Јас јавно и транспарентно кажувам дека не е само Артета проблемот и дека апсолутно ништо нема да биде подобро со било кој друг тренер ако останат истите играчи. Ве уверувам во тоа. Исто така скроз се сложувам дека треба да си замине, бидејќи се изгуби човекот, многу несериозност ќе покажеме како клуб ако толку време ова толерираме, ќе испадне задоволни сме со 15то место. Проблемот е што Арсенал е синоним за брз фудбал, тика така акции, Венгербол, проигрувања на прва, брзи играчи, што одлично се движат со и без топки, се плете акцијата, со топка до гол се стига. Тој фудбал го нема еве веќе 3 години, и од моменталните играчи во тимот нема 1 што може тој фудбал да го игра, Џака пак најмалце. Така да дури и да почнеме пак да победуваме и собереме некои 3 поени со гол од пенал, или на противнички грешки успееме да приредиме некоја сензација како лани Ливерпул 2-1, еве и да стигнеем до повторно финале ЛЕ, јас пак нема да бидам задоволен, бидејќи не е Арсенал тоа веќе, пак ќе ни се замачкаат очите како лани едно време што ни се замачкаа, ќе бидеме мирни, ама знаеме дека единствен лек и решение за проблемот е да се врати стариот Арсенал со старата игра и такви играчи да се бараат, на такви играчи да се гради тимот, па и нека губат, ако играта е уживанција, барем мака ќе ти е од поразот само, не и од лошата игра и досадниот натпревар.
Заклучок моментално немаме ни играчи од таков калибар, ниту тренер од таков калибар, така да не е само 1 проблем - тренер и со смена на тренер и задржување на истите играчи, епилогот ќе биде тотално ист. Друг тренер, друг пристап, други играчи, друга трансфер политика, све од корен треба да се смени.