Унгарија доста добро делува засега. "Dark horse" кандидат за висок пласман. Со оглед на тоа како вкрстуваат групите, очекувам да ја мината втората групна фаза и да се пласираат во четвртфинале. Имаа дупка тие пред неколку години, пропуштија и некое првенство, но полека полека формираа една нова репрезентација, комбинација на поискусни играчи и млади таленти и се повторно спремни да се вратат во топ 10 каде што беа со години, барем едно две децении на назад. Ова е екипа која ја спремаат за идната година кога се игра европско кај нив, така што допрва треба да го очекуваме пикот веројатно. Плус немаат некое значајно отсуство така што тие се една од ретките екипи која е со максимумалниот потенцијал дојдена на ова СП.
Германија од друга страна, не е изненадување што изгуби. Ако не се вратија во натпреварот на типичен германски начин во финишот на првото полувреме ќе изгубеа и многу полошо. Германците имаат толку широк ростер што најголем дел од отсуствата секогаш можат да ги надополнат, тие никогаш не се комплетни, но овојпат мислам им се погодија многу незгодни откажувања кои немаат како да ги надокнадат. Кога играат добри првенства се знае, кај германците се почнува од одбраната, а токму тука се осакатени со отсуствата на сите 3 главни пикери (Винчек, Пекелер и Колбахер) како и главниот специјалист за дефанзица (Лемке). Едноставно се раштиман оркестар во центарот на одбраната (можеби не колку нас, ама далеку од некаква сериозна репрезентација) и невозможно е некоја комплетно нова, помалку талентирана централна одбрана да се уигра во само неколку недели колку што имаше Гисласон на располагање. Очекувам да изгубат уште бодови во втората фаза и да завршат некаде меѓу 10то и 15то место.
Инаку не знам колку сте ги виделе новите групи и вкрстувањата. Не се баш добро избалансирани според мене. Вториот дел од ждрепката (групи 3 и 4) каде сме и ние е доста потежок. Од друга страна, Данска и Хрватска се скоро пласирани во четвртфинале, тие можат слободно постепено само да темпираат форма за финишот. Без ниту една друга европска држава во нивниот дел од ждрепката, само со Катар како посериозна репрезентација (а и тие се ослабени без најјакиот играч Капоте) и до некаде Јапонија како незгоден противник.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
П.С. Денес со Словенија, нема што да се очекува, многу силен противник, кој барем по имиња има состав за борба за медали. Ако се додаде дека најјаките страни опасно се вклопуваат на нашиот најголем проблем во моменталната екипа, се плашам дека не очекува нов дебакл. Дај боже да грешам.