После денешната вест дека ПШ ќе се кандидира за втор мандат за скопски градоначалник, пак јас за локалните:
Предлог до Левица, да кандидираат коњ на следните избори за градоначалник на Скопје, со име и презиме. Јасно е и без тоа дека нема да го земат градоначалничкото место, ама треба да им покажат дека до сега Скопје нема добиено асален чоек за градоначалник од поново време. (Да не е наљутат мунди и други дежурни љутковци, многу ги сакам животните.)
Платформа на Матка, 2 улици од 200 метра дужина проширени, идиотска идеја за зиплајн преку течни гомна, пар преплатени китења и концерити на хари мата мерлин или кој курац беше, пар казни по 45 евра за обиди за убиство на сред плоштад, смрт од воздух и уште мал милион глупости - и образ ѓон да се кандидираш за втор мандат.....да не зборам за она сељачиштено пред него, кој го донесе криминалниот ГУП со кој сите села се доселија во Скопје или пропалицана пејач и уште поголема пропалица-банкар пред него, шо гледаше само атрактивни локации да исподрпа во мандатот....
Како што Калигула им го донел коњот у Сенатот, го седнал до сенаторите и го назначил за сенатор и многу им кажал со потегот што мисли за нив и нивниот личен интегритет, е тоа е нивото на скопските градоначалници. Да не зборам за тие на скопските општини што се само во служба на инвеститорите и освен со делење градежни дозволи, носење сомнителни урбанистички планови и местење тендери за општински работи, со ништо друго не придонесуваат за квалитетот на животот во Скопје.