Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
31 март 2008
Мислења
2.596
Поени од реакции
1.927
Обавезно. Сакаш да одиме заедно?

Јас сум ти типичен пример на човек што имал несакан ефект од вакцина (анафилакса). Меѓутоа, тоа не ми го сменило мислењето за сите вакцини. Како мојот организам ќе реагира на лекот зависи од мојот организам.

И не, не сум таков чоек и не си ја валкам совеста со такви работи.
Kronova bolest...
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Јас ќе се цакцинирам, иако не спаѓам во загрозена категорија...ама таму некаде во 2023.........абе В од вакцина нема да види ваква дупка како Македонија, џабе се надеваме....па и најтрагично, ќе дојде време тие што го прележале, поради имунитетот се да им биде дозволено, а тие што ете сеуште не сме го закачиле, се пазиме и самите и тие околу нас, ќе не сметаат за ризик поради ширење на вирусов...утре одам се заразувам..
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Интересот е огромен за вакцинава. Мислам дека овој пат антиваксерите ќе се едвај 1%, иако по гласноста на интернет даваат поинаков впечаток. Така да против вирусов ќе се избориме без антиваксерите, не ни се потребни. Само нека стигне вакцината во доволни количини за сите кои сакаме да се вакцинираме. Не има многу.
Не знам од каде потребата да се генерализира со терминот ,,антиваксери" и да му се додава на секој оној што искажал макар и минимален сомнеж према актуелниве ковид вакцини. Мислам дека често пати се тера некаков ,,лов на вештерки" каде што во ист кош се ставаат луѓето кои што се малку претпазливи околу вакцината за ковид, заедно со оние антиваксер лудаци кои што се генерално против секакви вакцини, дури и оние за кои што со децении се знае дека се безбедни и ефикасни.

Јас барем имам некаква разбирачка за луѓето кои што од објективни причини пројавуваат скепса, загриженост и колебање околу тоа дали би ја примиле вакцината или не. Особено кога ќе се земе предвид целокупниот развој на настаните од самиот почеток на пандемијата, проследен со разни контроверзности, контрадикторности... еве дури и сега до одреден степен може да се насети политичкиот контекст и геополитичкиот натпревар, глобалната поделеност и недоверба кон светските влади и институции, како СЗО на пример. Нивната неспособност, неорганизираност и механизми за помош кои што висат на конец и се пред колапс, како фамозниот ,,ковакс" систем.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
...колку ќе се вакцинираат ... поголемиот дел од форумот кажаа дека нема во скоро време да се вакцинират... @bijons кажа дека нема да се вакцинира... што е најинтересно медицинскиот персонал ќе мора задолжително да се вакцинира, па ме интересира како планираат да го заебат системот ако ги тераат на сила.
... никаде не сум рекла дека нема да се вакцинирам, а исто никаде не сум рекла дека ќе се вакцинирам, моментално сум на средина и гледам лево и десно како луѓето се делат во крајности, па и здравствените работници посебно звучни имиња и титули, затоа што сите ние ги гледаме/слушаме јавно, ама малку ги има кои можат со нив во здравствениот,, бекстејџ ,, искрено да се муабети,
...искрено сум разочарана тотално од многу медицински ВИП (а што остана за обичниот човек) во непознавање на вакцината, ете дури ни за таа против сезонски грип,
као „се вакцинирам“ , а со што, како, зошто? „па сите, па и јас“- одговорот, така да таа можност на непознавање дава можности за „заебување“ да не се прими ако биде задолжителна,

... инаку еве од прва, министерство за здравство ја потврди намерата за учество во COVAX механизмот преку кој ќе се обезбеди околу 800 000 вакцини, па во почетокот на 2021 година ќе се имунизира 20% од населението и дополнително ќе се прифати она вакцина која ќе биде одобрена од ЕМА (Европска медицинска агенција) и нормално потврдена од СЗО,
 
B

Beginner

Гостин
... секогаш се потенцира активната супстанца како кривец, погледнете што друго содржи во тој суплимент како попратна супстанца, витамини се продаваат и во маркети и на безиски станици, така што тука не доаѓа во израз препорака и грижа на лекарот кога ќе си го купи човекот витаминот додека полни бензин,

...суплиментите не го имаат патот на регистрација како лековите, тие едноставно преку ноќ добиват пас за продажба со одобрение на Агенција за храна и ветерина како „додатоци на исхрана“ при што се нема никакви клинички студии освен кога веќе се на пазарот од тогаш се собираат „искуствата“ со тие суплименти при што ќе се одржат на пазарот или ќе се остранат како „штетни“ поради интеракции или други споредни ефекти,

Прегледај го приврзокот 277942 Прегледај го приврзокот 277945

актуелниов витамин „Д“ сега кој се консумира од разни произведувачи со различен дозажен состав на активна супстанца, еве да речеме овој бренд онака по случајност земен за пример укажува колку има холекалциферол и се сложуваме дека е ОК и го пиеме секој ден подолг период,

Прегледај го приврзокот 277949

но дали сме прочитале во упатството, таму некаде што друго содржи овој препарат?

- средство за зголемување на волумен како изомалат, микрокристална целулоза,
- згуснувачи како хидроксипропилцелулоза,
- средство против стврднување како талк, магнезиум-стеарат, триглицериди со среден ланец,
- боја како титан диоксид,
еве све ова внесуваме секој ден во име на „Вит Д“,
ај уште еден пример за уште еден актуелен форсиран витамин во ова време , Вит „Ц“

Прегледај го приврзокот 277962 Прегледај го приврзокот 277963

- како боја се применува „ титаниум диоксидот“ одобрен од ФДА - но само во многу мали количини (помалку од 1%), но„ го обвинуваат“ за несакани ефекти како што се алергии, карцином на желудник, автоимуно нарушување и токсичност на органите,
- талк во моментов не се смета за храна од страна на ФДА и е познато дека предизвикува компликации со белите дробови и стомачни болести,
- стеаринска киселина од другата страна на нејзин бенифит, со долгорочен внес во организамот може да го потисне имунитетот, да ја успори дигестијата... итн,
@Psyside
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.596
Поени од реакции
1.927
Што Кронова болест?
На 12 години ми ставија вакцина која не се сеќавам што вакцина беше. неколку месеци после тоа почнав да имам чудни симптоми, кои подоцна беа дијагностицирани ко кронова болест. Никој во фамилија нема, и тоа неколку колена назад. Немав ама абсолутно баш никакви предиспозиции за да имам, дете од село, се здраво и право јадено и пиено. Никогаш не се оправив од денот кога ја примив.

Инаку сите вакцини ми се примени, но само од таа вакцина која ја примив на 12 годишна возраст имав лоши физички ефекти, кои кулминираа со дијагнозата.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.402
Поени од реакции
18.558
Не знам од каде потребата да се генерализира со терминот ,,антиваксери" и да му се додава на секој оној што искажал макар и минимален сомнеж према актуелниве ковид вакцини. Мислам дека често пати се тера некаков ,,лов на вештерки" каде што во ист кош се ставаат луѓето кои што се малку претпазливи околу вакцината за ковид, заедно со оние антиваксер лудаци кои што се генерално против секакви вакцини, дури и оние за кои што со децении се знае дека се безбедни и ефикасни.

Јас барем имам некаква разбирачка за луѓето кои што од објективни причини пројавуваат скепса, загриженост и колебање околу тоа дали би ја примиле вакцината или не. Особено кога ќе се земе предвид целокупниот развој на настаните од самиот почеток на пандемијата, проследен со разни контроверзности, контрадикторности... еве дури и сега до одреден степен може да се насети политичкиот контекст и геополитичкиот натпревар, глобалната поделеност и недоверба кон светските влади и институции, како СЗО на пример. Нивната неспособност, неорганизираност и механизми за помош кои што висат на конец и се пред колапс, како фамозниот ,,ковакс" систем.
Двајцата луѓе што ги знам што највеќе се пазат не планираат да се вакцинираат по никоја цена. Од една страна не знам како планирааат оваа да заврши ако не се заразат или вакцинираат :D, од друга страна дали светскиве влади и лекарската фела има било каков кредбилитет после кризава? Или па фармецевските корпорации, зарем некој би помислил дека ќе одговараат ако извадат лош продукт на пазарот?
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Двајцата луѓе што ги знам што највеќе се пазат не планираат да се вакцинираат по никоја цена. Од една страна не знам како планирааат оваа да заврши ако не се заразат или вакцинираат :D, од друга страна дали светскиве влади и лекарската фела има било каков кредбилитет после кризава? Или па фармецевските корпорации, зарем некој би помислил дека ќе одговараат ако извадат лош продукт на пазарот?
Ако не се вакцинираат, веројатно порано или подоцна и онака ќе го закачат. Освен ако не планираат да живеат под стаклено ѕвоно до крајот на животот :D.
Веројатно зависи и од возраста. Ако е човек со куп хронични заболувања, поодмината возраст, веројатно би било помудро да ризикува со вакцината отколку со вирусот и нашиот здравствен систем.

Реално со кризава излегоа доста работи на површина. Ајде за кај нас, за нас како народ, менталитет, организација и здравствен систем очекуван беше колапс, со оглед на искуствата изминативе три децении не беше чудно.
Ама митот за супер организираниот запад, за дисциплината и културолошката супериорност, беспрекорна организираност...мислам дека таквиот мит се разниша од корен, се разбира со чест на исклучоци.

Реално никој за ништо нема да превземе одговорност. Исто како што никој не превзема одговорност ниту поставува прашања за релативно високите нивоа на смрттност. Едноставно ваљда е доволно да се каже оти некој умрел од корона и тука завршува целата одговорност.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
но дали сме прочитале во упатството, таму некаде што друго содржи овој препарат?

- средство за зголемување на волумен како изомалат, микрокристална целулоза,
- згуснувачи како хидроксипропилцелулоза,
- средство против стврднување како талк, магнезиум-стеарат, триглицериди со среден ланец,
- боја како титан диоксид,
еве све ова внесуваме секој ден во име на „Вит Д“,
ај уште еден пример за уште еден актуелен форсиран витамин во ова време , Вит „Ц“

Прегледај го приврзокот 277962 Прегледај го приврзокот 277963

- како боја се применува „ титаниум диоксидот“ одобрен од ФДА - но само во многу мали количини (помалку од 1%), но„ го обвинуваат“ за несакани ефекти како што се алергии, карцином на желудник, автоимуно нарушување и токсичност на органите,
- талк во моментов не се смета за храна од страна на ФДА и е познато дека предизвикува компликации со белите дробови и стомачни болести,
- стеаринска киселина од другата страна на нејзин бенифит, со долгорочен внес во организамот може да го потисне имунитетот, да ја успори дигестијата... итн,
Хахахахахаахахахахаахахах, ХАХАХАХАХАХАХА

fat usually contains about 60% saturates (by weight) of which approxi- mately 10±12% is stearic acid and another 12% are short chain fatty acids.
Screenshot_43.jpg

In supplements, Stearic acid typically ranges between 0.5-10 percent of the tablet weight
Screenshot_44.jpg

Screenshot_46.jpg



14D.gif
 
Последно уредено:
Член од
31 март 2008
Мислења
2.596
Поени од реакции
1.927
Утрово на франс инфо имаше репортажа за потеклото на вирусот. Убаво објаснија дека најверојатно датира од 2002 година, и дека првите заболени биле 3ца работници во рудник некаде 1500 км од Вухан во градот Кунминг, кои после неколку дена во болница починале.

Рекоа дека пазарот во Вухан бил само место за супер контаминација и дека вирусот најверојатно не доаѓа од лилјак ами дека има уште едно животно помеѓу лилјакот и човекот кое ја направило мутацијата.

Интересното беше дека примероците од вирусот биле однесени во лабораторијата во Вухан меѓутоа исчезнале во 2019 година и никој не знае каде!!!
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.325
Поени од реакции
1.871
Интересно Трамп го блокира извонредниот закон закон за COVID

Како што кажа, не го потпишува законот за ковид далаверата, пошто големи обврски се преземаат, помош за вакцини извоз на демократија по разни НВО - та во други држави.
Последно важно е дека следната влада ќе треба да го исполни тој закон, а следниот претседател може да сум јас.
Ваксер рекаматорите што ќе прават сега, ако им го сопре буџетот за реклама на новиве вакцини, ќе тролат џабе или ќе чекаат донација.;)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Вакцини за ковид не се обезбедени. Без гајле, лубриканти на време се купени во доволни количини.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.325
Поени од реакции
13.244
Вакцини за ковид не се обезбедени. Без гајле, лубриканти на време се купени во доволни количини.
Хахаха баш за тоа купиле лубриканти,да се е*ат у гз коа ќе останат без вакцини!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.649
Поени од реакции
22.381
Okolu mutacijava. Virusi mutiraat i toa cesto posebno pri olkava pandemija. Sepak retko koja mutacija uspeva, ete kaj koronava polesno sega se prenesuva. Inace mRNA vakcinite bi trebalo da deluvat i protiv ovaa mutacija. Sahin, sefot na Biontech rece deka redovno vakcinata laboratoriski e testiraat so novi mutaci i dosega sekogas bila efikasna. Za novava mutacija za 2 nedeli ke znaat so sigurnost. So ogled na toa deka samo 9 od 1200 proteini (aminokiselini) se smeneti, taka da virusot e 99% ist kako sto bese. Valjda i koronava sto lani se pojavi e mutacija pa se razsirila. Inace sepak koronava 10 pati posporo mutirala od gripot.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom