Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.186
- Поени од реакции
- 3.432
Да не барам сега, ама рече отприлика дека нема да се вакцинираш за брзо време туку ќе чекаш да видеш ефектот, што и не е битно, битното ми беше кога ќе дојдат да те боцкат ти каде би бегала.... никаде не сум рекла дека нема да се вакцинирам, а исто никаде не сум рекла дека ќе се вакцинирам, моментално сум на средина и гледам лево и десно како луѓето се делат во крајности, па и здравствените работници посебно звучни имиња и титули, затоа што сите ние ги гледаме/слушаме јавно, ама малку ги има кои можат со нив во здравствениот,, бекстејџ ,, искрено да се муабети,
...искрено сум разочарана тотално од многу медицински ВИП (а што остана за обичниот човек) во непознавање на вакцината, ете дури ни за таа против сезонски грип,
као „се вакцинирам“ , а со што, како, зошто? „па сите, па и јас“- одговорот, така да таа можност на непознавање дава можности за „заебување“ да не се прими ако биде задолжителна,
... инаку еве од прва, министерство за здравство ја потврди намерата за учество во COVAX механизмот преку кој ќе се обезбеди околу 800 000 вакцини, па во почетокот на 2021 година ќе се имунизира 20% од населението и дополнително ќе се прифати она вакцина која ќе биде одобрена од ЕМА (Европска медицинска агенција) и нормално потврдена од СЗО,
Вакцина кажаа најрано втората половина на 2021г, можеби ќе изџанкаат некој отпад од комшиите за медицинскиот персонал,
пред некој ден некаде на интернет прочитав, зошто прво да ги боцкаат докторите, нека се боцкат политичарите, па ако и биде нешто да можеме лесно да ги замениме.
Прво ЕУ и НАТО, па после ќе правиме планови за се останато.![]()
Владата додели задолженија за изработка на план за прием и чување на вакцините против ковид-19
Србија од утре почнува со вакцината за ковид 19 од „Фајзер“. Од македонската...kanal5.com.mk
Ние планираме да изработиме план![]()