Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Небитно. Два црвени ради недисциплина добиваме, дезориентираност во играта и општо куроболие. Артета ги има испуштено конците од рака дефинитивно. Неопходна е нова енергија од клупата...макар Сем Алардајс бил тоа :icon_lol:
и шо ако дојде нов тренер
првите 5-10 утакмици сите играчи ќе бидат хајпнати после тоа пак куроболие
веќе видено
 
Сместа бркање уште вечерва, ич кур не ме боли кој бил планот, Емери кога можеа да го шутнат со 100% пдобар скор и игра Артета сместа отказ, сместа

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
и шо ако дојде нов тренер
првите 5-10 утакмици сите играчи ќе бидат хајпнати после тоа пак куроболие
веќе видено
Значи ти мислиш дека треба да остане Артета и да продолжиме да го гледаме ова што го гледаме(не знам ни како да го наречам најискрено)?
Со што те има разубедена Артета дека е компетентен пред се да ја извади ситуацијава? Еден посран ФА куп?
Тимот е таков каков што е, финансиите се такви какви што се. Треба човек што ќе може најдоброто од сево ова да ги извади. Артета очигледно не е.
 
За жал не можеме играчиве да ги напудиме сместа, ама за тоа можеме Артета. Не бива. Не знам и кои се опциите слободни, ама мора да се смени нешто. Играчиве не играат за него, се гледа од авион.
 
Дечки кои финансии ги има па Барнли или Астон Вила па шо не тепаа ?
Па само Пепе вреди колку цел нивен тим.

Аман више со финансиите, битни се, ама не и најбитни. Шо не е константен Сити ако се само финансиите пресудни ?

Лестер, иако тогаш сите други играа катастрофа, освоија титула со играчи што тогаш вредеа колку едно шишање на Ауба...

Златно дете, Гендузи, го дадовме у Херта, а оноа швицарецон ни е стандарден првотимец. Ејјј швицарецот што хајлајтс на утакмица му е пас кон Лено, не за џабе кажа коментаторот дека у прво полувреме Лено бил втор у пасови во Арсенал.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Менталитетот е најважен , Артета не знае како да ги тепа малите екипи.
 
Интересно...единствената промена што ја има во играта е што упеавме и корнерите тупаџиски да ги направиме:pos:
 
Нека го отпуштат Артета што поскоро, да не го начека натпреварот со Сити. Пеп сигурен сум дека ќе го сожали и ќе му пушти најмалку 1 бод, за да му купи дополнително време до отказот.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Единствен спас ни е носење на некој искусен фудбалски човек да направи реконструкција на тимов, реално гледано Еду и Артета се нубови, а проблемиве во тимов се претешки за да ги решат искусни луѓе, не па за почетници.
Треба уште во јануари да се донесе искусен човек, еве Ралф Рангник е слободен, може да се донесе ко спортски директор или краткорочно тренер па од лето спортски директор, има огромно искуство во градење тимови во Бундеслигата.
 
Артета дека нема контрола тоа дефинитивно. Но немојте да бидете наивни и да мислите дека со смена на тренер, нешто ќе се промени. Многу гадно ќе се излажете. Нема една причина за ова, туку е таложење и форсирање политика која канцерогено влијае цело време, ама сега е во пикот на канцерот, метастазата. Сами себе се убиваме со ваквите политики кога цело време се заглавуваме со огромни договори на играчи од кој не можеме после да се отарасиме, а не спречуваат за доведување на нови играчи. Мислев дека оваа сезона ќе се смени нешто, криминално лошо изигравме и оваа сезона на тој план. Можеме до сабјале да правиме комбинации, која тактика била за Арсенал, кои играчи биле лоши и не заслужувале прв тим, ама вратете филмот цело време истото се случува. Значи цело време ги размазуваме играчите со огромни плати и со некој статус како “еј не е важно како играш, си имаш загарентирано први 11, ти ќе си прва опција што и да направиш“, и цело време се злоупотребува тоа, и некој и да е млад и мотивиран, кога ќе види дека сите си го дрват и он се опушта и не се замара, еве ти и Бељерин. Врска немаат повредите, вегански начин живот курци палци, се гледа дека играчот се има опуштено и го заболе курот што се случува се дур си има плата и први 11, а очигледно загарентиран првотимец е и покрај очоболните партии...

Може да си обвинуваме и тренери и играчи и лоши форми колку што сакаме, ама од грешка во грешка одевме на менаџерски план и сега ги гледаме последиците.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom