Мене единствено во „Врба“ не ми се допаѓаше што триптих-приказната не беше заокружена во кохерентна целина т.е. немаше нишка која ги поврза трите приказни експлицитно, инаку, Сара Климоска - преубава и фотогенична фаца, глумата нејзина прекрасна, претпоставувам дека не било лесно да се долови тоа наречје и тие архаизми, Наталија исто така на ниво, Камка супер. И останатите актери се значајни за спомен. Во суштина, единствено забелешки имам околу тоа дека финишот можеше да биде малку посолидно осмислен, вака ми делуваше некако недоречено. Милчо како и секогаш си поигрува со контроверзни теми кои се избегнуваат и туркаат под тепихче, во свој шок-рокер стил, тоа очигледно и пали кај публиката.
А, да. Камео-улогата на Милчо во филмот во стилот на големиот Хичкок ја приметив, чинам, во продавницата каде имаше сцена на расправија со Јелена Јованова, а повторното појавување на ликовите на Сара и машкиот лик од првата приказна, се случија на плакатот во клиниката за плодност, овој детаљ мене ќе ми избегаше, го примети другарката со која го гледавме.