ОК де, и да нема веќе филмови со Џони Деп (ете, исклучи го Rango), сеедно е зашто не се тргнати заради Џони Деп, и плус, освен The Rum Diaries, не се тргнати сега. Ете, дополнителна информација -
2 филма со Џони Деп ќе бидат поставени на Нетфликс во јануари. Ме разбра сега?
Оваа ,,информација" многу потсетува на таканаречените ,,вести" кај нас - еден објавува погрешно инфо, преземаат 1000 други, се шири вирално, и луѓето почнуваат да ја сметаат за факт... А нема врска. Пред некоја година во Волково пронајдоа тело во некоја нива. Објавил еден портал, copy-paste направил втор на целата вест, третиот портал сакал да изгледа пооригинално, дека сам ја нашол веста, ама наместо Волково напишал Визбегово... По него, уште 30 портали ја објавија веста за пронајденото тело во нива во Визбегово.