Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
@Boro1918 @Ron Burgundy @JaqenH'ghar @Паланчански Имате нешто да додадете за ставовиве на сдс? Или пак можеби сега почнаа да ви се свиѓаат ставовите откако ги причитавте во програмата на Левица. Ајде сега да видиме колку сте лицемерни, дококлу ова беа ставови на Сдс немаше да ви се свиѓаат, каков ви а вашиот став за ставовиве сега?
Немам што да додадам. Добар дел од тие точки од програмата на Левица нема шанси да се исполнат, ниту пак се согласувам со некој од нив посебно оние комунистичките точки од нивната програма.
Јас овде на темава имам напишано зашто ќе ги гласам, ги гласам пошто моментално највеќе им бодат на очи на СДС и ја говорат реалната ситуација и не е составено од некој што цел живот го поминал во штабови со цел да се закачи на државна цицка и не ја водат некој што единствено знае да биде државен функционер и да мести тендери.

Демократија, гласање и дискутирање изборни програми и идеологии функционира во фукнционално општество, а не во клиентелистичко општество составено од предавници. Од ова јас се откажав и не планирам да верувам во вакво нешто ниту пак да читам изборни програми, џабе потрошена хартија од 300 страни кај ВМРО и 100 страни кај СДС . Барем да ги направешеа од класична весникарска хартија за да можам да потпалувам оган.

И инаку ако беа ставови на СДС секако се подразбира дека нема да ми се свиѓат. Пошто знам дека позади тој превез си имаат скриени намери.
 
M

Macedon1um

Гостин
Немам што да додадам. Добар дел од тие точки од програмата на Левица нема шанси да се исполнат, ниту пак се согласувам со некој од нив посебно оние комунистичките точки од нивната програма.
Ај ако сакаш пиши за кои точки не се согласуваш и се комунистички баш ме интересира
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Овој дојде со муабет дека бил демек независен, ама можда ќе гласал за Левица иако многу агресивни биле и не му се допаѓале, за да 4-5 дена потоа да стигне до тагирања, ширење параноја дека Левица ќе воведеле комунизам и убедување дека Борат не бил бот, туку такви биле левичарите. Типична комуњарска тактика.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Ај ако сакаш пиши за кои точки не се согласуваш и се комунистички баш ме интересира
7. Намалување на работното време од 8 на 6 часа дневно, без негативни импликации на висината на платата и додатоците кои ги примаат работниците.
Работам во фирма која е во сопственост на фирма од западна европа и таму вработените работат по 8 часа, некогаш и повеќе зашто имаат голема работна навика. Како да му објасниме на газдата еј извини ама ако ние ќе работиме веќе 6 часа пошто толку е законски?

4. Воведување прогресивен персонален данок на личен доход (плата, хонорар и сл.), наместо сегашниот рамен данок
Ова го имавме пред некој период.

2. Укинување на агенциите за приватно обезбедување, како паравоени формации, и формирање посебна државна Управа за обезбедување јавни објекти и инстиитуции, во рамките на МВР, и трансформација на приватните агенции за обезбедување во новата управа.
Приватните фирми ќе мораат од оваа новоформирана државна фирма да бидат обезбедени ? Да за тоа државните фирми да бидат обезбедувани од оваа новоформирана ама укинување и наложување на приватни фирми да плаќаат на државата обезбедување е рекет. Исто како и сега и во време кога СГС све обезбедуваше.

Комунистички се оние мерките во кој се залагаат за отварање нови државни фирми, еве пример од програмата е отварање државна веледрогерија
Подобро е регулирање на постоечките веледрогерии кој млатат пари од државни тендери во договор со директори на болници. Мешањето во банкарски сектор исто не ми се допаќа, со развој на економија доаѓаат и помалаи камати. Или државен центар за рециклирање кога народот го фрла ѓубрето кај стигне ни прави селекција на отпад.
Ок е идеата за отворање државни фирми ама реализацијата ќе биде лоша заради моменталниот менталитет на народот.

Ова ќе значи пукање во колено.
15. Отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја + признавање на независноста на Палестина, Каталонија и Баскија.
Надворешната политика е типично наследена од Југославија.

Ова се точки од 2020та програмта.

Програмата им е супер и се надевам дека ќе имаат шанса за исполнување. И да иако пишав дека веќе не читам ниту верувам сепак ја читав пред изборите програмата пошто очекував повеќе неболузи ама немаше.
Како и да е го имаат мојот глас секако.
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Овој дојде со муабет дека бил демек независен, ама можда ќе гласал за Левица иако многу агресивни биле и не му се допаѓале, за да 4-5 дена потоа да стигне до тагирања, ширење параноја дека Левица ќе воведеле комунизам и убедување дека Борат не бил бот, туку такви биле левичарите. Типична комуњарска тактика.
Борат многу подобро ја познава програмата на Левица за разлика од тебе. А се докажа и со десетте точки што ги имаше наведено, сите го плукавте дека е бот, а искочи дека тие се директно копирани од програмата на Левица. Џабе се тешиш дека левица не се залага за тие комунистички ставови, можда Апасиев нема експлицитно да ти каже дека партијата се залага со комунизам, ама тоа лесно се заклучува спрема неговите ставовите.

Не ми ни одговори ти, какви се твоите ставовите за точките што ги наведе борат?
Автоматски споено мислење:

Глеј, незнам колку си запознаен со домашните производи но еве, разгледај по полиците на Тинекс, Веро, Рамстор, Рептил итн итн итн. Домашните производи, пример давам, корнишони, се за 20/30 или повеќе денари поскапи, од увезените. Ова не ми е јасно зошто е вака. Зошто да плаќаме домашен производ поскап од увезениот. Според мене, треба да се разгледа зошто увезуваме и купуваме странски производи кои истите се произведуваат дома.

Не викам да се забранат странски производи, таман работа, али кога веќе истите ги имаме и дома, зошто тие да бидат поскапи. Али на крај на денот, ќе дое директорче некое и ќе сака x500 заработка и се паѓа у вода.
Многу површински го гледате ова. Ајде еве ти еден ваков пример, да речеме јас утре отворам фабрика за правење на лаптопи, поради тоа што во Македонија никој од тие делови за правење на лаптоп не се произведува јас ќе треба дел од деловите да ги произведувам локално тука во Македонија а дел да ги увезувам од странство. Ова ќе ме кошта екстремно скапо и крајната цена на лаптопот да речеме хипотетички дека за најефтиниот лаптоп би била 70-80.000. Дали поради тоа што тој домашно произведен лаптоп почнува со цена од 80.000 мкд цената на сите други лаптопи (dell, lenovo, apple, asus ...) треба со помош на царина да биде дигната преку 80.000 само за нашиот македонски производ да биде најефтин и најкомпетентен (иако дека не е најдобар) и за купувачите да ги поддржуваат луѓето што би работеле во мојата фирма? Се разбира дека одговорт на ова прашање е НЕ!

А еве за твојот пример, ако тие македонски корнишони се 30 денари поскапи (дури и после царината што е додадена на цената на странските корнишони) тогаш се разбира дека ќе ги купам странските. Ако тој македонски газда со текот на времето продолжи да ги продава по таа цена значи дека некој му ги купува тие производи и дека он нема потреба да ја спушта цената.
Тогаш ова е win win ситуација, јас си ги купувам најефтините корнишони од странатво, а македонскиот газда успешно си ги продава неговите производи на други муштерии.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Борат многу подобро ја познава програмата на Левица за разлика од тебе. А се докажа и со десетте точки што ги имаше наведено, сите го плукавте дека е бот, а искочи дека тие се директно копирани од програмата на Левица. Џабе се тешиш дека левица не се залага за тие комунистички ставови, можда Апасиев нема експлицитно да ти каже дека партијата се залага со комунизам, ама тоа лесно се заклучува спрема неговите ставовите.

Не ми ни одговори ти, какви се твоите ставовите за точките што ги наведе борат?
Автоматски споено мислење:



Многу површински го гледате ова. Ајде еве ти еден ваков пример, да речеме јас утре отворам фабрика за правење на лаптопи, поради тоа што во Македонија никој од тие делови за правење на лаптоп не се произведува јас ќе треба дел од деловите да ги произведувам локално тука во Македонија а дел да ги увезувам од странство. Ова ќе ме кошта екстремно скапо и крајната цена на лаптопот да речеме хипотетички дека за најефтиниот лаптоп би била 70-80.000. Дали поради тоа што тој домашно произведен лаптоп почнува со цена од 80.000 мкд цената на сите други лаптопи (dell, lenovo, apple, asus ...) треба со помош на царина да биде дигната преку 80.000 само за нашиот македонски производ да биде најефтин и најкомпетентен (иако дека не е најдобар) и за купувачите да ги поддржуваат луѓето што би работеле во мојата фирма? Се разбира дека одговорт на ова прашање е НЕ!

А еве за твојот пример, ако тие македонски корнишони се 30 денари поскапи (дури и после царината што е додадена на цената на странските корнишони) тогаш се разбира дека ќе ги купам странските. Ако тој македонски газда со текот на времето продолжи да ги продава по таа цена значи дека некој му ги купува тие производи и дека он нема потреба да ја спушта цената.
Тогаш ова е win win ситуација, јас си ги купувам најефтините корнишони од странатво, а македонскиот газда успешно си ги продава неговите производи на други муштерии.
Чим вака лошо ќе биде со Левица и ќе потпаднеме под комунизам сличен на СССР зошто ти пред 3-4 дена викаше дека си се мислел да ги гласаш? Зар ти би работел против својот и државниот добробит? Некако ептен си контрадикторен...
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Чим вака лошо ќе биде со Левица и ќе потпаднеме под комунизам сличен на СССР зошто ти пред 3-4 дена викаше дека си се мислел да ги гласаш? Зар ти би работел против својот и државниот добробит? Некако ептен си контрадикторен...
Настрана од комунистичките ставови како национализирање на фирмите, зголемување на даноци до бескрај и муабетов за странските производи, останатите ставови многу ми се свиѓаат како за здравството, корупцијата, оправувањето на државната клати врата земи плата администрација и слично.
Не сум ти ја партиска овца, или ги сакам или не ги сакам и нема измеѓу. Способен сум да размислувам со мојот мозок и да анализирам предности и негативни страни, а не само слепо да ги поддржувам и со главата во зид.
 
M

Macedon1um

Гостин
Работам во фирма која е во сопственост на фирма од западна европа и таму вработените работат по 8 часа, некогаш и повеќе зашто имаат голема работна навика. Како да му објасниме на газдата еј извини ама ако ние ќе работиме веќе 6 часа пошто толку е законски?


Ова го имавме пред некој период.



Приватните фирми ќе мораат од оваа новоформирана државна фирма да бидат обезбедени ? Да за тоа државните фирми да бидат обезбедувани од оваа новоформирана ама укинување и наложување на приватни фирми да плаќаат на државата обезбедување е рекет. Исто како и сега и во време кога СГС све обезбедуваше.

Комунистички се оние мерките во кој се залагаат за отварање нови државни фирми, еве пример од програмата е отварање државна веледрогерија
Подобро е регулирање на постоечките веледрогерии кој млатат пари од државни тендери во договор со директори на болници. Мешањето во банкарски сектор исто не ми се допаќа, со развој на економија доаѓаат и помалаи камати. Или државен центар за рециклирање кога народот го фрла ѓубрето кај стигне ни прави селекција на отпад.
Ок е идеата за отворање државни фирми ама реализацијата ќе биде лоша заради моменталниот менталитет на народот.

Ова ќе значи пукање во колено.

Надворешната политика е типично наследена од Југославија.

Ова се точки од 2020та програмта.

Програмата им е супер и се надевам дека ќе имаат шанса за исполнување. И да иако пишав дека веќе не читам ниту верувам сепак ја читав пред изборите програмата пошто очекував повеќе неболузи ама немаше.
Како и да е го имаат мојот глас секако.
Јас мислев пишуваш за оние 12) точки што ги искоментирав на предходната страна, блокиран ми е Борат па веројатно имам и др мислење негово пропуштено
Ама ајде ќе ги искоментирам и овие..

Работам во фирма која е во сопственост на фирма од западна европа и таму вработените работат по 8 часа, некогаш и повеќе зашто имаат голема работна навика. Како да му објасниме на газдата еј извини ама ако ние ќе работиме веќе 6 часа пошто толку е законски?
Според ова законски ќе биде 6 часа, а сигурно нема никој да ти забрани ти ако сакаш да работиш 8, 10 или повеќе часа доброволно
Ова го имавме пред некој период.
Имавме само обид за прогресивен данок од бившиот левичар Бранимир кој проба сите над 1000е да ги направи богати и даночи дополнително, Апасиев мислам имаше емисија пред некое време каде што рече дека од платите од труд немало да се даночат повеќе туку само големиот капитал, тајкуни и сл.

Приватните фирми ќе мораат од оваа новоформирана државна фирма да бидат обезбедени ? Да за тоа државните фирми да бидат обезбедувани од оваа новоформирана ама укинување и наложување на приватни фирми да плаќаат на државата обезбедување е рекет. Исто како и сега и во време кога СГС све обезбедуваше.
Идеата за државна приватна агенција е супер, а колку е остварлива во пракса не сум сигурен. Баш тука ќе имаат приватњаците избор дали да се обезбедуваат, а не како сега приватни агенции да ги присилуваат на некој начин - тогаш СГС на Мијалков сега Никоб на Сдсм - буквално исто си работат како паравојски на власта. Да не зборувам дека евентуална ваква државна агенција со способен човке би обезбедила подобри услови за вработените, а не минималец додека газдата милионер

За надворешната политика се согласувам, се надевам во наредната програма ќе ги тргнат тие работи оти непотребно се мешаат кај што не им е место. А и пак ќе кажам нема Левица уште на наредни избори да стане водечка партија па да може се одма да бутнат во владината програма, дел по дел по приоритети..
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
@Boro1918 @Ron Burgundy @JaqenH'ghar @Паланчански Имате нешто да додадете за ставовиве на сдс? Или пак можеби сега почнаа да ви се свиѓаат ставовите откако ги причитавте во програмата на Левица. Ајде сега да видиме колку сте лицемерни, дококлу ова беа ставови на Сдс немаше да ви се свиѓаат, каков ви а вашиот став за ставовиве сега?
Мојот став и понатаму останува ист, без разлика дали тоа се ставови на Левица или на СДС. Впрочем не се сеќавам дека воопшто сум коментирал некој нивни став. Само изнесов мислење дека Борат е тежок СДС бот кој глуми дека е левичар. Неговите постови не ми се допаѓаат, иритирачки се, ме оддалечуваат од Левица (не дека сум загреан за Левица), како што гледам истиот ефект го имаат и кај други членови. Ако тој беше симпатизер на Левица одамна ќе го сфатеше тоа и ќе го променеше стилот. Но не, тоа му е во работните задачи, да глуми лудило под превезот на голем симпатизер.
Борат многу подобро ја познава програмата на Левица за разлика од тебе. А се докажа и со десетте точки што ги имаше наведено, сите го плукавте дека е бот, а искочи дека тие се директно копирани од програмата на Левица.
Тоа што ја познава програмата на Левица не исклучува дека е бот. Јас некогаш добро ги познавав програмите на ВМРО, СДС, ДП, ЛП, но тоа не значи дека сум бил симпатизер на некоја од нив. Едноставно ме интересираше која партија што нуди (за на крај да научам дека сите лажат), па ги следев.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
1. Според ова законски ќе биде 6 часа, а сигурно нема никој да ти забрани ти ако сакаш да работиш 8, 10 или повеќе часа доброволно

2. Имавме само обид за прогресивен данок од бившиот левичар Бранимир кој проба сите над 1000е да ги направи богати и даночи дополнително, Апасиев мислам имаше емисија пред некое време каде што рече дека од платите од труд немало да се даночат повеќе туку само големиот капитал, тајкуни и сл.

3. Идеата за државна приватна агенција е супер, а колку е остварлива во пракса не сум сигурен. Баш тука ќе имаат приватњаците избор дали да се обезбедуваат, а не како сега приватни агенции да ги присилуваат на некој начин - тогаш СГС на Мијалков сега Никоб на Сдсм - буквално исто си работат како паравојски на власта. Да не зборувам дека евентуална ваква државна агенција со способен човке би обезбедила подобри услови за вработените, а не минималец додека газдата милионер

За надворешната политика се согласувам, се надевам во наредната програма ќе ги тргнат тие работи оти непотребно се мешаат кај што не им е место. А и пак ќе кажам нема Левица уште на наредни избори да стане водечка партија па да може се одма да бутнат во владината програма, дел по дел по приоритети..
1. Не ме сфати, газдата нема да му се допадне тоа да треба да плаќа прекувремено. Мене законски работното време ми е 6 часа и јас после тие 6 часа си одам. Странските фирми си планираат колку часови се потребни за нешто и си одредуваат период кога треба да биде готово базирано на претходни естимации. Кога ти ќе скратиш 40 часа по работник нивните планови се пролонгираат.
Странските фирми нема да го сакаат ова, а дека не се некој фактор заеби тие муабети.
Врз база на кое истражување е ова направено ? Знаеш дека сме едни од најнепродуктивните економии во Европа?

2.
• Воведување прогресивен персонален данок на личен доход (плата, хонорар и сл.), наместо сегашниот рамен данок – со цел богатите да плаќаат повеќе од сиромашните: - до 14.500 денари личен доход, персоналниот данок не се плаќа; - од 14.500 денари до 60.000 денари, персоналниот данок изнесува 10%; - од 60.000 денари до 120.000 денари, персоналниот данок изнесува 15%; - од 120.000 денари до 300.000 денари, персоналниот данок изнесува 30%; - над 300.000 денари, персоналниот данок изнесува 40%.
Програмата друго вели.

3. За државните фирми е остварлива. Но друго беше поентата. Еве се укинатат приватните агенции пошто така пишува во програмта, кој ќе ги обезбедува приватните имоти , приватните фирми ? Затоа пишав дека нема разлика од вакво нешто и она со СГС на Мијалков и сега со Никоб.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Кој комунизам што зборувате бе. За да дојде Апасиев до ниво за да воведува комунизам ќе треба апсолутна власт да освои. Тоа прашање е дали ќе дојдат на власт во догледно време. Комунизам ќе воведувал.:vozbud: Тоа може влажни сонови на Апасиев да му останат или по штабови левичарите да дркаат на тоа и ништо повеќе. Сите што ги гласаат, ги гласаат ради други причини, што сите добро ги знаеме. И најбитно е што секој еден, апсолутно секој еден гласач на Левица, гласа по свое убедување и без никаков притисок. Ако почне Апасиев да шалта со левичарски бљувотини веднаш ќе го снема од политичката мапа.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.790
Поени од реакции
3.861
А каков беше Крмов кога фрлаше со боја по државен имот? Заспан? Или освестен? Знаеше ли тогаш што му се провлекува?:masa:
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028

Kajgana Shop

На врв Bottom