Целта им е да воведат сомнеж и да креираат апатија.Доста пати имам пишано претходно
али убеден сум дека СДС имаат странска фирма да им ги води изборите и дека они ги водат истите како математичка операција а не политичка.Едноставно они си пресметале дека бројот на гласови на избори им е да кажеме 300-350к гласови и сега главната цел им е што помалку неопределени да излезат и што повеќе од противничките гласови да немаат мотивација да излезат исто така.
Против ДПНЕ комплетно успешно им помина операцијата, барем 40 000+ гласови им имаат скинато со апатија и ширење недоверба во партијата.Против Левица го пробуваат сега истото, но од малку поразличен агол. Знаат дека на Левица просечниот гласач не е баш дарежлив со доверба и заради тоа пробуваат цело време да го протнат муабетот дека ете Левица збори едно во парламент а во позадина играат политички игри како и сите други.
Исто така од вчера мислам дека новата тактика ќе им биде дека е потребна "Tрета опција"
. Гледам неколку од "експерите" имаат објавено текстови каде даваат нивна експертска анализа како големиот број на неопределени гласови значеле дека било потребна една нова јака трета партија составена од професионален кадар
.Не би ме чудело до следните избори да формираат некаква нова Франкенштајн партија за натаму да ги канализираат неопределените.