Гостин
Нашиве т.е. Филипче треба да престани да изиграва кловн и ако ништо друго можеше да излези и да кажи дека ветени ни се вакцини од ЕУ, но ЕУ не секогаш ги исполнува своите обврски кон Македонија, па ние треба да бараме и други доставувачи. Тоа ќе имаше и добра политичка порака.

Вакциниве од Астра Зенека ако се гратис треба да ги препродадеме ако некој сака да ги купи, ако се за пари тогаш треба да ги одбијаме, затоа што пет пари не вредат. Треба под итно да се прават договори за набавка на вакцини и тоа од Curevac таа вакцина треба да биде најнапредна mRNA вакцина и завршуваат со тестирање, така да добар момент да ја земиме. Воедно треба да се прават договори со Астра Зенека и Модерна за верзијата која ќе ги покрива и мутациите. И се разбира најитно да се ургира кај Србиве да земиме нешто од руската Спутник. Таа ќе биде добра за почеток и за моменталнава муатција што хара кај нас.
Баш вчера слушнав дека нашиве единствено со Русите не преговарале за обезбедување на вакцините од Спутник, и покрај тоа што првичниве резултати кажуваат дека Руската е една од најефикасните вакцини во моментов. Нашиве задникот под кирија го имаат дадено на запад, и не смеат ни за вакцина да преговараат изгледа

извор

Веќе почнаа полека да поместуваат накај март :)
И кои се тие 2 милиони дози сега?

Пишува после Март што веројатно значи Април, а можеби и Мај дебакл класичен
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Тенеке, една година помина и уште веруваш во бајки. Има повеќе 100 милиони случаи, во сите земји од светот. Еден куп земји што не се ни приближно до нивото на Австралија, Кина или Нов Зеланд. На прсти се бројат земјите што имаат технички можности да го спроведат тоа, а и они самите немаа воља. Богзнае што мутации ќе излезат во тие забаталените земји, и доколку вакците не функционираат, кад тад ќе се рашири пак во останатите земји.
Автоматски споено мислење:

Не зборам конкретно за кај нас, за светско ниво. Дека не е реално да се очекува 0 случаи, и дека доколку вирусот мутира постојано (нешто што се збореше во темава) и вакцините не функционираат, не може да се заебаваме со рестрикции цел живот.
Добро еве ги мутациите, тука се, ќе видиме сега на дело како функционира природен имунитет. Најголем дел од новозаразените во Прилеп и Охрид се со англиска мутација.

Во Охрид во моментов станува хаос со бројот на болни, но Охрид во Ноември немаше многу болни, во Прилеп пак обратно, сега е релаксирано, ама во Ноември беше хаос.

Ќе видиме дали во Прилеп ќе почнат да растат бројот на болни, како што викаат дека британскиов е толку заразлив.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.551
Поени од реакции
2.727
Јас незнам што е ова тупање со вирусов , ваква мутација , таква мутација , имунитетот толку траел , онолку траел , ако е вака како што трубат медиумиве дај да се затвориме сите по дома и да не излагаме матер му ебем. Никој до сега нема спомнато дека и покрај сите мутации и глупости дека реинфекциите се многу многу ретки , доколку се фаќаше така лесно по 3пати досега ќе имаше голем број на реинфекции. А и да заборавив дека кога се кажува дека можни се реинфекциите генерално се зборува дека се полоши од првиот пат , по никој вирус второто заболување ако е возможно не е потешко од првото бидејќи веќе организмот го научил/запознал вирусот.Исто да не ги заборавам експертите што ги викаат на нашите телевизии како Шител. Уште не почната годинава се втурија од сеење страв на населениево , здрави луѓе ќе поболиме од глупостиве што ги сејат медиумиве.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
... све све...ама зошто вирусот „ги одбегнува“ децата, не постои таков вирус барем до сега кој одбира дали помлада, средна, возрасна или постара популација ќе ја инфицира? колку деца се оболеле од болеста К19? има ли било каква, било каде некаква статистика околку заразена педијатриска популација има со SARS-CoV-2 ?
 
D

Deleted member 12196

2% од вкупниот број на заразени се до 10 години и уште 4,3% до 20 години.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.978
Поени од реакции
8.247
Интересно 20+ починати, 70 новозаразени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom