Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Како немаше смртни случаи од морбили во државата?! Имаше и тоа кај деца на возраст од 1 до 13 месеци. Значи не "само стари луѓе", туку бебиња, дел од нив во категоријата кои не смеат да ја примат вакцината.
Темата е за Ковид, зборувам за вакцината за Ковид! Колку бебиња умреле од Ковид кај нас?
Знаеш дека не сум антивакцер и упорно ме напаѓаш.
 
C

CoolIris

Гостин
Муабетот јас го сфатив на незадолжителна вакцина ако одбиеш вакцинација да ти се одбие здравствена заштита ако се заразиш
Значи сам себе се демантираш. Нема логика во напишаното.

Ако е незадолжителна, значи имаш право на избор. Пак ќе кажам, не знам што не ви е јасно.

Ако е задолжителна, тогаш е задолжителна и немате право да се буните за тоа, бидејќи во тој случај вие претставувате опасност за општеството.
Автоматски споено мислење:

Темата е за Ковид, зборувам за вакцината за Ковид! Колку бебиња умреле од Ковид кај нас?
Знаеш дека не сум антивакцер и упорно ме напаѓаш.
Ама не те напаѓам, си муабетиме.
Не знам зошто се буните тогаш. Вакцината нема да биде задолжителна. Без бриге!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ама не те напаѓам, си муабетиме.
Не знам зошто се буните тогаш. Вакцината нема да биде задолжителна. Без бриге!
Превртувам очи. :rolleyes:

Што е проблемот тогаш? Ме напаѓаш за нешто за кое не се залагам!
 
C

CoolIris

Гостин
Превртувам очи. :rolleyes:

Што е проблемот тогаш? Ме напаѓаш за нешто за кое не се залагам!
Од мене превртуваш очи?
Превртувај колку сакаш. I can deal with it. :ljubove:

Не знам за што се залагаш. Се буните за нешто што не е така и на тој начин ширите параноја и страв од вакцинирање (homo homini lupus). Причината зошто ја спомнав МРП вакцината (задолжителна) е токму фактот дека за неа се крена најмногу прашина.

Нема многу да го тупам, ама знаеш како кажал Ајнштајн... "Едно нешто научив во својот долг живот, а тоа е дека целата наша наука во однос на реалноста е примитивна и инфантилна - сепак таа е најскапоценото нешто кое што го имаме".
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Од мене превртуваш очи?
Превртувај колку сакаш. I can deal with it. :ljubove:

Не знам за што се залагаш. Се буните за нешто што не е така и на тој начин ширите параноја и страв од вакцинирање (homo homini lupus). Причината зошто ја спомнав МРП вакцината (задолжителна) е токму фактот дека за неа се крена најмногу прашина.

Нема многу да го тупам, ама знаеш како кажал Ајнштајн... "Едно нешто научив во својот долг живот, а тоа е дека целата наша наука во однос на реалноста е примитивна и инфантилна - сепак таа е најскапоценото нешто кое што го имаме".
Знаеш добро за што се загалам околу вакцините. Прошетај низ пп дискусијата. ;)

Пак "ние". Каде сум ширел параноја за вакцинава? Каде сум напишал нешто лошо за вакцината (оваа или било која воопшто)?
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.932
Види вака. Можеби погрешно се изразив. Јас лично ниту сакам ниту очекувам некој да ме сожалува или да ми помага. Сам свесно сум одбрал професија со одреден ризик за пари и свесно сум го прифатил. Немам проблем со тоа.

Проблемот е друг. Има лекари и сестри кои во просечен ден имаат и по преку 50 па се до 100 различни пациенти. Никаде на светов не постои здравствен систем да им даде скафандер на сите тие вработени за секој ден. Затоа треба да има рационална употреба на заштитна опрема. Го прашуваш фино лепо на врата 10 прашања. Ако одговори со не, а повеќето одговараат со не, го гледаш со обична маска. Ако одговори со да на некое прашање го гледаш во заштитна опрема. И тоа е сосема безбеден систем, можностите за пренос на вирус се минимални ако луѓето се поштени.
Од не знам какви причини скоро секои неколку дена се случува да фатам по некој како излажал на прашањата. А не постои причина да лаже, ништо нема да му биде ускратено ако е чесен. Пријавив неколку души во полиција, колку што знам и кривични добија веројатно ќе се занимаваат по судови иако јас лично мислам дека на крај ќе се или неказнети или со блага казна. Ама толку многу ги има немам ни време ни нерви да се занимаваме со нив. И еден ден ќе треба на еден таков што маската секои 15 секунди му паѓа под нос пола саат да му пружаш грижа, а претходно излажал на прашањата и ќе те зарази. И ај кажи ми како човек да не се радикализира во ставовите? Кога без причина лажат и шират зараза. И тоа не поединци него купишта луѓе. И тоа возрасни луѓе без криминална историја ти го прават ова. Во најдобар случај во опишаниов пример ќе си негативен, ама мора да си во изолација до резултати, што значи 50 до 100 луѓе дневно два дена остануваат без лекар и сестра ради еден неранимајко. Во најлош случај ако те зарази 2 недели ќе се без грижа или останатите колеги ќе се преоптоварени иако они и веќе се преоптоварени.

Го знаеш дека е позитивен, дека мора да биди дома и го гледаш на улица излезен. И тоа не еден. Еден куп ги има. Ај кажи ми како да не се нервира човек.
Од твоја гледна точка потполно ти го разбирам револтот, гледам дека си медицинско лице и директно се справуваш со несовесни луѓе, но и сам напиша дека свесно си ја избрал професијата, ти и заклетва си дал дека ќе помагаш.

Но мора да пазиш во револтот да не ставиш во ист кош се, да подржиш па дури инсистираш на мерки кои би скратиле слобода на оние кои воопшто не се во таа категорија.... најлесно е да го поделиме црно бело светот ама реалноста не е таква... луѓе кои го прележале, поминале мора да им дозволиш слободно да живеат и работат, да се веселат да шетаат и така натаму.

Доколку јас и мои 6 пријатели сме го прележале, правиме журка и ставиме слика на фб, ти нас не ставаш во кош на неадерталци, а ние само сакаме да продолжиме со нормалниот живот.... за ова зборам, полека.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Значи сам себе се демантираш. Нема логика во напишаното.

Ако е незадолжителна, значи имаш право на избор. Пак ќе кажам, не знам што не ви е јасно.

Ако е задолжителна, тогаш е задолжителна и немате право да се буните за тоа, бидејќи во тој случај вие претставувате опасност за општеството.
Не се ни бунам само ептен е глупо да му се одбие здравствена заштита на некој што е здравствено осигуран , а па и на тие што не се. Плус нели имате хипократова заклетва која ептен ја почитувате и се водите според неа. А и прашав дали воопшто имаме договорено вакцина и кога би пристигнала.На запад некој организирани земји планират и 60% од популацијата до средина на наредна година и да ја вакцинират. Некако ми иде дека моќната НАТО членка ќе почека за вакцини. Незнам дали сте свесни ама ние се водиме по Шведска стратегија само што е проширена и надградена , со ова темпо додека да стигне вакцината ние веќе ќе имаме 500 000 прелегани.

Јас да сум на власт би ја направил задолжителна за сите и би постапувал строго за секој кој одбие. Сеа нарамно тие што го прелегале, млади и здрави испод 40 години би ги ставил скроз на крај на приоритет за вакцинација и дали и има потреба да се вакцинираат за тоа не сум стручен.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.275
Поени од реакции
9.057
Јас да сум на власт би ја направил задолжителна за сите и би постапувал строго за секој кој одбие.





дали и има потреба да се вакцинираат за тоа не сум стручен.
Знаеш дека ќе те биде за министер у влада ако не и за премиер?

Овие у влада и ковид кризниот центар имаат исто размислување ко твоето.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Доколку јас и мои 6 пријатели сме го прележале, правиме журка и ставиме слика на фб, ти нас не ставаш во кош на неадерталци, а ние само сакаме да продолжиме со нормалниот живот.... за ова зборам, полека.
Mislam дека се разбираме. Разбирам сите на сликата тазе да прележале или да се блиски фамилијарно. Тоа ми е сосема разбирливо и чобечко. Неандерталец метафорички го мислев, фигуративно што би рекле некои, да е посилна критиката до несовесните бидејчи се сериозни времиња. Сосема неприкладно е во вакви времиња во време кога треба силна критика, да глумиме политичка коректност и да бираме зборови некој да не се навреди и да размислуваме за секоја можна ситуација, да не дојде до случајна навреда ради недоразбирање, додека од друга страна дневно луѓе умираат.

А за оние кои се придржуваат до мерките, а тоа се повеќето луѓе сепак, за нив секоја чест за трпението и напорот, нив во никој случај не ги ставам во такви категории ниту метафорички.

Инаку сликите од слави што вчера ми излегоа беа од луѓе за кои знам дека повеќето не прележале и сите беа од различни фамилии. За такви ми беше коментарот.
Сакав само да укажам, дека најверојатно најмалку 10% од народот е несовесен. Е сеа ако се среќаваш со 50 луѓе дневно, што во голем дел професии не е ништо необично, тоа се 5 несовесни на ден или 25 неделно. Тоа не мала бројка. Тие одреден процент% несовесни можат да ти шират епидемија мнгоу лесно на тој начин.
Е сеа да застануваме бизнис ради тоа е исто лошо луѓе без работа ќе останат.

Затоа е ситуацијава ваква како што е. Бираме помеѓу невработенст и здравје. На претходната страна го ставив примерот од Косово седумдесет и некоја. Мислам дека во денешно време не сме ама баш ништо понапредни, само имаме повеќе технологија и несовесните се погласни.
Факт е дека губиме на слобода и права. Јас лично сум доста либерален човек и сакам права, слобода мразам семидиктароски олигарси што ја злоуботребија ситуацијава на политички план.

Но што е алтернативата. Да тераме инает, да кажуваме вакво право онакво право, да имаме 20% вакцинација, па вирусов да си коси уште.
Некој претходно рече сум пишувал како ебола да коси надвор. Не знам за другите ама лично познавам во своја околина што колеги што цивили кои умреле или биле на вентилатор. Па неколку страници наназад на темава членови пишуваат дека познаваат луѓе што умреле.

90% од луѓето се придржуваат на мерки еве да речеме. Репресијата ни треба за останатите 10% несовесни. Значи овие 90% најверојатно нема ништо да им се смени во животот. За жал живееме во заедница, а не во дивина затоа треба еден на друг да се прилагодуваме да имаме правила на некое живеење.
Слобода, права и се останато има време за една година ќе ги решаваме тие проблеми. Прво треба да се спасат што е можно повеќе живот, т.е. да се спречи што помалку луѓе да умрат. А за прослави ќе има време за година дена кога ќе сме доволно вакцинирани. Нема ништо да избега дотогаш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.358
Што се однесува до правото на добивање платена услига. Во секој устав има различни права и слободи, кои во одредени моменти се косат една со друга па потоа кога се одлучува едно право има поголема важмост од друго. Во конкретниов случај правото на живот на голем дел од народот е далеку поважно од правото на добивање услуга на некој кој се двоуми во врска со вакцината. Односно правото на живот е поважно од правото на невакцинирање. Тоа и правници можат да го потврдат.
Апсолутно, правото на живот е елементарно. Баш заради истото тоа, не можеш да му го условиш на некој болен правото да се лечи. Зошто му го загрозуваш правото на живот. Дополнително, кога судот го вреднува животот, животот на млад и здрав 25 годишен човек, го вреднува многу повеќе од 80 годишен дедо, кој е 2 дена пред гроб, или од 50 годишен човек со сите можни болести. Кога веќе сакаме да дискутираме право.

Дополнително, единствената обврска за да добиеш здравствено осигурување е да го плаќаш истото. Ако не им се допаѓа тоа, нека го сменат законот, и нека изберат опција да не плаќаш. Никаков проблем во тоа.

Типов што ја предложил смешката во Германија е само уплашен грев. И му треба помош од психијатар.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.481
Поени од реакции
84.918
Пред неколку години кога бев студент читав сведоштва од лекар кој на времето кога бил млад бил пратен Косово, да ги вакцинират против вариола. И кажуваше, вика голема скепса владеела кај дел од населението. Вика кога оделе за вакцина од куќа до куќа често се дешавало да им излегувале мајка татко и po едно дете. Во тоа време било невообичаено не само во Косово него низ цела Југославија да има толку многу семјства со едно дете. Вика се дешавало да се доста насилни или груби према нив баш тие со едно дете. И вика ни текна што е работата. После тоа рече побарале да има милиција и влегувавле по куќите внатре правеле инспекција и по тавани гледале скриени баби, дедовци и уште 8 деца.
Вика само на тој начин можеле да ја искорениме таа вариола и да дадат вакцина на сите. Значи и за тој успех требало една мерка на репресија.

Сакам да кажам и денешниве времиња не се ништо поразлични од Косово седумдесет и некоја. Менталитетот е тој. Само денес со интернети и медиуми се многу погласни, а државиве некако кочат со користење полиција, репресија и обавезна вакцинација. Јер голем дел од популацијата со години е под некоја пропаганда на "entitlement". Викаат ми припаѓа ова и ова и не ми е гајле за никого.
Иако мислам дека баш во оваа ситуација ќе мораат државите да посегнат по репресија сакале или нејкеле.
Не само со полиција. Јас колку што знам, вакцинацијата на алкаеда/учк/исис се изведувала со асистенција на војска.
Инаку, они и ја донеле во Југославија болеста од Саудиска Арабија.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Знаеш дека ќе те биде за министер у влада ако не и за премиер?

Овие у влада и ковид кризниот центар имаат исто размислување ко твоето.
Кое на пример ? Дека треба да биде задолжителна или тие прелеганите дали има потреба да се вакцинират ?
За оваа раја у Македонија треба да биде задолжителна. Бројот на антиваксери, народ што верува во билгејц чипирања, прскања од авиони е толку голем што доброволно би се вакцинирале некаде околу 30% од населението.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
На вентилатор и онака се умира така да и боље што би се скратило тоа право.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.358
Кое на пример ? Дека треба да биде задолжителна или тие прелеганите дали има потреба да се вакцинират ?
За оваа раја у Македонија треба да биде задолжителна. Бројот на антиваксери, народ што верува во билгејц чипирања, прскања од авиони е толку голем што доброволно би се вакцинирале некаде околу 30% од населението.
Сегде ќе беше задолжителна, да не беше избрзана. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom