Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо од огромно дерби и во ова финале на Копа Либертадорес

и Ривер и Бока елиминирани од бразилски екипи во 1/2 финалето

Ривер-Палмеирас 0:3
Палмеирас-Ривер 0:2

Бока-Сантос 0:0
Сантос Бока 3:0

Бразилско дерби сепак во финалето!

Финалето ќе се игра на Маракана на 30 Јануари и ќе се игра само еден меч.
 
Во Аргентинскиот куп, Бока ги победи Банфил после пеналите откако регуларниот дел заврши 1-1 после гол на Банфилд во...96 минута.

Зошто е ова интересно?
Бидејќи за прв пат Аргентинскиот куп се нарекува "Куп Диего Марадона", и ете, подигнат е од страна на Бока
 
Торес ли е Хулк ли е?
:pos:
Да не почнува кечерска кариера како Тим Визе ?
14016407361546.jpg
 
2026 World Cup host city candidates:
1f1fa_1f1f8.png

Atlanta
Baltimore
Boston
Cincinnati
Dallas
Denver
Houston
Kansas City
Los Angeles
Miami
Nashville
NY/NJ
Orlando
Philadelphia
San Francisco Bay Area
Seattle
Washington, DC
1f1e8_1f1e6.png

Edmonton
Montreal
Toronto
1f1f2_1f1fd.png

Guadalajara
Mexico City
Monterrey

Не знам како ќе ги распределат, ама еве, овие градови конкурираат за СП 2026 што ќе се игра во сите три земји.

Вака на прва, ако ги исполнуваат условите...што да не сите три од Мексико и Канада да не добијат мечеви + 4-5 од САД
 
Ќе има простор за повеќе градови домаќини. Од ова првенство ќе учествуваат по 48 репрезентации и ќе има повеќе натпревари. А и без тоа, се сеќавам во 2002 во Јапонија и Кореја имаше 20 градови домаќини. На некои стадиони се играа само по два меча.
 
Ќе има простор за повеќе градови домаќини. Од ова првенство ќе учествуваат по 48 репрезентации и ќе има повеќе натпревари. А и без тоа, се сеќавам во 2002 во Јапонија и Кореја имаше 20 градови домаќини. На некои стадиони се играа само по два меча.
Најдобро организирано првенство беше тоа 2002 година, прекрасни стадиони. Единствено лошо беше временската разлика со Јапонија и Кореја.
 
Најдобро организирано првенство беше тоа 2002 година, прекрасни стадиони. Единствено лошо беше временската разлика со Јапонија и Кореја.
Едни стадиони што да ти кажам, пола од нив беа со атлетска патека.
Германија 2006 и Русија 2018 според организација беа најдобри до сега. За Русија сите збореа дека ќе имаат проблеми и на крај растурија.
Јужна Африка беше океј, ко за афричка нација беше и одлично.
Бразил беше катастрофа, не успеа на рок да завршат се, Зика вирус, па протести, времето беше ептен топло и влажно што влијаеше многу на тоа каков фудбал се играше.
 
Ништо од огромно дерби и во ова финале на Копа Либертадорес

и Ривер и Бока елиминирани од бразилски екипи во 1/2 финалето

Ривер-Палмеирас 0:3
Палмеирас-Ривер 0:2

Бока-Сантос 0:0
Сантос Бока 3:0

Бразилско дерби сепак во финалето!

Финалето ќе се игра на Маракана на 30 Јануари и ќе се игра само еден меч.
Во мега-досадно финале Палмеирас победи 1-0 со гол во.....90+9 минута, а се играше вкупно 90+15 минути продолжение
 
Клупското СП требаше да започне утре ама..нема да започне.

Оукленд поради претпазливи мерки за КОВИД нема да патуваат.

Al-Duhail автоматски се пласира во следната рунда каде што ќе играат со Al Ahly.

Подобриот од тој меч во 1/2 финалето ќе игра со Баерн

Во четврток ќе се игра тој меч како и мечот Тигрес-Улсан (а подобриот од овој меч оди на Палмеирас)
 
Не знам дали некој има пишано, ќе оди на МТВ светското клупско. Јас додуша би го гледал само финалето ако играат Баерн и Палмеирас, другото ич не ме интересира.
 
Апдејт за Светското Клупско Првенство:

Тигрес со 2-1 ги победија Улсан.
Се беше решено во прво полувреме, откако Корејците први поведоа, а мојот омилен потценет играч (заедно со Џовинко) - Андре Жињак постигна два погодоци (еден од пенал)

Во АЛ Класико, подобри беа Ахли.

Ал Ахли ги победи Ал Духаил со 1-0 со погодок на Ел Шахат.

Во недела ќе се игра едното полуфинале, а другото ќе биде во понеделник.

Исто така во недела ќе се игра и дуелот за петтото место помеѓу поразените од денешните мечеви:

Хјундаи Улсан и Ал-Духаил

Во 1/2 финалните средби ќе ги гледаме:

Баерн Минхен-Ал Ахли
Палмеирас-Тигрес УАНЛ
 
Стварно не ми е јасно како Жињак не направи подобра кариера во Европа. Пребрзо се изгуби некако. Сега се сетив дека погоди статива во финишот во финалето на ЕП 2016. Ако им донесеше титула на Франција може ќе завршеше во појака екипа тогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom