Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Единствено нешто кое го назадува тимов е Пирло.
Потенцијалот е очигледно тука.
Автоматски споено мислење:

Дибала се буди во клучен дел од сезоната.

Киеза, МекКени:cuc:
 
Последно уредено:
Единствено нешто кое го назадува тимов е Пирло.
Потенцијалот е очигледно тука.
Автоматски споено мислење:

Дибала се буди во клучен дел од сезоната.

Киеза, МекКени:cuc:
Кога видов дека ги вади одеднаш и Дибала и Киеза одма после 1-2 му се наебав до трето колено. Среќа немаше последици од то јнегов непромислен потег.
 
Убеден бев во победа вечерва, така да не ме изненади резултатов. Киеза изгази, дечкото е сува класа. Премногу плативме за него ама полека полека покажува и зошто. Мекени исто полека полека прераснува у класа играч. Дибала исто у прав момент се враќа во форма, баш кога е најпотребен. Шчесни голманиште, мислим дека нема попотценет голман од него моментално. И да, Де Лихт е најдобар дефанзивец у Италија моментално.

Браво и за Пирло за тимот што го извади и тактиката што ја постави вечерва. Обично оправдано го критикуваме ама вечерва беше океј. Незнам зошто ама оптимист сум за сезонава, мислам дека допрва ќе го гледаме вистинскиот Јуве. Можда грешам, ќе видиме.

За судијата, пропусти имаше и за двете страни. За голот од Милан чист фаул не свирна за нас, и сигурен сум дека ради притисокот на нашиве играчи на полувреме куртули Бентанкур од црвен картон покасно. Жолтиот картон за Данило беше врвот. У секој случај, заслужена победа и се надевам ќе продолжиме вака.
 
Немој друже жити се со овие муабети, вака не си ништо подобар од искомплексираните интераши, кои што со години веруваат дека има некој универзална завера против нив, Ањели од некоја мрачна, тајна собичка го контролира светот, сите можни весници во Италија пишувале против нив, итн итн...Веќе грев ми паѓа кога ги читам, душички напатени. :(

Се слагам со Мондо дека се е во наши раце, верувам дека тимот е има доволно квалитет за титула (јазот помеѓу нас и следниот е минорен (ако воопшто и има јаз), но сепак...). Не само тоа, туку и искуството и шампионскиот менталитет. Проблемот е, бар според мене, што Пирло е неискусен тренер и огромен ризик, и до сега покажува дека е точно ова тврдење.

Инаку, конкретно за ситуацијата со голот, се сложувам дека е фаул. Но, мислам дека се случува и да не се свирне понекогаш нешто вакво...Да, оштетени сме, ама не верувам дека е нешто тенденциозно.
Автоматски споено мислење:

Бтв, може некој да ми ја објасни улогава што ја игра Ремзи во овој Јуве? Што е толку Пирло заљубен во него и што има досега покажано? Еве не знам... :toe:
Ајде реално,каква ќе е лигава ако некој освојува 20 години со ред, ќе добие или ќе изгуби гледаност?
 
Најверојатно би изгубила на гледаност, еве дури и јас признавам дека сакам Интер и Милан да се вратат на нивото на кое што беа пред 10-15 години, за да гледаме изгор Серија А...Макар и ваква сезона каква што гледаме моментално (слаба за нас) не ми смета нешто премногу, бидејќи секое дерби има тежина, се јадат 3-4 екипи за прво место, за разлика од изминативе 9 години.

Но, за да се случи нешто такво како што прејудицираш, односно намерно да се одмага на Јуве, а да им се помага на конкурентите (ако те разбрав добро), би требало тоа да дојде од горе, односно цел врв на ФИГЦ да е вмешан, сите судии, што не сакам да верувам дека може да се случи. Никаде не гледам такви показатели досега, да бидам искрен. Натпреваров ти е класичен пример дека немаше никакво тенденциозно судење, едноставно судијата се изгуби комплетно, правеше грешки и на двете страни.
 
Зошто ондак прво донесоа пресуда 3-0 па ја сменија? Зошто ондак играа Јуве и Милан вечерва?
 
И да, Киеза МОРА да игра десно крило. Братов убива секој меч, гол или асистенција има. Исто треба да се проба и Кулушевски лево крило, Ремзи не е за во Специја моментално.
 
Ремзи освен голот со Интер нема ништо добро направено откога е во Јуве. Се натпреваруваат со Бентанкур кој ќе допре подлабоко од дното.
 
Мора да се купи плус играч за во среден ред, само Артур и Меккени се добри, другово за во Фк Три Чешми.
 
Сега ако не тепавме 99 посто беше збогум скудето, така да без разлика на сите околности за утакмицава, пребитна победа за која вреди радување..

Дибала ми е мило што заличе на Дибалата која знаеме дека може да биде. Кога имаа посед не делуваа лошо, замерка ми е што после првиот премногу се повлекоа и не помислуваа на играње.. среќа Киеза ја сврте.

Сега мора секоја наредна уше подобро и да фаќаме полека приклучок за прво..
 
@pinturicchio друже, како вчера дерби мечот без двајцата виртуози, Квадрадо и Мората?

Кога велам дека овој првиот е кокошка, а вториот дава голови само на сиротиње, токму на ова мислам. Без нив вчера одигравме 100 пати подобро, оти ги немаше глупите солирања на првиот и сопкањето од топка на вториот.

Кога зборуваме за некои си споредби Дибала и Мората, никогаш не треба да се водиме по моментална форма или игра. Срамота е, во било кој контекст, шпанецот да се спомене како подобра опција. Со една нога да биде Дибала, 100 меча да не даде гол/асистенција пак ќе биде подобар од манекенот. Заради многу едноставна причина, Дибала си е класа, Мората е обичен просек.

Во врска со мечот, задоволен сум од резултатот, но и од играта. Многу подобри шанси имавме од Милан, Киеза уште пред голот имаше удар кој заврши во внатрешна статива, Дибала на почетокот една добра шанса не ја закачи добро. Подобри бевме, заслужено победивме.

Е сега, за недостатоците. Не знам што да кажам за Бентанкур. Ќе земам ќе ме удри нешто да враќам снимки да му ги најдам сите изгубени топки од сношти. Првото што ми текнува, во прво полувреме со една крајна ноншалантност загуби топка на левата страна од шеснаесетникот, Леао шутираше и Шчежни добро одбрани.

Заслужи чист црвен картон, среќа што голот на Милан падна после прекршок па судијата одлучи да се вади. Иако не ми е јасно како го поштеди таму, втор жолт по прописи.

@Scirea и да, измен(а)та на Пирло да го извади Дибала и неговата одлука во тој момент да ги остави на теренот гореспоменатиот и принцот од Велс, беше погрешна. Не за џабе, веднаш реагираше и ги пресели на клупа, неколку минути откако го поштедија Бентанкур.

На индивидуално ниво, Киеза :cuc:, дечкото си изгази. Поседува квалитет, нема некоја особена техника, ама шутот со две нозе надополнето со брзината го прави одличен фудбалер. Да среди карактер, бидејќи изгледа лабилно и може само да напредува. Се надевам, повредата не е сериозна.

Од другите на теренот, одлични беа Дибала, Де Лихт, додека сосема добро одиграа Бонучи, Фработа, Рабио и Данило. Роналдо си имаше слободен ден и одлично му дојде, за преостанатите двајца се изјаснив веќе. Играчите од клупата беа супер, браво за Кулушевски.

Генерално, сеуште котираме многу лошо. Милан има 7 бодови повеќе, пред нас дополнително се Интер и Рома. Не' очекува тежок меч против Сасуоло, очекувам мачење и нема да ме чуди некој кикс.

Стариот Јувентус после ваков резултат шамараше на сите страни, на овој новиот не му верувам баш толку.

Нејсе, се останува во наши раце, треба само да го материјализираме фактот што го имаме најквалитетниот играчки кадар во лигата.
 
На ваков голем ден, Мондо греши душа што така зборува за Квадрадо...
 
Јас нигде не реков дека Мората е општо подобар играч од Дибала, туку дека според формата досега оваа сезона никако не заслужува такви критики на сметка на таков никаков Дибала.

А за Квадрадо секако си грешка, не знам што ти е филмот со него. Какви глупи солирања кога он ни е најдобар асистент, колку голови на тацна намести сезонава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom