Абе не разбирам ова Walking dead, 5 години по ред и давам шанса си викав ај чим глеав до 5та ќе глеам и 6та сезона. Бидна и 7ма истото си го реков. Еве почнав со 10 сезона, и знаев дека постои fear the walking dead, ама сега и world beyond? Њтф? Ја па мислев тапа се сериите што им додаваат 1-2+ сезони, овие претераа. Ќе прекинам со сезонава. Што е многу, многу е.
Сосема различни серии се. Истиот универзум, запоседнат со мртвите кои одат, ама различни локации, различни приказни, различни групи и различни времиња. Мене Fear the Walking Dead ми е by far најдобра од сите три. Сѐ уште држи на неизвесност, не е досадна, пооригинална е од The Walking Dead, не се врти сѐ во круг, и ликовите се многу подопадливи. Инаку, и The Walking Dead, последните 2-3 сезони се подоправи, откако скокнаа со тајмлајнот за десетина години и откако се запознавме со Whisperers. World Beyond ќе биде минисерија, од само 2 сезони, од кои првата е излезена. Почна добро, пилотот беше ОК, ама после прерасна во детска игра. Плус, ми го скрши филмот моментот кога дознав нешто за еден од главните актери, овој:
кој btw, е женет, и на сликава pretty much личи на маж. Е, ама не бил маж. Бил gender fluid, а тоа значело некако поупростено за такви неуки ко мене дека во зависност од времето и приликата, понекогаш бил маж, а понекогаш жена.
Сега, тоа нема врска со серијата, де, ама ај оди гледај го со исти очи по оваа информација.
Инаку, The Walking Dead завршува со следната сезона, која ќе биде последна. Ама, по неа планираат уште една, нова, четврта серија, во која ќе го следат животот на Дерил и Керол по крајот на The Walking Dead. Плус, се уште во предпродукција се трите филма со Рик во главната улога. Чекај, кравата дава уште млеко, има да ја молзат...