Доколку јас и мои 6 пријатели сме го прележале, правиме журка и ставиме слика на фб, ти нас не ставаш во кош на неадерталци, а ние само сакаме да продолжиме со нормалниот живот.... за ова зборам, полека.
Mislam дека се разбираме. Разбирам сите на сликата тазе да прележале или да се блиски фамилијарно. Тоа ми е сосема разбирливо и чобечко. Неандерталец метафорички го мислев, фигуративно што би рекле некои, да е посилна критиката до несовесните бидејчи се сериозни времиња. Сосема неприкладно е во вакви времиња во време кога треба силна критика, да глумиме политичка коректност и да бираме зборови некој да не се навреди и да размислуваме за секоја можна ситуација, да не дојде до случајна навреда ради недоразбирање, додека од друга страна дневно луѓе умираат.
А за оние кои се придржуваат до мерките, а тоа се повеќето луѓе сепак, за нив секоја чест за трпението и напорот, нив во никој случај не ги ставам во такви категории ниту метафорички.
Инаку сликите од слави што вчера ми излегоа беа од луѓе за кои знам дека повеќето не прележале и сите беа од различни фамилии. За такви ми беше коментарот.
Сакав само да укажам, дека најверојатно најмалку 10% од народот е несовесен. Е сеа ако се среќаваш со 50 луѓе дневно, што во голем дел професии не е ништо необично, тоа се 5 несовесни на ден или 25 неделно. Тоа не мала бројка. Тие одреден процент% несовесни можат да ти шират епидемија мнгоу лесно на тој начин.
Е сеа да застануваме бизнис ради тоа е исто лошо луѓе без работа ќе останат.
Затоа е ситуацијава ваква како што е. Бираме помеѓу невработенст и здравје. На претходната страна го ставив примерот од Косово седумдесет и некоја. Мислам дека во денешно време не сме ама баш ништо понапредни, само имаме повеќе технологија и несовесните се погласни.
Факт е дека губиме на слобода и права. Јас лично сум доста либерален човек и сакам права, слобода мразам семидиктароски олигарси што ја злоуботребија ситуацијава на политички план.
Но што е алтернативата. Да тераме инает, да кажуваме вакво право онакво право, да имаме 20% вакцинација, па вирусов да си коси уште.
Некој претходно рече сум пишувал како ебола да коси надвор. Не знам за другите ама лично познавам во своја околина што колеги што цивили кои умреле или биле на вентилатор. Па неколку страници наназад на темава членови пишуваат дека познаваат луѓе што умреле.
90% од луѓето се придржуваат на мерки еве да речеме. Репресијата ни треба за останатите 10% несовесни. Значи овие 90% најверојатно нема ништо да им се смени во животот. За жал живееме во заедница, а не во дивина затоа треба еден на друг да се прилагодуваме да имаме правила на некое живеење.
Слобода, права и се останато има време за една година ќе ги решаваме тие проблеми. Прво треба да се спасат што е можно повеќе живот, т.е. да се спречи што помалку луѓе да умрат. А за прослави ќе има време за година дена кога ќе сме доволно вакцинирани. Нема ништо да избега дотогаш.