07.01.18 Španjolska Poljska 37 : 22
25.10.19 Poljska Rusija 19 : 30
27.12.19 Poljska Španjolska B 26 : 27
12.06.19 Kosovo Poljska 23 : 23
Еве низ што помина резот кој го направија Полјаците (кој за нас слободно можам да кажам дека се алфа и омега во ракомет).
Од 25.10.19 до 21.12.20 Полјаците изиграа 11 натпревари и сите беа ЗАГУБЕНИ.
Значи цената на резот сакале нејќеле дури и репрезентација како Полска ја плаќале, камо ли ние.. за сега Полјаците да се на чекор до четвртфинале.
Нас допрва не чека овај период кој досега го врвеле Полјаците, јбг тие се играчите, можи да ги пратиме и подржиме, или да смениме спорт да пратиме одбојка тенис нешто..
Брестовац колку и да не е калибар од светска класа, сепак се нафате да ја води репрезентацијата во најтешкиот можен период, и донекаде треба да сме благодарни за работата која што ја заврше во младите категории посебно со 2000та генерација, од кај шо сега имаме 2-3 играчи (Костески, Серафимов). Пред Брестовац да почнит да работат со млади категории ние не ни праќавме кадетски репрезентации на турнири, додуша не ни постоеле.
Мора да одбериме играчи од 2002+ генерација кој имаат потенцијал и талент, и со нив да се работи исклучително КВАЛИТЕТНО и минутажата на тие играчи да е голема во нивните клубови, тука ќе треба да се врши голем притисок врз тренерите а не како досега, Марко Митев во Бутел играше по 10-15 мин на утакмица, последна утакмица со Металург ја изигра цела на која шо Бутел тепа гости со голема разлика. Главен играч за победата беше токму Митев.
Исто бев сведок на АБДАЛСКИ одлуки на тренерот на Металург, пример во суперлига ПРЕД ГУСТИОТ распоред на Металург, по едно полувреме играа Хорват и Серафимов на десен бек, АБЕ 20 години имат пуштиго нека играт цела утакмица да ти ебам абдалот, сега ако не играт по 60 минути кога, на 90 години? Со Фиверс исто влегви Серафимов во второ дава 4 гола со ред (клучни за пресвртот), за награда до 55 минута да го заковат на клупа, зошто? За Хорват да играт десен бек
Вардар одбра македонски играчи од кој шо можит врв на кариера да му е Линц во Австрија, ито на клупа крпи да додаваат. Брестовац се бунит нешто за Јагуриновски шо не добивал минутажа, добро бе, неможам да сватам ШО гледаат во Јагуриновски?? Најголем антиталент за ракомет, немат ни игра 1 на 1, ни скок шут ни брзина ни техника, сега пак со Чиле ко го гледав во Работнички како е згојан ко Ванчо Димовски на десен бек да го гледам.
Разбирам некој играчи од таа генерација пример Кукуловски, во него има колку толку материјал за работа, ама овај бе сериозно?
Исто настана проблем со македонските играчи во Вардар што се одложе Сеха Лигата, да прифатеа да играат во Супер Лига ќе можеше да му се дават шанса на нашите играчи, немора да ги играш Дибиров и Чупиќ против Охрид и Тинекс Пролет, добро ќе беше за Кизиќ, Димитриовски, Карапалевски, Мишевски кој во 2020 една утакмица не изиграа, посебно криво ми е за Кизиќ..изгубена сезона за него.
Нека размислат сериозно од РФМ да Вардар и Пелистер се вратат во СУПЕРЛИГА, македонските играчи во тие клубови ќе можи да добиваат минутажа а и самата лига ќе добијат МНОГУ на квалитет шо е многу значајно за останатите млади играчи кој ќе играат квалитетни натпревари, пуштиго ако требит и Дибиров по 10-15 минути, да видат шо значит да се игра против светска класа на играч, ги имаме во Македонија а не ги користиме, односно не знаеме да ги искористиме.
Исто да се воведит некое правило играч под 19 години во текот на сите 60 минути да мора да е во игра.
Ситуацијата е таква да МОРА квалитетно да се работи со младите играчи, доколку во овие 2 до 4 години не произведиме играчи барем со слично ниво на Кузмановски, ќе не чекат еден пост можда од 5 години па и појќе, многу е битно да го задржиме континуитетот и рангот во ИХФ и ЕХФ дур не се стабилизираме, пошто ако падниме во втор ешалон, од таму репрезентации како Данска, Франција, Германија во двомеч можи да ги добиеме ако ги вратиме Лазаров и Пепи Манасков со некоја временска машина и да се надеваме на некој нов вирус кој ќе го фати нивниот прв состав па да пробаме да ги добиеме со нивните Б играчи во Скопје, па после гости да се надеваме дека ќе играме на некој празник ко водици, пошто нели на водици никогаш не губиме
Исто и апел до владата да ги отворат теретаните, со склекој и стомачни против Египет мало сутра