- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.561
- Поени од реакции
- 17.594
Другар, не знам што воопшто полемизираш по ова. Нормално дека има СДС има јаки изборни експерти Американци, најмалку од бомбите до ден денес. Тоа е мислам јасно како ден и нема што да се сомневаш кога е апла очигледно. Невладините ја водат СДС, министрите им се од невладини организации, а Заев е нивен полтрон.Амбасада, фирма, невладина поентата ми беше дека не верувам дека изборните кампањи се водени од нивни кадри.Вака од надвор кај нив во партија не ми изгледа како да има ниту еден аналитичар или технократ или квалитетен бирократ.Буквално се плукни залепи веќе 5 години во секој аспект.
Со вториот болд пак воошто не се согласувам, мислам дека им е потребен и далеку поголем радикализам но и далеку поголема локална организираност. Тие таквите пензионери што не ги боли таквото за државата се нај-клиентелистичката група на гласачи во Македонија заедно со партиските војници во државно, земјоделците за субвенции и градот Охрид.Година дена можеш да тераш кампања само кај нив, да стигнеш до добар процент на подршка и се што ќе е потребно е Муртинецот да излезе со 1% покачување на плата или 2000 денари помош за пензионери и во 6 сабајле ќе бидат таму да гласаат за него.Немаат кичма никаква, идат со ветрот на сите страни како кеса и најчесто за кој најверојатно ќе победи.
Далеку подобра инвестиција ти е да идеш по гласовите на нивните внуци или деца на кој им е смачено веќе од се и се едноставно само лути, и да се надеваш дека истите потоа ќе ти ги донесат и нивните гласови. Има причина зошто таа категорија на гласачи ( млади) е секогаш толку зборена иако се квантитативно најмала група на гласачи и знаат и доста од времето и да не гласаат. Ако ги убедиш во твојата политика, има на глава да им се качат по дома додека и нивните браќа,сестри,родители, баба дедо не гласаат за истите. А постарите посебно се најподложни на таков притисок.
Исто така лутите,радикалните и пред се високо мотивираните ти се и гласачите кои за без пари и без никакво водење ќе ти направат на терен подобра и за беспари кампања одколку кој било партиски кадар. Еден на кош, на фудбал, на планина или во кафана ќе ти донесе повеќе гласови одколку 20 со памфлети од врата до врата.
Слично е и со кампањите на ДУИ. Гледаме какви трупови профилираат и во двете партии, нема шанси ДУИ да е на власт 20 години со свои кампањи, како што немаше шанси СДС да дојде на власт и да победи годинава без јаки странски стручњаци. Да не беше Калето/Сорос ден денес се сомневам дека ќе постоеа како СДС, така и ДУИ.
Инаку и ДПМНЕ на Груевски имаше таква јака структура со Конрад Аденауер и Израелци на времето, од која во крајните години од Груево доба се отколна Конрад Аденауер, а се закачија Маџарски, Српски и Руски структури.
Со тоа што ДПМНЕ за разлика од СДС имаа исто така јаки екипи на терен и имаа многу подобра пропаганда и структура во медиуми.
На моменталното ДПМНЕ аферата рекет му ја наместија Маџарите и Ларис Гајзер непосредно пред избори мислејќи дека нема шанси да промашат пенал, ама ете се случи млитава и аматерска кампања на ДПМНЕ со се ковидот, па изгубија нешто што тешко беше претпоставливо дека ќе можат да го изгубат.