Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување

Одличен! Го гледавме со невестава, која дома кај нејзиниве чува 4 мачки и 2 надвор гратис. Еве ја сега си поплачува..:D
Топ филм и приказната вистинска ја расчепкав, како љубител на животни, ме трогна.
 
За истиот дојдов.

Томас Винтерберг и Мадс Микелсен, нема утка тука. МаЦ е најдобриот актер од неанглиско говорно подрачје.

4 пријатели, колеги професори, случајно влагаат во еден сопствен експеримент наречен дневна доза алкохол. Да видат како ќе им функционираат дневните обврски со одреден промил у крвта. На почетокот делува интересно, после се појавуваат проблеми.

Интересен филм, лабав, пишува комедија ама според мене е повеќе драма. Е сеа скандинавците какви што се чудни, може и да се газат од смеење на филмов.
Драма, според мене малце послаба од другите Винтербергови филмови кои што знаат да те треснат од земја, има и овој таков потенцијал ама ете сепак одлучил да го напраи на полабав начин.

Коа сме кај Томас Винтерберг, сериозен предлог за Submarino, иако овој го иаме гледано скоро сите пошто беше во клубот. Тие што го немаат глеано, нека го гледаат. Вреди за сите минутi. Врвен филм.
Многу ги сакам скандинавците и нивните начини на прикажување филм, директно у срж на поентата, проблемот, без да се замара дека ќе те шокира, навреди и слично. Многу се брутални. И реални. И јаки.

И уште нешто. Може некој да ми помогне да го најдам The Celebration односно Festen, филм од 98ма за кој пишува uncredited, поима неам зошто и го нема нигде на торенти... барем јас не можам да го најдам. А одамна го барам и сакам да го глеам. thats what she said.
Знаеш дека на Томас Винтерберг, за време на снимање на филмот му загинала ќерка му во сообраќајна несреќа? Мислам дека 19 години имала, и исто била вклучена во продукцијата на филмот. По нејзината смрт, дури не се ни знаело дали филмот ќе продолжи да се снима, а кога продолжиле, актерите буквално не знаеле како да се однесуваат на сетовите, пред режисерот, зашто снимале комедија, нели, а нему сигурно не му било до смеење, па затоа одлучиле да не прават ни грам импровизации, туку слепо да го следат до најмал детаљ секое едно барање на Винтерберг.
 
Бреј. Немав поима, баш сеа отворив да прочитам да видам што се десило.
Вака уште поголема тежина има последната сцена со Микелсен на пристаништето.
 
Последно уредено од модератор:

Златни торенти...
 
Случајно го пуштив Phone Both, обичен али ептен јако филмче е, гледам режисер Џоел Шумахер кој умрел летоска на 80 годишна возраст од рак.
Сеа го пуштив Falling down со Мајкл Даглас сум го гледал како копиљ на видео касета

RIP
 
Златни торенти...
Uste ima luge sho se subed na netflix zamisli.
 
Златни торенти...

Screenshot_20201230-070538_Netflix.jpg

Не важи за Европа.
 
Uste ima luge sho se subed na netflix zamisli.
Не важи за никаде. Ни еден филм со Џони Деп не бил тргнат заради Џони Деп. Тргнат бил само Rum Diaries, зашто им истекле правата, а не заради тоа што Џони Деп нешто направил. И во Америка има уште филмови со Џони Ден на Netflix во моментов, не се тргнати сите. Веста се проширила вирално по само еден единствен твит кој заговарал такво нешто.
 
Во Америка само Ранго го има друго нема ништо у споредба со европа кај што сподели @SK-92 , еве доказ.

1609324553036.png

еве кај нас МКД

1609324895938.png
 
Во Америка само Ранго го има друго нема ништо у споредба со европа кај што сподели @SK-92 , еве доказ.
Сеедно, тоа не значи дека ги тргнале филмовите заради Џони Деп. Ги тргнале затоа што им истекле правата. И не се тргнати сите заедно сега, туку секој филм е тргнат како што му истекувале правата. Само Rum Diaries бил тргнат сега.
 
;)
 
како сеедно кога ти викаш погоре уште има со џони дип филмови на нетфликс во УС ти давам доказ дека нема а ти викаш има?
 
како сеедно кога ти викаш погоре уште има со џони дип филмови на нетфликс во УС ти давам доказ дека нема а ти викаш има?
ОК де, и да нема веќе филмови со Џони Деп (ете, исклучи го Rango), сеедно е зашто не се тргнати заради Џони Деп, и плус, освен The Rum Diaries, не се тргнати сега. Ете, дополнителна информација - 2 филма со Џони Деп ќе бидат поставени на Нетфликс во јануари. Ме разбра сега?

Оваа ,,информација" многу потсетува на таканаречените ,,вести" кај нас - еден објавува погрешно инфо, преземаат 1000 други, се шири вирално, и луѓето почнуваат да ја сметаат за факт... А нема врска. Пред некоја година во Волково пронајдоа тело во некоја нива. Објавил еден портал, copy-paste направил втор на целата вест, третиот портал сакал да изгледа пооригинално, дека сам ја нашол веста, ама наместо Волково напишал Визбегово... По него, уште 30 портали ја објавија веста за пронајденото тело во нива во Визбегово. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom