Ова ми се чини е уште еден доказ дека не сме физички спремни за првенство. Не може после 3 натпревари, пола екипа да има некакви повреди. Особено не ако се земе во предвид фактот дека единствен во екипата кој играл над 2 часа од 3 можни досега е Кузмановски со 2:02 поминато на теренот од 3 вкупно саати одиграни. Толку мала минутажа по 3 кола никогаш сме немале, иако за жал тоа е резултат на катастрофалните изданија во првите 2 кола.
Статистика по прелиминарната фаза во нашиот состав
Неколку "highlights" од статистиките:
1. Имаме 40 технички грешки на 3 натпревари. Од сите екипи кои имаат одиграно 3 натпревари досега, само Мароко и Уругвај имаат повеќе. Конго и Ангола се другите кои денес ќе не надминат, евентуално Полска. Главниот проблем со техничките грешки не е толку дека си го реметиме квалитетот на напдот според мене, колку што огромен процент од овие изгубени топки се претвораат во транзициски шанси за спротивната страна, а засега катастрофално браниме транзиција (не се враќаме навреме, правиме измени, не убиваат екипите на продолжена транзиција). За според екипите од нашата група во втората фаза: Шведска (18), Египет (33), Белорусија (34), Русија (29), Словенија (36)
2. Талевски е 0/7 шут досега. Дополнителен коментар не е потребен. Очигледно е психолошки надовор од натпреварувачка форма, веројатно и физички, според мене некој период поарно нека не го повикуваат да си врати кариерата на нормален колосек, па пак здравје боже да имаме корист од него. Жално е да се гледа како се мачи на теренот моментално. А имал тој придонес на некои минати првенства и како многу помлад играч, не е дека секогаш бил ваков.
3. Десните крила имаат 12/14 шут од "не-пенали". Очигледно е дека Георгиевски не е неопходен веќе и со оглед дека не е млад, мислам дека сме на подолг рок покриени тука. Од друга страна, од дуото на лево крило имаме шут 5/11. Факт е дека добро ќе беше барем еден од Манасков и Маџовски да беше на СП. За среќа, реално ова ние се 3 и 4 избор на оваа позиција, а имаат уште многу ракомет во нив двете први опции, па долгорочно не сум толку загрижен. А Кузманоски е млад, сигурно ќе напредува.
4. Велковски има 5 асистенции и 0 технички грешки!