Каков шизофрен и луд крај на оваа луда 2020та година. Пази шизофренија во Серие А:
- Навивачите на Јувентус се жалат дека се суди против нив и дека во Федерацијахах имало струи кои работеле на тоа Јувентус да не е шампион. Тоа го правдаат со една утакмица со Фиорентина каде имаа вкупно една шанса и со фактот дека завршиле први во групата во ЛШ.
- Навивачите на Интер се курчат со некоја иронија као да е само прашање на време кога ќе ја преземат лидерската позиција на табелата и само прашање на бодовна разлика со колку поени појше од вториот ќе ја освојат лигата. Се смешкаат на мислења, фул ХАХА реакции, као комотни сме, не се замараме, јасно ни е дека вие свршавате и се тресете, ама затоа ние сме мирни и си фураме, најјаки сме на папир, иаме тренер од 12 милиони годишно и радувајте се док можете, ете сме ние, доаѓаме. А завршија последни во својата група во ЛШ.
- Навивачите на Милан се плашат од фактот дека сме први, играме топ, доминираме и имаме шанса за борба за титула. Не знаеме дали да се плашиме заради све што сме виделе низ последниве 10 години или да се курчиме сега кога имаме шанса и поткрепа за тоа. Се чини како тимот да верува појше во подвиг отколку навивачите, што за Милан не би требало да е реално. Не знаеме што да очекуваме и со резерва зеаме све, како да е чудно тоа што Милан е прв и добро игра во Серие А.
Шизофрена ситуација, а? Е јебига, тоа е 2020та, цела е таква. Реално, можда ладно ќе се разбудиме на 1ви јануари 2021 и ќе сфатиме дека оваа минатава година уопште и не постоела. Све ова погоре било халуцинација и визија. А можда и универзумот и змејот мој на хашиш пробуваат да си ги вратат стварите таму кајшто им е местото, а?
Вака или така, Милан ја заврши 2020та непоразен. И прв на табела. Има време, да, и све тоа хихихаха што следи, ама првпат после многу долго време сите во Италија го осетија urlo del Diavolo. Овој Милан има нешто многу различно и многу појше од оние во изминатите 10 години и тоа е тоа што мене бар ми дава надеж и за оваа сезона и за следните неколку.
Што се тиче другите тимови, дај бе не се тресете. Конечно Серие А стана интересна, различна и неизвесна. Конечно доминантните 3 екипи се вратија да се борат за тоа што е вредно. Не може да постои јака Серие А со Аталанта, Лацио и Фиорентина. Се знае кои треба да се на врвот за да се врати и приматот на лигата. Па сеа, нека победи најдобриот, јебига. Јак Милан е јака Серие А, тоа увек било и ќе биде, сакале другите да признаат или не.
Точно е и тоа дека и Милан ко тим и ние навивачите сезонава влеговме со надеж бар за 4то место. Тоа може да се провери и по потрошени пари и по појачања и по изјави и по мислења на форумов. Ама, како што се развива сезоната, очекувањата и амбициите се зголемуваат, не може никој никого да обвинува или да руга за тоа. Да, во ваква сезона Милан покажува дека може да се бори за највисок пласман и само од нив зависи дали тие очекувања ќе ги задржат кај нас или не. Ние досега се тресеме, ако продолжат вака полека ќе почнеме да бараме и очекуваме. Работата е што никој друг и никој од вас и никој во Италија не го очекуваше ова. Тоа ме радува мене, затоа сум им благодарен на играчите и цел стаф околу нив. После некое време успеаа да ме направат горд и среќен навивач. И не дека ми е тоа очајно и криво нешто, сите екипи имаат циклуси, а Милан како да делува дека конечно се дига. А уште појако, делува и као сите други да се плашат од тоа и затоа се сите испади.
Јас знам дека сите други се плашат од тоа и трзаат, јебига рефлекс е тоа. Наследен, низ годините.
Можда ќе се разбудиме за 7-8 дена и ќе укапираме дека не постоела оваа 2020 и све ова е само умислено, нема корона, публиката е тука, Милан е 9ти на табела, се збори за нови газди, Јувентус убедливо прв, судиите им помагаат наместо да им одмагаат ко сега, Интер есенски шампион ко увек, одма тука у стопу прати првака, планираат грдни појачања за во јануари и на лето, Лацио и Наполи се борат за трето место, Аталанта декласира све живо и диво со по 5 гола и така натаму. А можда и не.
Среќна нова година и Божиќ од Тео Ернандез. Да се курчиме и ние малце, а?
Форца Милан, ќе се навикнеме полека, сите!