- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.393
- Поени од реакции
- 7.041
Јас сепак би типувал на Норвешка и Данска иако е широк кругот на можни кандидати овојпат отворено е првенството за изненадувања.Унгарија, Шпанија, Данска, Хрватска и Франција, мислам дека една од овие ќе биде шампион. Е сега од втор план колку можат да изненадат Португалија, Шведска и Египет.. Гледам Норвешка ја фаворизираа пред Светско, тешко, не верувам. Ама пак преку некое дупче што се вели мора да има скандинавци во финишот
Шпанија мене и не ме импресионира премногу, оваа Германија не е некое мерило, да не им се повредеше Де Толедо ништо чудно и Бразил да ги "лупнеше". Шпанците си ја играат нивната игра, ќе стигнат четвртфинале секако, можеби и полуфинале зависно со кој ќе се паднат, ама ми се чини дека се за пола-чекор побавни од порано, а толку треба за да им се распадни играта. Вчера голманите ги извадија, што правиме кога нема да добијат 20 одбрани од голман?
А освен Шпанија, во тој некој поширок круг би ги додал Хрватска (која ќе ја имав и повисоко ама не знам дали можат без Циндриќ), Египет, Словенија, Унгарија, Португалија. Ете и Франција нека е во овој круг, не дека нешто играат, послаби мислам никогаш не биле, ама тој триумф над Норвешка (кој сеуште ми е мистерија како се случи) ги става во пол позиција да минат во четвртфинале а штом се таму се е можно.