Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.797
Остај го овој докторов од Германија, секој што има потреба од помош ќе добие. Има илјадници доктори, што знаат и не знаат. Не мора све здраво за готово да се зема.
... па не знам дали има иљадници доктори, па и друг здравствен кадар токму во овие силни држави на ЕУ, инаку од каде таа масовна побарувачка на тој кадар? не гледаш дека нивните болници малтене ги држат здравствените работници од трети земји?
ќе пуштеше порано Германија вака да се примат преку ноќ кадри во нивните болници, „малу морген“ ама сега друга ситуација...прпа... балканецот ако не работи по тие болници нема кој да им работи на прва линија, порано за нострификација на дипломата на тој доктор требаше да „остаре“ да успее од дополнителните дополагања, па прашање дали ќе го вработат, а не како сега,
...барем за мене, рејтингот на „нивни“ доктори малку повеќе им е паднат, само што имаат закони а со тоа и услови за работата во болниците, да имавме ние такви закони овде и под инерција добри услови, ќе бевме Шварцвалд клиника, токму со овој „скапан“ здравствен капацитет што го имаме во моментот, преку ноќ ќе дојдеше до израз квалитетот кај нас, а ќе го шутневме шкартот кој сега го има главниот збор во нашето јавно здравство (за приватното здравство кај нас многу работи не важат)!
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.555
Поени од реакции
2.922
Таман сега уште тој Англискиот што е 70% попренослив ни фали.
Белгија и Холандија веќе блокираа граници со Англија. Еве сега и Франција
Ама не....кај нас е се отворено....слободна зона. Особено границата со Косово мора да остане трајно отворена по секоја цена.

За ова потполно се слагам со Јанко
Е ај сега, како оценија дека е попренослив па уште за точно 70%? Што тоа значи? Не држи дистанца 2 метри, држи 4 метри? Носи 2 маски, не една?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.877
Поени од реакции
10.403
Не знам дали е доктор, нема врска. Битен е наративот кој се движи во тој правец. Читај ја дискусијата. :)
Не гледам ништо ново во наративот. Доколку некој свесно се изложува на опасност (непочитување мерки, одбивање да се вакцинира), логично е да си ги сноси последиците. Едно 200 души на темава имаат пишувано "нека укинат мерки па ние ќе се снаоѓаме", сега истите тие им прпа.

Ова е истиот принцип кај алкоси, наркомани. Доколку си алкохоличар и свесно си го уништуваш црниот дроб, кога ќе дојде ден истиот да откаже, ти бате ќе си последен на листата за потенцијална трансплатација...кажувај им тогаш дека си плаќал здравствено осигурување.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
се кладам дека ќе ја направат вакцината задолжителна за влез во одредени земји
Ние во Здружение планираме во септември една меѓународна конференција (требаше овој септември да биде), и план ни е да бараме вакцини за тие што ќе доаѓаат :D
Дали познавате некој коронаш што пуши цигари , и како си поминал со короната
Да, и си помина ок
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.570
Поени од реакции
2.789
Е ај сега, како оценија дека е попренослив па уште за точно 70%? Што тоа значи? Не држи дистанца 2 метри, држи 4 метри? Носи 2 маски, не една?
А бе дива лига.Сега читам дека новата мутација се проширила и во Данска,Холандија и Австралија.Утре ке читаме дека пола свет го опфатила и дека уште 10 други мутации чекаат на ред.Циркуз невиден.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не гледам ништо ново во наративот. Доколку некој свесно се изложува на опасност (непочитување мерки, одбивање да се вакцинира), логично е да си ги сноси последиците. Едно 200 души на темава имаат пишувано "нека укинат мерки па ние ќе се снаоѓаме", сега истите тие им прпа.

Ова е истиот принцип кај алкоси, наркомани. Доколку си алкохоличар и свесно си го уништуваш црниот дроб, кога ќе дојде ден истиот да откаже, ти бате ќе си последен на листата за потенцијална трансплатација...кажувај им тогаш дека си плаќал здравствено осигурување.
Можеш да направиш листа на приоритети, но не можеш да му скратиш на некого право (без да го промениш законот). Исто е со оние кои зборуваат против полицијата, дали треба истата да одбие да постапи при повик? Нормално дека не. Затоа има закони кои мене ми ги гарантираат тие права. Не може секој доктор посебно да си прави принципи. Така, за тие машини сум плаќал и осигурување и даноци. Кажувај му на оној кој не плаќал ниту едно, ниту друго дека нема право на здравствена заштита.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.797
А бе дива лига.Сега читам дека новата мутација се проширила и во Данска,Холандија и Австралија.Утре ке читаме дека пола свет го опфатила и дека уште 10 други мутации чекаат на ред.Циркуз невиден.
... види не е проблем мутацијата, секој вирус како и сезонскиов тоа му е работа да мутира, проблемот што не решаваат ништо околу лечењето, експериметираат со веќе нови/стари лекови кои се за други болести, ништо конкретно за ова болест, затоа што нема кој да финасира нови испитувања за овој лош коронавирус,
...пример, докажано/недокажано/ недоиспитано дека децата во белодробието немаат некој протеин што го имаат возрасните и токму таму, преку тој протеин е влезната врата на коронавирус каде го дава крајниот фатален удар кај возрасните!
таму треба наука да работи, а не дека мутирал вирусот или се носело/или неносело маски тие се привремени нерешливи одложувачки мерки, но не научно медицински, со тие мерки не се занимава медицината,
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Oвие 5 души ја славеа победата со оро дека победил градоначалникот нивни во Штип... E голема работа...

Сите видовме како се слави Пред Новогодишна прослава и на отворен и во затворен простор, со маса на луѓе. pet.jpg

Ама 4-5 души на најголемите наши празници собрани во една куќа ќе си кркаат дебела казна...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.402
Поени од реакции
18.558
Не гледам ништо ново во наративот. Доколку некој свесно се изложува на опасност (непочитување мерки, одбивање да се вакцинира), логично е да си ги сноси последиците. Едно 200 души на темава имаат пишувано "нека укинат мерки па ние ќе се снаоѓаме", сега истите тие им прпа.

Ова е истиот принцип кај алкоси, наркомани. Доколку си алкохоличар и свесно си го уништуваш црниот дроб, кога ќе дојде ден истиот да откаже, ти бате ќе си последен на листата за потенцијална трансплатација...кажувај им тогаш дека си плаќал здравствено осигурување.
Колку што знам за листа за потенцијална трансплатација рангот е строго медицински, односно каде се најголеми шансите истата да успее, а не врз база на етички критериуми. 30 годишен алхохоличар ќе има приоритет пред 80 годишен неалхохоличар. Иако тука збориме за приоритет, а не за целесно ускратување. Дали лекар би оставил пијан човек повреден во собраќајка да умре, бидејки сам си ја барал бељата?

Инаку ја сум за да укинат дел од мерките зашто мислам дека прават штета повеќе од колку корист. Тоа не значи дека сакам да ми укинат здравствено, кое си го плаќам, не ми го дава некој од кејф. Нека го укинат задолжителното плаќање и за мои пари сигурен сум дека ќе најдам болница што ќе ги нема овие етички дилеми.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.797
Ме интересира дали на токсикологија ќе лекувате тинејџери кои се направиле камења за Нова? Нели, има препораки плус кампања
Не може некој тука да ми ограничи некое право само затоа што смета дека би било логично! Имам јас загарантирани права, плус плаќам во тој систем, оставам нешто и за тоа нешто утре да добијам одредена услуга. Како тоа услови за употреба на вентилатор? Мора да се држиме до принципите.
... мислам дека нема некоја нова измена, барем до сега, све што е дијагностицирано како акутно труење со алкохол (пијанство) на било кој пациент на било која возраст, не му следи во моментот бесплатен преглед, терапија и све што е поврзано со тоа моментално пијанство, пациентот си ги плаќа приватно (со свои средства),

...дежурната медицинска екипа е должна да даде помош и све што треба за таквата состојба на пациентот, но тоа не го покрива ФЗОМ иако пациентот е корисник на тие услуги со своето редовно месечно плаќање, пијанството не спаѓа во тие пакети на бесплатно (или со партиципација) здравствено осигурување,

...затоа често пати, се злоупотребува запишување на реалната дијагноза (за тие ВИП), за да се избегне приватното плаќање, па се харикира со термини на акутно труење со храна, лекови, за да биде покриен „пијаниот пациент“ со плаќање на партиципација,

... државата/ ФЗОМ ги подржува и ги покрива специјализираните болници кои вршат превенција, третирање и лекување на пациенти од разни зависности (алкохол, дрога, психолошки состојби) , плаќајќи ги сите услуги и средства за тие пациенти кои се лечат по национална програма во тие специјализирани институции, но не ги плаќа прегледите и терапијата на моменталните труења - пијанство, дрогирање од журки и слично!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ме интересира дали на токсикологија ќе лекувате тинејџери кои се направиле камења за Нова? Нели, има препораки плус кампања!

Не може некој тука да ми ограничи некое право само затоа што смета дека би било логично! Имам јас загарантирани права, плус плаќам во тој систем, оставам нешто и за тоа нешто утре да добијам одредена услуга. Како тоа услови за употреба на вентилатор? Мора да се држиме до принципите.

Да бидам искрен сеуште не знам за што бев нападнат, нема везе, има одредени темелни вредности на уставниот поредок (солидарност и хуманизам меѓу другото), покрај тоа некој дал и заклетва каде има нешто и за најважна грижа за здравјето на својот пациент, ако добро ме служи меморијата. Нема врска, терајте како сакате. ;)
Не знам колку си во тек, меѓутоа враќање во живот од пијанчење на токсикологија се наплаќа приватно. Има еден лист со фонт 72 на прием на пациенти. :toe: лош пример одбра. Убаво кажа @Спојлер дека не може да се контаминираш по цел ден и кога ќе дојде време, да се вадиш на картата дека плаќаш.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не знам колку си во тек, меѓутоа враќање во живот од пијанчење на токсикологија се наплаќа приватно. Има еден лист со фонт 72 на прием на пациенти. :toe: лош пример одбра.
Знам, пред некоја година еден другар го одраа за Нова. Зборувам за наративот кој постои години наназад.

Нема врска, вакцината не е задолжителна. Спаѓам во таа категорија граѓани каде нема препорака да се вакцинираат. :)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.402
Поени од реакции
18.558
Не знам колку си во тек, меѓутоа враќање во живот од пијанчење на токсикологија се наплаќа приватно. Има еден лист со фонт 72 на прием на пациенти. :toe: лош пример одбра. Убаво кажа @Спојлер дека не може да се контаминираш по цел ден и кога ќе дојде време, да се вадиш на картата дека плаќаш.
Не може да влечете паралели, зашто уникатен случај е ова со вакцината. Да се начукаш е свесно барање на бељата. Да се разболи од вирус никој не сака. А и ја знам еден куп луѓе што се пазат од вирусот ама страв им е и од вакцината. Еве ја веројатно ќе се вакцинирам, мислам дека е мал ризикот, ама дали реално имаат фармацевските компании кредибилитет за 100% доверба?
Не за џабе е тоа emergency use. Ги пуштаат зашто се добри за колективното добро, а индивидуални случаи со нуспојави ќе има сигурно.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.433
Прелиминарните резултати кажуваат на заштита до 1 една година.
Оваа со прелиминарните резултати ти е најјако, како може да знаат дека е до 1 година, кога вакцината ја тесираат од август и нема поминато година, значи е само претпоставка, за нуспојавите и тоа колку е добро тестирана баш се сомневам, пред 10-тина години имаше свински грип и излегоа исто така вакцини кој се покажаа дека не се баш квалитетни и потоа тие што не ги беа употребиле плаќаа за уништување.

Јас (а сигурно и голем дел) сметаме дека ова е одличен бизнис со вакцините кој ги исфорсираа поради тоа што се јави огромна конкуренција, па сега имаме 2 руски, 2 американски, кинеска, оксфордска, некоја германска...........

Да не заборавам дека за грипот секоја година вакцинираат со различна вакцина поради мутацијата на грипот, прават некоја проценка за кој тип на грип ќе го има, па таа вакцина ја произведуват, таа година кога ќе утнат веројатно се тие години кога има огромен пораст на грипот (преку неколку години).

Баш би сакал ти како медицинско лице да објасниш нешто плус како е со вакцината за грип.
Па заради сите оние што не ги почитуваа сите мерки. Fuck logic.
Чекај сега, ако тој некој ги почитувал мерките како може да се зарази поради тие што не ги почитуваат
или па мерките се за да се каже дека има мерки?
... види не е проблем мутацијата, секој вирус како и сезонскиов тоа му е работа да мутира, проблемот што не решаваат ништо околу лечењето, експериметираат со веќе нови/стари лекови кои се за други болести, ништо конкретно за ова болест, затоа што нема кој да финасира нови испитувања за овој лош коронавирус,
...пример, докажано/недокажано/ недоиспитано дека децата во белодробието немаат некој протеин што го имаат возрасните и токму таму, преку тој протеин е влезната врата на коронавирус каде го дава крајниот фатален удар кај возрасните!
таму треба наука да работи, а не дека мутирал вирусот или се носело/или неносело маски тие се привремени нерешливи одложувачки мерки, но не научно медицински, со тие мерки не се занимава медицината,
Има нова интересна работа со мутациите, еве сега е популарна некоја англиска мутација, па дали овие вакцините кој ги пуштија во употреба ќе бидат ефикасни на овие новите мутации, уште еден плус кон тоа дека вакцините нема да бидат ефикасни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom