Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
Нема врска, вакцината не е задолжителна. Спаѓам во таа категорија граѓани каде нема препорака да се вакцинираат. :)
... ако се прогласи за смртоносен и опасен вирус со ваква пандемија, ќе има задолжителност на вакцинирање, а тоа ќе биде незгодна работа, ни на земја ни на небо!
... спаѓаш во група на категорија граѓани што се потенцијални преносители на вирусот и тоа доаѓа исто како тие што се приоритет за вакцинирање, оти што е смислата на тие со препорака да се вакцинираат кога тие без препорака ќе им го пренесе, што мислиш ако ја примат вакцината се 100% заштитени, готово?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Ако е смртоносен (а не е) ќе се вакцинирам.
Да, другите ќе имаат имунитет. Тогаш зошто се вакцинираат со вакцина која има 95 % ефикасност по тие 20тина дена до стекнување имунитет?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
Има нова интересна работа со мутациите, еве сега е популарна некоја англиска мутација, па дали овие вакцините кој ги пуштија во употреба ќе бидат ефикасни на овие новите мутации, уште еден плус кон тоа дека вакцините нема да бидат ефикасни.
... обратно, таквите мутации сега во скоро време ако ги направил коронавирусот, новите вакцини ќе ја намалат својата ефикасноста до 50%, затоа што ај да речеме се направени „набрзина“ според тогашните сознанија без овие нови мутации, можеби и затоа е „пуштено“ сега од Англија така ем страв кај луѓето поради зголемена вирулентност, ем вакцините ќе испаднат неефикасни, а произведени големи количини, кој кого зеза не знам... ама Кина, мува не ја лази!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
А бе дива лига.Сега читам дека новата мутација се проширила и во Данска,Холандија и Австралија.Утре ке читаме дека пола свет го опфатила и дека уште 10 други мутации чекаат на ред.Циркуз невиден.
Нова мутација е најверојатно таа од фармите на ласици од Данска.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
369
Поени од реакции
250
Е добро де.....пушач заболен од Ковид.....познавам 4-ца до сега. Океј поминале.....лутрија како и кај непушач, зависи вирусот како ќе удри, организмот како ќе се одбрани/реагира.

Димот од цигарите не го уништува вирусот.....ако на тоа мислеше.
Не знам дали димот го уништува вирусот и не е тоа што мислам во цигарите има катран и никотин и тие и текако се таложат таму кај што удира највеќе короната и процентите сега за сега кажуваат дека тие што пушат цигари редовно има многу мали шанси да закачат од коронава. Еве ако има некој од мало гратче нека се распраша колку пушачи биле официјално заболени од корона и колку биле хоспитализирани ќе види дека скоро ни еден не е пушач.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.451
Поени од реакции
39.086
Она е. :pos:

Иначе колега од работа правеше некој тест, испадна дека го прележал вирусот а не ни знаел за тоа, а сега е негативен. :pos::pos: Ова доволно зборува за ''смртоносноста" на вирусот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
Ако е смртоносен (а не е) ќе се вакцинирам.
Да, другите ќе имаат имунитет. Тогаш зошто се вакцинираат со вакцина која има 95 % ефикасност по тие 20тина дена до стекнување имунитет?
puzel.png с.jpg
...така е тоа секогаш, зошто така зошто вака, тоа доаѓа како пузли форми, секоја одговара на местото каде се поставува,
еве пример вакцина против сезонски грип е 4 валентна од 4 инактивирани сегменти од соеви на вируси кои биле присутни во: две во Кина од 2019, еден од Тајланд Фукет провинција од 2013 и еден од Вашингтон од 2019, тоа е вакцина за Северна хемисфера за 2020 година, според овие 4 соеви е направена вакцината против сезонски грип што се прима тука- сега, зашто и МКД спаѓа во северна хемисфера!

... која е таа случајност да тие вируси тука се пренесат апсолутно исто како биле таму? без мутација, без никаква промена од човек на човек додека дојде до МКД? само една мала промена на вирусот сојот на вакцината нема скроз да се поклопи (антителата не ја препознава мутацијата) и шо правиме, затоа велиме може да биде ефикасна вакцината да се „поклопи“ или делимично ефикасна „ мутационо потешко да се поклопи“ или ич ефикасна да вирусот измутира целосно и да нема антитела на таа мутација во организмот на тој што ја примил вакцината против сезонски грип,

... но вакцината против сезонски грип е направена како класични вакцини мали сегменти од инактивиран вирус, познати горе доле и што несакани ефекти и како делува, ама овие новиве вакцини против коронавирус?
прво зошто се седум и тоа сите со различни пристап на формулација на истата, без искуство што и како делува на организмот, нит знаеме како делува коронавирусот, нит знаеме вакцините како реагират...у п.м. на слепо, ми чуе мене за звучно име Астра Зенека, ако ми наштети вакцината,

...зарем не е исто ал ќе се умре од коронавирусот или од новата вакцина? мислам ејј каде има помалку штета, највероватно мојот имун систем ќе се бори, ама со вакцината неиспитана, генетски материјал во неа у пм, да ми делува на ДНК и на сите клетки не би рекла, така да и мене ме боли глава не само тебе,

...ама затоа да бев јас САД, најсилна светска сила, па ќе отидев во Кина па за уши сите да ми се наредат...па кој е кривецот... па зошто како е направено ако воопшто е направено... па вакцина или лек... така се работи, а не кривецот се чеша, светот трпи! прашање КОЈ е кривцот, СИГУРНО НЕ Е ПРИРОДАТА!
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Баш би сакал ти како медицинско лице да објасниш нешто плус како е со вакцината за грип.
Безбедна вакцина е, реакциите се многу ретки и има нето корист. Да се прашувам јас, би ја препорачал на секој постар од 6 месеци секоја сезона освен ретки исклучоци. Јас секоја година веќе 10 години по ред се вакцинирам против сезонски грип. Тоа е тоа накратко.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Прегледај го приврзокот 277716 Прегледај го приврзокот 277717
...така е тоа секогаш, зошто така зошто вака, тоа доаѓа како пузли форми, секоја одговара на местото каде се поставува,
еве пример вакцина против сезонски грип е 4 валентна од 4 инактивирани сегменти од соеви на вируси кои биле присутни во: две во Кина од 2019, еден од Тајланд Фукет провинција од 2013 и еден од Вашингтон од 2019, тоа е вакцина за Северна хемисфера за 2020 година, според овие 4 соеви е направена вакцината против сезонски грип што се прима тука- сега, зашто и МКД спаѓа во северна хемисфера!

... која е таа случајност да тие вируси тука се пренесат апсолутно исто како биле таму? без мутација, без никаква промена од човек на човек додека дојде до МКД? само една мала промена на вирусот сојот на вакцината нема скроз да се поклопи (антителата не ја препознава мутацијата) и шо правиме, затоа велиме може да биде ефикасна вакцината да се „поклопи“ или делимично ефикасна „ мутационо потешко да се поклопи“ или ич ефикасна да вирусот измутира целосно и да нема антитела на таа мутација во организмот на тој што ја примил вакцината против сезонски грип,

... но вакцината против сезонски грип е направена како класични вакцини мали сегменти од инактивиран вирус, познати горе доле и што несакани ефекти и како делува, ама овие новиве вакцини против коронавирус?
прво зошто се седум и тоа сите со различни пристап на формулација на истата, без искуство што и како делува на организмот, нит знаеме како делува коронавирусот, нит знаеме вакцините како реагират...у п.м. на слепо, ми чуе мене за звучно име Астра Зенека, ако ми наштети вакцината,

...зарем не е исто ал ќе се умре од коронавирусот или од новата вакцина? мислам ејј каде има помалку штета, највероватно мојот имун систем ќе се бори, ама со вакцината неиспитана, генетски материјал во неа у пм, да ми делува на ДНК и на сите клетки не би рекла, така да и мене ме боли глава не само тебе,

...ама затоа да бев јас САД, најсилна светска сила, па ќе отидев во Кина па за уши сите да ми се наредат...па кој е кривецот... па зошто како е направено ако воопшто е направено... па вакцина или лек... така се работи, а не кривецот се чеша, светот трпи! прашање КОЈ е кривцот, СИГУРНО НЕ Е ПРИРОДАТА!
...и што има ова врска со она јас што го напишав за смртноста?,
...зборував само за тие права кои сакаат да ги менуваат „експертите" онака од ракав, за ништо друго,
...се сложувам со тебе,
...признај дека ти фалеа нашите дискусии?,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
Не знам дали димот го уништува вирусот и не е тоа што мислам во цигарите има катран и никотин и тие и текако се таложат таму кај што удира највеќе короната и процентите сега за сега кажуваат дека тие што пушат цигари редовно има многу мали шанси да закачат од коронава. Еве ако има некој од мало гратче нека се распраша колку пушачи биле официјално заболени од корона и колку биле хоспитализирани ќе види дека скоро ни еден не е пушач.
... немојте да се лажете на таков начин, оправданоста на пушењето нема никаде бенифит, ако сакате таква теорија еве ви го смогот во водухот нема што нема во него, напротив пушачите ги потикнува тие рецептори каде коронавирусот продира, можеби никотинските агенси ќе најде простор во лечење на Паркинсон, но се уште нема убедливи клинички докази од 2014 година, а не сега докажано за девет месеци нова болест дека има бенефит пушењето т.е. никотинот,
...и што има ова врска со она јас што го напишав за смртноста?,
...зборував само за тие права кои сакаат да ги менуваат „експертите" онака од ракав, за ништо друго,
...се сложувам со тебе,
...признај дека ти фалеа нашите дискусии?,
...ај, добро нема да те цитирам, не читаш содржина јас општо пишувам, само се надоврзувам на твоето пишување, ако го сфаќаш дека те јавнувам еве не те цитирам, ако треба ќе се тргнам од темава, ама има кој го чита форумов, не мора да се регистрирани членови ;)
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Чекај сега, ако тој некој ги почитувал мерките како може да се зарази поради тие што не ги почитуваат
или па мерките се за да се каже дека има мерки?
Затоа што за нештото да успее треба солидарност. Не живеам во стаклено ѕвоно изолирана од сите. Пазам на мерките, се чувам колку можам, ама сето тоа ми паѓа у вода ако луѓето околу мене се понашаат како стока.

Постои нешто што се вика колективна свест!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
...ај, добро нема да те цитирам, не читаш содржина јас општо пишувам, само се надоврзувам на твоето пишување, ако го сфаќаш дека те јавнувам еве не те цитирам, ако треба ќе се тргнам од темава, ама има кој го чита форумов, не мора да се регистрирани членови ;)
...цитирај ме слободно, читам. само не знам зошто ме цитираш, се согласувам со тебе, ;)
...не ми одговори на прашањето,
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
369
Поени од реакции
250
... немојте да се лажете на таков начин, оправданоста на пушењето нема никаде бенифит, ако сакате таква теорија еве ви го смогот во водухот нема што нема во него, напротив пушачите ги потикнува тие рецептори каде коронавирусот продира, можеби никотинските агенси ќе најде простор во лечење на Паркинсон, но се уште нема убедливи клинички докази од 2014 година, а не сега докажано за девет месеци нова болест дека има бенефит пушењето т.е. никотинот,
Ок,
Цигарите ги убиваат пушачите но на подолг пат тоа го знаеме сите што пушиме и пак пушиме!
Поентата на прашањето беше дали воопшто некој направил статистика еве мојата статистика на 300 заболени официјални од еден град во мк 297 се непушачи 3 ца се пушачи(и тие тројца пушат по 1 кутија неделно).
Да додадам прашајте колку од хоспитализираните се пушачи , а исто така прашајте ги вашите матични лекари колку од нивните пациенти што добиле корона се пушачи.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
Ок,
Цигарите ги убиваат пушачите но на подолг пат тоа го знаеме сите што пушиме и пак пушиме!
Поентата на прашањето беше дали воопшто некој направил статистика еве мојата статистика на 300 заболени официјални од еден град во мк 297 се непушачи 3 ца се пушачи(и тие тројца пушат по 1 кутија неделно).
Да додадам прашајте колку од хоспитализираните се пушачи , а исто така прашајте ги вашите матични лекари колку од нивните пациенти што добиле корона се пушачи.
... јас друго би прашала и би направила статистика, колку од сите тие критични имале примено бесеже вакцина, посебно тие младите кои починале! и би направила Манту тест на сите да би ја видела реакцијата и дали воопшто има телото антитела и ако не све би ревакцинирала без разлика на возраст, ете тоа би направила, вакцината за бесеже можеби чуда прави и за други болести кои се респираторни...ама кој да испита!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom