Serie A 2020/21

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 април 2014
Мислења
7.315
Поени од реакции
11.681
Кога ви викаше Ставро ака Владимирчко дека со Рабиот и слична боранија сте 1 класа послаби, се смеевте.
И ние така си правевме филмови со Мвила, Марио и Кондогбија, новите Камбиасо и Снајдер беа.
Така успева 1 во 10 обиди, со глупи трансфери да погодиш добар тим.
Кога ке ве клоцни Роналдо, тогаш дури ке сетите до каде сте.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.773
Поени од реакции
3.849
Сигурен сум дека и Милан и Интер вака се тешеле, Јуве прв пат кога освоил титула пред 9 години, дека за две години ќе се вратат и пак ќе газат.
Со оглед на тимовите што ги градат Интер и Милан, нивната возраст и пред се надоградувањето на истите, ништо чудно Јуве малце поголем пост од 2 години да има.
Милан и Интер заборавија да направат смена на генерации кога најмногу требаше. Решија да продолжат со истрошени играчи. Не ги споредувај со Јувентус.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Колку кој ќе доминира во Италија зависи многу од ситуацијата во Интер, дали ќе влезат нови пари со тој БЦ-МЦ фондот, или ќе мора нешто да се продава. Интер веќе ја направи транзицијата ако не забележавте, имаме тим во одлични години, Бастони-Барела-Хакими се уште деца а газат, Шкринијар и Лаутаро исто така под 25 како што кажа Џони, Де Фрај и Лукаку ќе играат уште долго време, веројатно и Брозгара. Тоа е костурот на екипата, да не се повредуваше Сенси секое сабајле ќе беше уште подобро но и вака, 7-8 играчи кои се незаменливи се тука и околу нив може да се гради се друго.

Се што му е потребно на Интер во оваа декада е финансиска стабилност, се друго имаме.

Е сега за доминација, мислам дека никој нема да доминира со многу титули во низа затоа што Јувентус ќе се среди а Милан повторно личи на екипа. Само нека заврши ова Ковид зло што не снајде, затоа што ако продолжи вака, којзнае што ќе се случи со фудбалот...
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.181
Поени од реакции
18.271
Едно дерби победија, за доминација зборуваат веќе :icon_lol:

Полека малку, кренете ручна. Кај Јувентус полошо од ова што е, не може да биде.

Пирло ни е тренер жити се. Вчера во отсуство на Дибала, Сандро и Де Лихт, се потруди уште толку да го осакати тимот и на клупата остави тројца фудбалери кои барем знаат фудбал да играат, за разлика од оние неписмените на теренот.

Да биде трагедијата поголема, на полувремето имавме гратис 1-0 резултат, тој мирољубиво без никаква замена чекаше да го примиме вториот гол, па потоа да реагира.

2-0, Интер во полет, прекасно е веќе.

Решение за сезонава е промена на Пирло денес и два влезни трансфери во средината на теренот. Знаеме дека тоа нема да се случи, па затоа ќе биде кршење глава до крај.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.043
Поени од реакции
9.784
Да бидеме реални, Дибала вчера најмалку ви фалеше. Квадрадо можда, тоа копиле увек не вадел од патики.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Милан и Интер заборавија да направат смена на генерации кога најмногу требаше. Решија да продолжат со истрошени играчи. Не ги споредувај со Јувентус.
Главен играч ви е Роналдо на 35 години.
Не збори за истрошени играчи жити се.
Со Кики Киелини и Бонучи сте.

И Интер и Милан правеа транзиција но неуспешно. Треба доста време да се стабилизира клуб, да се погодат трансфери, тренер итн. Види ги Јунајтед во Англија колку години после САФ конечно заличуваат на нешто.

Милан и Интер си имаа проблеми 10 години но конечно си ги средија, па сега градат тим како што треба. Иако проблемот никогаш не бил само смена на генерации.

Јуве ако има среќа да остане финансиски стабилен, нешто што интер и милан немаа баш, со паметно работење за 3-4 години ќе може да се врати.
Многу позиции треба да пополните со добри играчи, 2-3 да се погодат флопови отидоа 3 па и 4 години. А човек ко човек старее, и нови позиции се отвараат итн.

Ние барем го поминавме се тоа, од финансиска нестабилност до смена на генерации до утнати трансфери итн.

Али океј, ми се свиѓа оптимизмов што го имате :)
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.181
Поени од реакции
18.271
Да бидеме реални, Дибала вчера најмалку ви фалеше. Квадрадо можда, тоа копиле увек не вадел од патики.
Да бидеме реални, Дибала најмногу фалеше вчера. Заедно со Де Лихт.

Нејсе, не ми е поентата кој што фалел. Муабетот е дека многу летнаа со претпоставките одредени личности, а Интер дури и со паднат Јувентус сеуште не е на прво место :coffee:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Напротив @Mondonico, ако прочита добро, реков дека никој нема да доминира. А нема да доминира затоа што Интер не е веќе во бантер ера, а и Милан излегува од таму.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Добро е ова за Сериа А, конкурентноста ќе влијае и во оживување на лигата. Последниве 2год се враќаат неутралните навивачи.

Претходно ниеден неутален не пушташе Сериа А. Сите знаевме однапред што и како ќе биде, доминација на Јуве од почеток до крај. Со враќање на големата тројка, со вакви Лацио и Аталанта и со Рома и Наполи во позадина сигурно не очекуваат возбудливи сезони. Само уште стадионите да ги средат, гледам некој се во процес и тоа е добро.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.493
Поени од реакции
87.405
Главен играч ви е Роналдо на 35 години.
Не збори за истрошени играчи жити се.
Со Кики Киелини и Бонучи сте
Како збориш за Роналдо, ко да е Томазо Роки кога ви пристигна на 34 години :cautious: Келини веќе не е прва опција во одбрана, Бонучи е у прв тим (нажалост, дека е дно од играч моментално)
Читав пред некоја недела Паратичи со трансферите што ги направил летото, ја смалил просечната старост на тимот од 29 на 27 години.

Овие пристигнаа

  • Dejan Kulusevski is 20 years old. (He came back from loan, so he’s part of the group, folks.)
  • Weston McKennie is 22 years old.
  • Arthur is 24 years old.
  • Federico Chiesa is 22 years old. (And will be 23 in a couple of weeks.)
  • Álvaro Morata is 27 years old. (And will be 28 in a couple of weeks.)
А си заминаа Пјаниќ, Игуаин, Матуиди, сега и Кедира ќе лета кај и да е, сите над 30 години. Јувентус е во процес на подмладување, има многу нови играчи, тренер со 0 искуство и нормално е дека ќе се одрази на резултатите. Али далеку е од она пропаѓање на Интер и Милан од пред 10 години кога се ослободуваа од старците, а немаа динар во џеб за нови засилувања, па одеа со Константовци и Скелотовци како појачувања.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.760
Поени од реакции
8.016
Зборат за Роналдо дека ни бил главен играч на 35 години, а се возбудија кога ќе доаѓаше Меси :pos: И стан му купија :icon_lol: Тоа е тоа шинтерски дух, нивното е секогаш јако... другото не го бива.

Прајте си само филмови дека Јувентус у наредни години нема да игра ни ЛШ (ко интер), ова е озбилен клуб... а не шинтерски.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Како збориш за Роналдо, ко да е Томазо Роки кога ви пристигна на 34 години :cautious: Келини веќе не е прва опција во одбрана, Бонучи е у прв тим (нажалост, дека е дно од играч моментално)
Читав пред некоја недела Паратичи со трансферите што ги направил летото, ја смалил просечната старост на тимот од 29 на 27 години.

Овие пристигнаа

  • Dejan Kulusevski is 20 years old. (He came back from loan, so he’s part of the group, folks.)
  • Weston McKennie is 22 years old.
  • Arthur is 24 years old.
  • Federico Chiesa is 22 years old. (And will be 23 in a couple of weeks.)
  • Álvaro Morata is 27 years old. (And will be 28 in a couple of weeks.)
А си заминаа Пјаниќ, Игуаин, Матуиди, сега и Кедира ќе лета кај и да е, сите над 30 години. Јувентус е во процес на подмладување, има многу нови играчи, тренер со 0 искуство и нормално е дека ќе се одрази на резултатите. Али далеку е од она пропаѓање на Интер и Милан од пред 10 години кога се ослободуваа од старците, а немаа динар во џеб за нови засилувања, па одеа со Константовци и Скелотовци како појачувања.
Јуве има предност што е финансиски доста моќен, па затоа и полесно ќе ја помине транзицијата. Како што кажав моја проценка е 3-4 сезони ако Милан и Интер пред се а и другите тимови продолжат вака.

Минимум 5 класа играчи му фалат на јуве за да може да биде пак на тоа ниво како до пред 2-3 години некаде што беше.

Ќе видиме веќе од следната сезона како ќе се покажат Де Лихт, Мек Кени, Артур, Кулушевски, Дибала и Киеза, дали ќе можат да го носат тимот на свој грб.
Иако Киеза, Кулушевки па и Дибала преферираат по таа десна страна да играат, па и бернандески исто така ако не се лажам.

Јуве сега е одличен проект, само како што кажав и погоре, 1-2 утки и отиде година па и две.

Сепак времето ќе покаже кој бил во право. Лигава веќе не е трка на еден коњ, Милан и Интер работат супер и конечно имаат финансиска стабилност и добри проекти, тимови како Лацио, Рома, Наполи и Аталанта станаа стабилни и доста незгодни. Конечно ќе гледаме интересно првенство со 3 па и 4 екипи што се борат за Скудето.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.686
Поени од реакции
5.465
Кога сме кај млади играчи некој е убедливо прв. Само дали е доволно за 4-то место ќе се види во мај.
Minutes given to U21 players in Serie A this season (by league position):

AC Milan - 6105

Inter - 1265

Roma - 584

Juventus - 1362

Atalanta - 191

Napoli - 290

Sassuolo - 1978

Lazio - 0

Hellas Verona - 2465

Benevento - 811
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.181
Поени од реакции
18.271
Колку кој ќе доминира во Италија зависи многу од ситуацијата во Интер, дали ќе влезат нови пари со тој БЦ-МЦ фондот, или ќе мора нешто да се продава. Интер веќе ја направи транзицијата ако не забележавте, имаме тим во одлични години, Бастони-Барела-Хакими се уште деца а газат, Шкринијар и Лаутаро исто така под 25 како што кажа Џони, Де Фрај и Лукаку ќе играат уште долго време, веројатно и Брозгара. Тоа е костурот на екипата, да не се повредуваше Сенси секое сабајле ќе беше уште подобро но и вака, 7-8 играчи кои се незаменливи се тука и околу нив може да се гради се друго.

Се што му е потребно на Интер во оваа декада е финансиска стабилност, се друго имаме.

Е сега за доминација, мислам дека никој нема да доминира со многу титули во низа затоа што Јувентус ќе се среди а Милан повторно личи на екипа.
Напротив @Mondonico, ако прочита добро, реков дека никој нема да доминира. А нема да доминира затоа што Интер не е веќе во бантер ера, а и Милан излегува од таму.
Јас прочитав многу добро, дека колку кој ќе доминира зависи од ситуацијата во Интер. Според твојот муабет, влезот на нови пари од БЦ фондот може да овозможи негова доминација. Долу делумно се демантираш самиот себе, ама ајде.

За вториот болд, полека малку. Изгледа дека со овие што ги наброја, догодина Интер ќе биде меѓу првите фаворите за освојување на Лига на Шампиони, а не како пред месец ипол да испаднаа како последно место во групите, токму со овој костур на играчи. Ме потсеќате на Јувентус кој освои првата сезона со напад Вучиниќ - Матри - Пепе и магично помисли дека може со нив и против Баерн во Европа.

На Интер покрај финансиска стабилност (која е многу покомлицирана од начинот на кој ја наведуваш во една реченица) му се потребни и многу други работи. За да се наведе што конкретно му е потребно на Интер покрај финансиската стабилност, потребен ми е пост, компилација од најдоброто издание на Син и Пупоне, за што моментално немам време.

Уживајте и радувајте се на првата победа во дерби после 4 ипол години. Сосема заслужена, со комплетно надигрување.

Сепак, не те провоцирам со тоа, ама пост вашата триплете ера, во 10 сезони, на 20 мечеви Интер имаше вкупно 2 победи. Тоа значи дека премногу и како фанови и како клуб имате стекнато тежок проблем и дури набиено комплекс од директните дуели со Јуве, што сега една победа малку ве крена над нормалното.

Долга е нивата за орање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom