Јас прочитав многу добро, дека колку кој ќе доминира зависи од ситуацијата во Интер. Според твојот муабет, влезот на нови пари од БЦ фондот може да овозможи негова доминација. Долу делумно се демантираш самиот себе, ама ајде.
За вториот болд, полека малку. Изгледа дека со овие што ги наброја, догодина Интер ќе биде меѓу првите фаворите за освојување на Лига на Шампиони, а не како пред месец ипол да испаднаа како последно место во групите, токму со овој костур на играчи. Ме потсеќате на Јувентус кој освои првата сезона со напад Вучиниќ - Матри - Пепе и магично помисли дека може со нив и против Баерн во Европа.
На Интер покрај финансиска стабилност (која е многу покомлицирана од начинот на кој ја наведуваш во една реченица) му се потребни и многу други работи. За да се наведе што конкретно му е потребно на Интер покрај финансиската стабилност, потребен ми е пост, компилација од најдоброто издание на Син и Пупоне, за што моментално немам време.
Уживајте и радувајте се на првата победа во дерби после 4 ипол години. Сосема заслужена, со комплетно надигрување.
Сепак, не те провоцирам со тоа, ама пост вашата триплете ера, во 10 сезони, на 20 мечеви Интер имаше вкупно 2 победи. Тоа значи дека премногу и како фанови и како клуб имате стекнато тежок проблем и дури набиено комплекс од директните дуели со Јуве, што сега една победа малку ве крена над нормалното.
Долга е нивата за орање.
Ооо абе каци ти? Те чекав да пишеш, знаев дека ќе е вакво нешто.
Едино нешто со кое се слагам е последната реченица, дека е долга нивата за орање, али доброто кај Интер е што почна веќе да ора, со квалитетни плугови и трактори, за разлика од Јувентус кој не ни почнал да ора, а од механизација има коњ и едно магаре. (ок, Марио може посликовито да ти објасни во врска со орањето)
Значи прво и основно, ти го предвиде падот на Интер после Триплетата, негде 2010 година. Секоја чест. Но, кога Јуве во 2021 година е заглавен со 100 милионски договор на Роналдо кој има 35 години, во одбрана ги има Киелини и Бонучи со вкупно 80 години заедно, бекови ни за лек освен Сандро али и он дава сериозни знаци на истрошен играч, средина НИТУ ЕДЕН добар играч, можда Бентакур ама му требаат двајца добри да бидат до него за да биде и он ок на терен, и во напад Роналдо со 35 години, умрениот Мората избркан од сегде и Дибала, единствениот класа играч уз Роналдо во тимот, ти да кажуваш гачки овде не е баш океј. Сепак, имаме сите очи и гледаме што се случува. Не е проблем само Пирло кој очигледно нема квалитет како тренер, проблем е и ростерот. Јувентус има смена на генерации моментално, ок нормално за секој клуб, ама лично според мене без хејт без ништо не им оди баш најдобро истата. Де Лигт е добра инвестиција ама за сега не ги оправдува очекувањата во целост, доста често е повреден и не може да фати некоја константност. Демирал читам премногу го фалите по фан клуб, мене лично не ми оставил некој впечаток до сега, не знам можда и грешам. Меккени рано е за него иако делува ок, исто и Кулушевски. Киеза не го сметам овде зашо веќе е афирмиран играч. И тоа е се што треба да знаеме за транзицијата на Јувентус. Знам дека си и самиот свесен оти не ви иде баш најдобро ама не сакаш да признаеш.
Второ, Ио сакаше и ти кажа дека нема да има тим што изразито ќе доминира следната декада ко Јувентус што доминираше во оваа и потполно се слагам со него. Викаш да не летаме многу, ама не летај и ти зашо Јувентус оваа доминација ја оствари кога Интер и Милан го пипаа дното и не знаеја каде тераат.
Трето, пошо забораив у првото да дополнам, Јувентус уште лани почна осетно да паѓа само Интер и Конте првенствено ја заебаа работата, плус ветерот у грб од судиите, нешто што 2-3 пати е документирано од моја страна, ако сакаш ќе се потсетиме не е проблем. Драго ми е што оваа сезона тоа не е случај и што Интер не се глупираат многу, барем за сега. Драго ми е што и Милан игра добро иако ростерот на хартија не им е многу јак, редно беше и они да проиграат и да најават враќање на старите патеки.
Те молам не биди батхрт и признај еднаш за проблемите кои ги има Јувентус.
П. С. Ќе ве тресне и Порто од земја, да не речеш не сум ти кажал.
П. П. С. Ај ако сакаш кажи кои се тие работи што му фалат на Интер за да биде константен клуб, пошо спомна огромни постови ќе ти требале. Еве на кратко објасни, би ти бил благодарен.