Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Сомнителен кастинг :cautious: од 10 главни улоги 6 анонимни албански актери, 1 гркинка, 2 македонски театарски глумци и само Катерина Коцевска како поискусна. Слаѓана Вујошевиќ има потенцијал ама ќе видиме. Дамјан Цветановски (син на покојниот режисер и професор Владо Цветановски) сум го гледал во Битолски театар ама не сум сигурен дали добро му легна улогава. Кога ќе излезе филмот тешко е да се каже имајќи во предвид дека Цветановски го влечка првиот македонски анимиран филм Јон Вардар и Галаксијата веќе скоро 6 години
 
Не можеш да споредуваш анимиран со игран филм.

"Јон Вардар" се влечка зашто малку аниматори имаат и го цртаат рачно. Последно што знам е дека имаа и voice актери избрано и се во пост-продукција. Кога ќе излезе, кој знае.

За "Денот", пошто Пердика спомна дека е прогуран од немакедонциве на конкурс и гледале што побрзо да го снимат и да исперат пари, ништо чудно при крај на годинава да излезе.

Визуелно по тизеров изгледа одлично и тука нема збор. Сигурно Фејми Даут завршил одлична работа, прашањето е колку приказната е добра. Двајца немакедонци, добри поштени луѓенца, чесни, кои ќе се борат против кoрумпираниот македонски kingpin. Уште да речат дека немакедонциве се од Арачинове. Звучи ко комедија. :D

За актериве веќе имам пишано дека ги имам гледано во два кратки филма и ми се ептен антипатични на камера. Ни Катеринчето не е тоа што беше ко глумица. А таа Гркинка што си ја пишал е Бугарка, со грцко потекло претпоставувам.
Едино Слаџа ако нешто изигра.
Има некаде да се најде цела листа на филмови и серии (да има кратки, долгометражни, документарни) да се види што е до сега снимено во државава?
Нема.
Автоматски споено мислење:

За еден филм да е македонски, треба да е направен со мнозински македонски удел, т.е. најголем дел од парите за него да ги дала Македонија. Ништо друго не е важно.
Го правеше овој муабет и со мене. Ама јас си легнав на брашното. :D

Му го разбирам хејтот на @123456 , и јас го имав првично тој став, ама ко веќе ги снимиле со пари од мој џеб, од твој џеб, од народен џеб, ќе мора да ги сметаме за македонски.

П.С. @123456 коментаторите на утакмицата што ја гледаа во Србија/Хрватска збореа на македонски.
 
Последно уредено:
За "Денот", пошто Пердика спомна дека е прогуран од немакедонциве на конкурс и гледале што побрзо да го снимат и да исперат пари, ништо чудно при крај на годинава да излезе.

Како што ми мириса работава и како што сум видел како работи Гоце, филмот ќе има многу брзо премиера (ќе го наштанцаат во монтажа брзо), највероватно есен, или ако не си го прати кај чичко му на фестивал во Париз (see a paris), затоа што според ова што го видов филмот нема да има фестивалски живот освен на локални регионални фестивали на балканов. А ако има добра кинематографија од Феко, тогаш може македонска премиера на Манаки или Синедејс.
 
Во интервју изјави дека доколку се е во ред "Кајмак" би се снимал летово.
Моментално покрај Македонија имал поддршка и од Данска и Бугарија.

Ваке таке, Милче ќе си заработи за ново станче. :(
 
Торент за Ругање со Христос?
Ругање со Христос дали можам некаде да го најдам на интернет?
Ругање со Христос има некаде каде можам да го гледам?
Ова е прва и последна опомена. Очигледно интересно ти е да не тролаш сите тука со истото прашање на секои два месеци. Следниот пат ако решиш да го поставиш истото прашање, ќе добиеш поинаков одговор. Толку од мене.
 
Marick14 е, не знам што очекуваш. Гарант сеа и у приватна порака ќе те праша дали може Ругање со Христос да го најде негде.
 
Каде да го најдам Годината на мајмунот?
 
Каде да го најдам Годината на мајмунот?
 
Ај може на некој ќе му текне, филмов често го даваа на БТР телевизија пред петнаесетина години, правен е негде 2001/2002 година. Учествуваа Петар Арсовски, Софија Куновска, цурава од спотов со Калиопи, Бранко Ѓорчев, Јовица Михајловски, Марин Бабиќ... Беше нешто као мафијашки филмот.
Памтам две сцени, првата е кога Сенко, Петар, Јовица и уште еден човек ќе појдат на лов, по што Петар Арсовски ќе дознае дека Сенко му ги дупел ќерката и жената, па ќе го убие со пушка.
Втората сцена е при самиот крај кај што експлодирува автомобил бомба.

Знам дека го имате гледано, често се даваше порано по телевизииве, али никако да ми текне на името на филмов, а и никако неможам да го најтам по интернетов. Хелп :)
 
Стапица
https://www.imdb.com/title/tt1091855/

https://www.dailymotion.com/video/x6ey8mq

Или на некој друг мислиш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom