Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
На вентилатор и онака се умира така да и боље што би се скратило тоа право.
Да не се произведуваат вентилатори ако не. Да идеме да ги стопиме сите во отпад.Немој после да бараш вентилатор коа некој близок ке ти има операција под општа а.
 
@chef_cook
Што се деси со пријателката што била вакцинирана и некој ден после тоа имала температура и болки? И помина ли?
Ова не се неочекувани реакции на вакцини, всушност ако нема никакви симптоми тогаш има простор за сомневање дека воопшто се развил имунитет.
 
Од сите овие мерки што ги спроведува владата, најголем ефект ќе имаше да започнат вакцинирање заедно со нормалните земји. Али како што претпоставував, ќе си се вакцинираме со афричките земји преку Ковакс механизмот.
 
Пред неколку страни поставив прашање дали има некаде дефинитивно дали ќе стигнат вакцини и кога. Ама најверојатно ко датумот од ЕУ.
Имаше вести дека има проблеми со тој механизам заради недоволно средства. Ако се на тоа надеваме додека да пристигнат најверојатно 2-3 пати ќе си го прелегаме.
 
Немаат ништо конкретно. Имаше изјава од фичипче дека Грција пропорционално ќе ни дава од нивните вакцини. Овие се дефинитивно најнаивните морони во историја. Во време кога сите земји се тепаат за вакцина плус Грција ќе ти даде тебе наместо на своите граѓани.
Му се смеат на вучич сите, а братот си обезбеди директни договори со сите производители и еве во исто време со Еу ќе имаат вакцини.
Види ги дебиливе што праат, како може некој нормален да ги оптавдува. Пола земја е заразена, болните никој не ги проверува али за британија карантин ќе воведувале.
 
...ама затоа да бев јас САД, најсилна светска сила, па ќе отидев во Кина па за уши сите да ми се наредат...па кој е кривецот... па зошто како е направено ако воопшто е направено... па вакцина или лек... така се работи, а не кривецот се чеша, светот трпи! прашање КОЈ е кривцот, СИГУРНО НЕ Е ПРИРОДАТА!

Не е природата, лицемерието и желбата за 15 минути уживање при оброк е. Не се само Кинезите.

Немаат ништо конкретно. Имаше изјава од фичипче дека Грција пропорционално ќе ни дава од нивните вакцини. Овие се дефинитивно најнаивните морони во историја. Во време кога сите земји се тепаат за вакцина плус Грција ќе ти даде тебе наместо на своите граѓани.
Му се смеат на вучич сите, а братот си обезбеди директни договори со сите производители и еве во исто време со Еу ќе имаат вакцини.
Види ги дебиливе што праат, како може некој нормален да ги оптавдува. Пола земја е заразена, болните никој не ги проверува али за британија карантин ќе воведувале.
Грците имаат посебен третман, бидејќи CEO на Pfizer е Грк :) Дури најави и отворање на производство во Солун кај што живеел и студирал...
 
Најнаивни и најнеспособни. Овој месец им пристигаат мало количество дози од Pfizer , а повеќе наредните. Без проблем може и руска и кинеска да навави.
Ние чекаме КОВАКС ...
 
Грците имаат посебен третман, бидејќи CEO на Pfizer е Грк :) Дури најави и отворање на производство во Солун кај што живеел и студирал...
nivna srekja. ima eden ton grci i niz evropa i niz severna amerika, na mnogu visoki klucni rakovodni pozicii.
kje ispadne grcija edna od zemjite sto dobro se spravi so situacijava.
 
Oксфорд/Астрозенека или некоја од другите аденовирус вектор вакцини, се најдоброто на што може да се надеваме.
Не очекувајте Фајзер/Бионтеч вакцини (ниту од Модерна), нема шанси нашиве овде да обезбедат инфраструктура за складирање/транспорт на таа вакцина. Треба обезбедување на -80 до -70 степени (целзиусови)...

Овде друга реалност постои.

1608544213173.png
 
Најнаивни и најнеспособни. Овој месец им пристигаат мало количество дози од Pfizer , а повеќе наредните. Без проблем може и руска и кинеска да навави.
Ние чекаме КОВАКС ...

20.000
 
Дезинформација е веста.....викнале брза помош и нормално така се облечени во ек на пандемија. Не се врши никакво тестирање таму, обична посета од брза помош е во прашање.
Лоши сме, катастрофални сме.....но не до толку.
 
Најнаивни и најнеспособни. Овој месец им пристигаат мало количество дози од Pfizer , а повеќе наредните. Без проблем може и руска и кинеска да навави.
Ние чекаме КОВАКС ...
Една репортерка минатата недела на вести кажа дека ние сме набавиле вакцини преку "ковид" системот :)
 
Безбедноста на границите во европа е 0 во споредба со една Кина да речеме. Пола другари што студираа во Италија отидоа преку Словенија, ни 2 недели ни ништо. Има наш превозник што имаше буквално редовна линија до Милано преку Словенија, иако ние технички не смеевме да патуваме во Италија (бевме во последна категорија на држави). Најсмешно е што Италијаните ти бараат пасош за да извадиш дозвола за престој, а не проверуваат дека не ти прошле 2 те недели карантин во ЕУ земја.
Така да многу ме интересира и со вакцините што ќе смислат и како ќе го спроведат тоа.

БРАВО за другарите, поздрави ги и отерај ги у пм!!!
Само да напоменам дека не сме во карантин, овој пат ни казни не пишуваат, ама мене маалото во 22 навечер ми е вака

и дур другарите ти се однесиваат неодговорно, ние што живееме тука си го јадеме

@Yo Blow Французиве викаат нема потреба да се вакцинираат тие кои го прележале Ковидов.
Воедно нема последици кај луѓето кои биле симптоматски и примиле вакцина.

Да да, ова го рекоа пред некој ден, го пишав некаде понапред во темава.

Викендов имав една двојка во хотелот, околу 50тина години на кај 60 двајцата. Мажот бивши војник, кој бил на служба во Босна, затоа и се замуабетивме, а женава работи во Париз за Johnson & Johnson.

Нормално, кога кажа дека работи за нив, бев љубопитен да ја потпрашам онака малце околу ситуацијава со вакцините, посебно бидејќи работи за производител на вакцина.

Прво прашав што мисли за вакцините, дали се сигурни за да се примат и дали би не заштитиле навистина од вирусот. Нејзиниот одговор беше дека иако работи за компанија која ги прави, не би се вакцинирала се додека нема јасни докази дека нема д апредизвикаат никакви несакани ефекти на долг рок.

Жената нагласи дека одлично е што се извадија вакцини вака брзо за вирусот и дека без разлика што се пишува по интернет, нивната компанија и другите слични на неа, кога продаваат еден производ, тоа го прават бидејќи е испитан и сигурен за употреба, но вакцината е исклучок бидејќи никој, ама баш никој не знае какви последици ќе имаме на подолг рок. На краток рок рече дека и самите резултати потврдиле дека нема некои поголеми последици и дека според тестовите вакцината се покажала многу добра. Рече дека ни таа ни сопругот нема да се вакцинираат додека не се покаже дека вакцината е навистина безбедна.

Се префрливме потоа на тоа дали треба да се избегнуваат големите градови, рече дека ако имаме можност, треба да работиме од дома и препорачливо не во голем град и дека така ќе биде најверојатно во наредните една до две години. Вирусот рече нема да тера овака ко сега засекогаш, дека ќе го снема како што и дошол и дека индикациите покажуваат дека не е од природно потекло. Ова последното што го кажа ми даде трпки по цело тело искрено.

Рече дека вирусов, не дека не е без опасен, се зависи од тоа како телото ќе ни реагира на него, меѓутоа додаде дека постојат вируси во лаборатории низ светов, кои доколку излезат надвор од тие лаборатории ќе не збришат нас луѓето од лицето на земјата за многу брзо време.

Интересно нешто што рече е дека не треба никако да и се верува на Кина за тоа што известуваат поврзано со вирусот и последиците што ги имаа од него. Таму, рече, има многу повеќе жртви од тоа што се објавува.

Со ова се надевам дека конечно ќе ја убедам девојка ми дека Париз е лошо место за живот, посебно бидејќи очекуваме бебе и дека барем додека не се расчисти ситуацијава, треба да останеме во помал град.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom